Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
Ја тепаме Русија во битката за бронзата и им се одмаздуваме и го заокружуваме хитот на првенстовто наречен Македонија, Франција ја тепа Шпанија во финале и така завршува оваа среќна приказна ..

Не...ќе ги победиме Русите и Шпанците лесно ќе поминат со Франција и ќе добиеме полу-среќна приказна:D

Мислам нема потреба дотолку да ги хејтаме Шпанците бидејќи не победија фер и коректно..и реално се најдобра екипа во Шпанија па нема што тука да жалиме за денешниот пораз..не е страмота да изгубиме од Шпанија,тоа ви е исто како да изгубиш од Реал Мадрид во фудбал бидејќи САД во кошарка е како Барселона во фудбал:D
 
Изненадија триколорите, не очекував дека ќе победат зошто против една Грција на пример играа катастрофално иако ги победија.Што се однесува до Русија, ќе играме со нив ама овојпат и они ќе бидат претпазливи и ќе знаат што и како да прават, веќе имаа искуство со нас и нема да дозволат така лесно да бидат победени.Тежок натпревар ќе биде.

Против грција се навлекоа на деструктивната игра на противникот (каква што практикува и македонија и поголем дел екипи, нешто како катанец во фудбалот и мечевите се полоши од оние во женска конкуренција со по 110-120 коша вкупно и 10-15 шута во празно на метар од обрач) а победата ни тогаш ни сега во ниеден момент не им беше во прашање, изненадување би била победа на русија што за среќа не се случи.
 
daj boze da sudi lamonica so rusija...sreka ni e.. a baska mu se plasi na Igorce i si tepame
 
Со натпреварот против Русија нашите кошаркари и го завршуваат ова Европско првенство, ние против Русија играме за бронзениот медал односно третото одлично место на првенствово. Само за потсетување (ако случајно има некој што не знае) Македонија и Русија се најдоа во борба за 3-тото место откако Македонија во полуфиналето изгуби од Шпанија со резултат 92-80 а Русија доживеа пораз во полуфиналето од Франција 71-79 ..

Што мислите дали ќе им вратиме на Русите за поразот во втората групна фаза со која ни го земаа првото место во групата пред нос и се спасија со тројка во последните секунди ?? Ќе успејат ли нашите кошаркари да се вратат во Македонија со (бронзен) медал ?

Според мене ќе биде екстермно тешко но ќе победиме, инаку не е лошо владава да ги мотивира дополнително со некоја голема награда за медал.

Свесен ли си дека ако не победиме ќе бидеш линчуван? :pos:
И уште нешто...ме интересира кое ДА е поглавно? :D
 
Против грција се навлекоа на деструктивната игра на противникот (каква што практикува и македонија и поголем дел екипи, нешто како катанец во фудбалот и мечевите се полоши од оние во женска конкуренција со по 110-120 коша вкупно и 10-15 шута во празно на метар од обрач) а победата ни тогаш ни сега во ниеден момент не им беше во прашање, изненадување би била победа на русија што за среќа не се случи.

А зошто јадете бурек од инает.........Точно е дека Македонците одсекогаш играле деструктивна игра, но овојпат бидете пореални ова првенство на полето на кошарката навистина добро одигравме.Па да му се сневиди против Шпанија имавме 80 поена, играчи од Фени Индустри успеаа да намачат репрезентација каде цел нивен активен состав е дел од НБА лигата, со исклучок на Наваро.
Зошто така зборите дај малку пореални бидете, друго и да изгубиме сега пак против Русија, пак ова е досега најголем успех што го има постигнато кошаркарската репрезентација.Досега никој не успеал да дотурка толку далеку.Четврти во Европа, зад нас Србија, Грција, Хрватска, Словенија, Литванија, Германија, Турција и.т.н.
И да знаеш дека со Катанец досега фудбалската репрезентација најмногу успеси постигнала ама ајде не е сега темата за фудбал.....
 
Против грција се навлекоа на деструктивната игра на противникот (каква што практикува и македонија и поголем дел екипи, нешто како катанец во фудбалот и мечевите се полоши од оние во женска конкуренција со по 110-120 коша вкупно и 10-15 шута во празно на метар од обрач) а победата ни тогаш ни сега во ниеден момент не им беше во прашање, изненадување би била победа на русија што за среќа не се случи.
Абе седи мирен, доста со хејтање на Русија и Србија... и едните и другите се подобри од една мизерна, среќна Франција. Единствено Шпанија се најдобри, против нив никој нема шанси.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom