Колку што успеав да погледам малку...ептен слаба утакмица од нашиве. Она петлето се послабо и послабо игра....красен Кедира

Марселово прави глупи и непромислени потези. Среќа игравме со копуци па успеавме да ги добиеме...да игравме против поквалитетен тим ќе не снајдеше лошо.
Да беше на местото Динамо,Лион ќе го изедевте сигурно.Али мора да им се признае и на играчите на Динамо дека многу од нив се надминаа себеси.Иаку играа во формација која ја играа само еднаш оваа година(заедно со припремни утакмици),играа со пола одбрана суспендирана и пола играчи надвор од своите позиции,со 17 годишник во први 11 ради повреди итн,се бореа и изиграа мушки.Истрчаа 8 лимометри повеќе од Реал.Го натераа Роналдо да плаче,Касиљас да му побара дрес на Келава,а Рамос во изјава да го пофали истиот играч,го натераа Мурињо во ложата да не спушти мобилниот и освен првиотр пола саат нервозно да ја гледа цела утакмица.Во одбрана беа дисциплинирани,углавном добро ги затвараа играчите на Реал,во напад беа добри освен завршниот пас кој им фалеше.Тука стоперите на Реал беа одлични скоро се затворија што идеше накај нив.Башка Самир им направи услуга што пробуваше против Пепе,Алонсо,Рамос и компанија да продава дриблинзи кои и во хрватска лига тешко ќе му пројдат.
Углавном,честито на заслужена победа.Подобри сте,Реал е класа екипа,но беше вчера и далеку од убедлив.Далеку беше и од газење како што сите очекуваа.Како навивач на Динамо задоволен сум со тоа како се бореа против најјаката екипа на светот,но пак останува жал затоа што можеби можеа на крај и да извадат 1 бод.