Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

S

Sheldon Cooper

Гостин
ова само за студенти е?
незнам, не ја ни отворив страницата .. ја имам на планерот што ми го дадоа ама по тоа што го пишува внатре сфатив кон што целат дотичните
--- надополнето: Sep 15, 2011 4:25 PM ---
Не знаев дека според новите истражувања на научниците само христијаните имаат Бог. o_O

Мене на темава не ми е јасно зошто вербата по автоматизам ја вклопувате во религија и институционализација.Како на поединецот да му се дадени само две опции, да верува во Бог и со тоа во Црквата или да биде атеист.Трагично што ограничувањето доаѓа од оние кои што наводно треба да бидат слободумни и неограничени.
во случајов ги спомнав христијаните бидејќи реално христијаните се најбројни на форумов а тоа дека јас имам верба во натприродна сила и во нешто вишо не е спорно... имаш 3 опции, да веруваш во Бог-црквата (христијанска, муслиманска), да веруваш во Креатор (нешто, некој што е над сѐ иако не знаеш ништо за него) и да не веруваш во ништо и да си нихилиста
 
С

Сатори

Гостин
во случајов ги спомнав христијаните бидејќи реално христијаните се најбројни на форумов а тоа дека јас имам верба во натприродна сила и во нешто вишо не е спорно...
Тогаш што е спорно?
Затоа што секоја личност која што има базична интелегенција знае дека Црквата е манипулаторски настроена машина за перење на пари, да се биде верник (слободна дефиниција) не значи да се биде глуп.А главниот контра аргумент на секој просечен атеист е токму тој, дека ако веруваш во бајките од Библијата мора да си морон, па побогу, постои нешто наречено метафора и персонификација и хиперболизација ... науката не е против вербата, туку против религијата.
Ама таа теорија навистина не сакам да ја разглабам ...
 
спорно е што сите кои не веруваат во Исус т.е во „Господ“ по автоматизам ги прават атеисти, значи христијаните се тие што не дозволуваат трета опција..дали од неинформираност или нешто друго можеби е во прашање..
 
Н

нихилист

Гостин
Тогаш што е спорно?
Затоа што секоја личност која што има базична интелегенција знае дека Црквата е манипулаторски настроена машина за перење на пари, да се биде верник (слободна дефиниција) не значи да се биде глуп.А главниот контра аргумент на секој просечен атеист е токму тој, дека ако веруваш во бајките од Библијата мора да си морон, па побогу, постои нешто наречено метафора и персонификација и хиперболизација ... науката не е против вербата, туку против религијата.
Ама таа теорија навистина не сакам да ја разглабам ...
Од друга страна, "системот" на одлучување што е метафора во Библијата а што не е отсекогаш ми бил смешен. Зошто секоја деноминација или секој верник сам арбитрарно си одлучува што е што т.е оди како му одговара и затоа постојат премногу варијации во толкувањата на таа книга. Тоа што е дебилно, како приказната за Ное мора да е метафора, тоа што не е до толку - не е метафора.

Ова ме потсети на онаа емисијата Еднооки. Сите сличности се случајни, освен оние што не се...
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
не сме ние атеистите опседнати со Бог и религијата туку христијаните се опседнати со Бог и религијата како тие секташите од www.sekojstudent.com !!! перење мозок народе!
Ако кој ги ебе, битно си земавме пенкалце и тетратка.
Само како на косо ме погледна тој кога заокружив атеист.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Ако кој ги ебе, битно си земавме пенкалце и тетратка.
Само како на косо ме погледна тој кога заокружив атеист.
хахаха, мене не ме виде во тој момент ама после додека другарот заокружуваше овој го ѕирна ливчето и ме погледна малку чудно :) shocked
 
G

galaxy

Гостин
А и кај нас на факултет делеа тетратки, дури успеаа да го убедат деканот да не ги избрка од пред факултет и и него му дадоа планер. Ама даваа само на бруцоши. Ако знаев која им е целта ќе поразговарав :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Па нормално само на бруцоши! Колку повисоко е некој во образовниот систем, понедостижна цел е за нив.
Иако незнам дали и предсколшката возраст не е превисок образовен степен, за да веруваш во тревопасни лавови, арка која ги собрала паровите од сите животни денес, растенија постари од сонцето и слични прикаски за мали деца.
 
G

galaxy

Гостин
Значи со какви лоши аргументи сакаат да допрат до студентите. Земјата била совршена за живот бла, бла, бла, па ако не беше таква немаше да има живот.
Кои се тие? Кој ги финансира?

едит: Нова надеж. Тие се истите кои го финансираат Чорбаџија?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Абе зашто не викате, бе!?

...сеа 15 страни треба да читам. Is it any good?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
во случајов ги спомнав христијаните бидејќи реално христијаните се најбројни на форумов а тоа дека јас имам верба во натприродна сила и во нешто вишо не е спорно... имаш 3 опции, да веруваш во Бог-црквата (христијанска, муслиманска), да веруваш во Креатор (нешто, некој што е над сѐ иако не знаеш ништо за него) и да не веруваш во ништо и да си нихилиста
Има и четврта опција. Се вика пантеизам.
Опција според која креаторот и креацијата се интегрирани еден во друг. Светоглед според кој се е едно големо....."ЕДНО" кое се доживува себеси на тој начин што создава концепти на одвоеност, субјективност.....индивидуалност.
Според пантеизмот, креацијата и креаторот не се одвоени еден од друг, туку се дел еден од друг.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Има и петта опција, се вика апатеизам, а богами и шеста и .........и десетта
 
Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
а зошто професорите се толку опседнати со предметите што ги предаваат, исто гомно бе пеер, да му ги отворат очите на другите, да не се во заблуда
 
Kajgana Shop

На врв Bottom