Мислам дека ќе се лизнеш, Сусаро. те молам внимавај.
1. Поради вакви концептуални пропусти дискусиите зафаќаат несакани правци. Имаш проблем со сфаќање на терминот Теорија. Едно е коа ти ќе кажеш јас имам една теорија за македонциве, а
сосем друго нешто е НАУЧНА ТЕОРИЈА. Имаш концептуален проблем. Не е мала заебанција. Теорија е и гравитацијата. Дали ќе се осмелиш да кажеш дека е тоа
само теорија? Ми се повраќа од креационистичкиот аргумент ТЕ е
само теорија. Срамота е паметен, начитан човек да не прави разлика помеѓу шпекулација (си имам јас една теорија) и
научно поставена, проверена и потврдена теорија. Теоријата на еволуција е
одамна научно потврдена теорија.
2. Курчење е карактерна црта. Нема врска со верувања или убедувања. Нема што да го поврзуваш курчењето со атеизмот, па уште и да проектираш генрално кон целата атеистичка популација. Се курчат и верници, се курчи и Дмт. Па што?! Лично, мене не ми смета кога некој мој
неистомисленик аргументирано ќе ме распердаши околу некој мој пост. Доколку курчењето е квалитетно и на место, јас можам само да се поклонам. Од друга страна, лажната скромност и лажната наклонетост, милост или срдечност која неретко се чита меѓу редовите на некои вернички постови за мене е врв на хипокризијата.
И уште нешто. Кој на светов има право да очекува да
не биде навреден од ставовите и мислењата на другиот?!? Ја мислам дека никој. Мене
ме вреѓа кога некој тврди дека жена ми е
виновна за злото во светот пошто е жена, ме вреѓа кога некој претпоставува дека сум се родил со грев, ми иде накурац кога некој ми вика дека сум празна лушпа без цел. Што да правам јас? Да плачам и да кукам како е конкретниот верни wош и пакосен?
Околу изговорите на крајот од постот.
Секако дека секој има избор да биде толерантен или не. Јас мојата толеранција ја базирам на
рационално резонирање. За мене, секој рационално аргументиран пост е основа за почит. Од друга страна,
ирационалните аргументи понудени во рационална дискусија за мене се, најпрвин, аларм за корекција (контрааргумент) но кога соговорникот продолжува да дискутира
ирационално, мислејќи (или правејќи се) дека е рационален во постот, јас не можам а да не го исмеам тоа. Call me vile. Јеби, га, ова е форум каде луѓето дискутираат според своите лични убедувања и капацитети. Никаде на форумов не пишува „Ова е царство на неповредените - место каде цветаат љубовта и толеранцијата.“