S
smexy
Гостин
Несмасно е твоето тврдење дека јас потенцирам дека сите атеисти се научници.Изедначувањето на атеисти со научници по квантна физика ти е слатко, ама несмасно. Атиестите се луѓе, ти си атеист, а ти не вршиш секојдневно експерименти, идеш у школо и бубаш. Заокружуваш квадратичња за да задоволиш некој буцко да ти стаи поголема оценка, ништо научнички нема тука. Али тоа на страна...
Муабетов ти е како да седиме у биртија у 1765 година и тивко дебатираме на тема христијанство пошто некој може да не чуе и да не обеси. Какви пропусти пробуваат да најдат теистите? Не знам дали си приметил, ама повеќе верниците не се оние коишто тероризираат, атеистите се. Верниците си веруваат и викаат „Leave Britney alone“, а атеистите на тоа викаат не малтретиравте со илјадници години, сега ќе видите вие, одмазда за пра пра пра пра пра пра пра пра пра пра пра пра пра баба ми што ја спалија на клада како вештерка.
Шпанската инквизиција и моќта на Рим којашто ти заедно со другите атеисти што ќе се сложат со тебе ја поиствоетувате со религија е глупост, секогаш била, секогаш ќе биде. Ама тоа е единствената работа за којашто еден атеист може да се фати и да ги малтретира верниците, то ест да гради его врз нив. Тие мораат да се бранат, атеистите напаѓаат, како однапред смислени шаховски потези.
Некогашната моќ на црквата е иста како некогашната моќ на „партијата“ (комунистичката). Не си со владеачката партија, не си ништо, можеш дури и да загинеш. Педесет години подоцна, „патриотите“ ни ги отекуваат мудата со тоа како Комунизмот е срање идеологија, изедначувајќи го личниот интерес на тројца мочковци со идеологија. Го разбирам тоа, треба само да си прост за да го направиш тоа.
Моменталната владеачка гарнитура заради своите десничарски сфаќања е изедначена со Македонија. Оние коишто не се од таа партија, автоматски патриотизмот и македонштината го изедначуваат со портокаловство, од едноставна причина, што се прости, толку е капацитетот.
По истиот систем, атеистите, прости како што се, го изедначуваат теророт на црквата со религија. Џихадот со вербата во Алах. Ама па затоа и верниците како контранапад по истиот прост систем, ги изедначуваат атеистите со наркомани, алкохоличари и расипници, то ест за луѓе коишто немаат морал и принципи, мислејќи дека ако не си верник немаш ниту почитување кон околината.
„Религиите“, то ест организациите продаваат онаму каде што имаат пазар. Ама за тоа не можеш да ги обвиниш тезгарите, можеш да ја обвиниш човечката нарав, да прифати сè кога и е тешко. Лесен за голтање пример а не поврзан со религија, туку со „атеизам“, поточно со наука, placebo лековите, коишто се даваат на луѓе во агонија и речиси сигурна смрт, убедувајќи ги дека е тоа последен крик на медицината. Луѓето често оздравуваат од обични аспирини. Не можеш да ја обвиниш медицината дека лаже, ниту докторот дека го сјебал пациентот, можеш да го „обвиниш“ болниот што не се сомневал во тоа што му даваат да пие. Ама кога човек има зорт, подава рака кон сè. Апчиња - апчиња, молитва - молитва.
Научници, атеисти или не, работат на откривање на нови аргументи во научниот свет но и метафизиката, и патем сузбиваат теистички глупештини.
Јас со моиве 20 години не сум ни приближно доволно способен да вршам некој научен труд.
Камоли па со мојава финансиска состојба да опремам лабораторија.
Прочитај малку низ форумов и види како креационистите се up to date со сите настани во областа на физиката/биологијата/наведи_нешто_друго и види дали тие така фактите кои ги сузбиваат нивните тврдења ги прифаќаат или на рѓав к*р и влакната му сметаат?
Кај спомнав инквизиција, не знам, не памтам ама ајде нека биде тоа...само потенцирав дека нема да дозволиме да надвладее религијата.
Дека атеистите напаѓаат само таму, изгледа дека не го читаш подфорумов и немаш прочитано ниедно од прашањата кои сум ги поставил, и сигурно, според ова не си свесен дека ниедно не ми е одговорено.
Не изедначувај атеист кој прочитал тон списи и книги и квази атеист кој изглеал 2ипол зејтгејст(или како и да е).
Како е ангелското име на Луцифер?
Зошто е Исус токму така крстен?
Како библијата ја објаснува Сумерската Цивилизација?
Грешиш ептен кога споредуваш атеизам со placebo ефект.
Ти реков, научните умови не спијат под догми, ниедна недокажана теорија нема да ја искористат како цврст аргумент и на ниедна недокажана теорија нема да градат став туку други теории.
Науката ги признава и прифаќа своите грешки оти знае дека никогаш нема да биде апсолутна.
Религијата ја нема таа привилегија оти ако смени една од своите фундаменталии ќе се сруши сиот систем на верување кој го продавала дотогаш.