Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

S

smexy

Гостин
Изедначувањето на атеисти со научници по квантна физика ти е слатко, ама несмасно. Атиестите се луѓе, ти си атеист, а ти не вршиш секојдневно експерименти, идеш у школо и бубаш. Заокружуваш квадратичња за да задоволиш некој буцко да ти стаи поголема оценка, ништо научнички нема тука. Али тоа на страна...

Муабетов ти е како да седиме у биртија у 1765 година и тивко дебатираме на тема христијанство пошто некој може да не чуе и да не обеси. Какви пропусти пробуваат да најдат теистите? Не знам дали си приметил, ама повеќе верниците не се оние коишто тероризираат, атеистите се. Верниците си веруваат и викаат „Leave Britney alone“, а атеистите на тоа викаат не малтретиравте со илјадници години, сега ќе видите вие, одмазда за пра пра пра пра пра пра пра пра пра пра пра пра пра баба ми што ја спалија на клада како вештерка.

Шпанската инквизиција и моќта на Рим којашто ти заедно со другите атеисти што ќе се сложат со тебе ја поиствоетувате со религија е глупост, секогаш била, секогаш ќе биде. Ама тоа е единствената работа за којашто еден атеист може да се фати и да ги малтретира верниците, то ест да гради его врз нив. Тие мораат да се бранат, атеистите напаѓаат, како однапред смислени шаховски потези.
Некогашната моќ на црквата е иста како некогашната моќ на „партијата“ (комунистичката). Не си со владеачката партија, не си ништо, можеш дури и да загинеш. Педесет години подоцна, „патриотите“ ни ги отекуваат мудата со тоа како Комунизмот е срање идеологија, изедначувајќи го личниот интерес на тројца мочковци со идеологија. Го разбирам тоа, треба само да си прост за да го направиш тоа.

Моменталната владеачка гарнитура заради своите десничарски сфаќања е изедначена со Македонија. Оние коишто не се од таа партија, автоматски патриотизмот и македонштината го изедначуваат со портокаловство, од едноставна причина, што се прости, толку е капацитетот.
По истиот систем, атеистите, прости како што се, го изедначуваат теророт на црквата со религија. Џихадот со вербата во Алах. Ама па затоа и верниците како контранапад по истиот прост систем, ги изедначуваат атеистите со наркомани, алкохоличари и расипници, то ест за луѓе коишто немаат морал и принципи, мислејќи дека ако не си верник немаш ниту почитување кон околината.

„Религиите“, то ест организациите продаваат онаму каде што имаат пазар. Ама за тоа не можеш да ги обвиниш тезгарите, можеш да ја обвиниш човечката нарав, да прифати сè кога и е тешко. Лесен за голтање пример а не поврзан со религија, туку со „атеизам“, поточно со наука, placebo лековите, коишто се даваат на луѓе во агонија и речиси сигурна смрт, убедувајќи ги дека е тоа последен крик на медицината. Луѓето често оздравуваат од обични аспирини. Не можеш да ја обвиниш медицината дека лаже, ниту докторот дека го сјебал пациентот, можеш да го „обвиниш“ болниот што не се сомневал во тоа што му даваат да пие. Ама кога човек има зорт, подава рака кон сè. Апчиња - апчиња, молитва - молитва.
Несмасно е твоето тврдење дека јас потенцирам дека сите атеисти се научници.
Научници, атеисти или не, работат на откривање на нови аргументи во научниот свет но и метафизиката, и патем сузбиваат теистички глупештини.
Јас со моиве 20 години не сум ни приближно доволно способен да вршам некој научен труд.
Камоли па со мојава финансиска состојба да опремам лабораторија.

Прочитај малку низ форумов и види како креационистите се up to date со сите настани во областа на физиката/биологијата/наведи_нешто_друго и види дали тие така фактите кои ги сузбиваат нивните тврдења ги прифаќаат или на рѓав к*р и влакната му сметаат?

Кај спомнав инквизиција, не знам, не памтам ама ајде нека биде тоа...само потенцирав дека нема да дозволиме да надвладее религијата.
Дека атеистите напаѓаат само таму, изгледа дека не го читаш подфорумов и немаш прочитано ниедно од прашањата кои сум ги поставил, и сигурно, според ова не си свесен дека ниедно не ми е одговорено.

Не изедначувај атеист кој прочитал тон списи и книги и квази атеист кој изглеал 2ипол зејтгејст(или како и да е).
Како е ангелското име на Луцифер?
Зошто е Исус токму така крстен?
Како библијата ја објаснува Сумерската Цивилизација?

Грешиш ептен кога споредуваш атеизам со placebo ефект.
Ти реков, научните умови не спијат под догми, ниедна недокажана теорија нема да ја искористат како цврст аргумент и на ниедна недокажана теорија нема да градат став туку други теории.
Науката ги признава и прифаќа своите грешки оти знае дека никогаш нема да биде апсолутна.

Религијата ја нема таа привилегија оти ако смени една од своите фундаменталии ќе се сруши сиот систем на верување кој го продавала дотогаш.
 
O

Oppenheimer

Гостин
Многу одамна христијанската црква палела се што е против неа и никој не смеел да и зуцне! Искрено атеистите дојдоа до израз последниве 2 века токму заради тоа угнетување на црквата. И соочени со фактот дека најголемиот дел од луѓето се верници кои веруваат во ирационална ствар, почнаа да критикуваат. И така атеизмот последниов век збира огромен замав со што и ги надминаа верниците, па денес комотно може да се каже дека ние атеистите владееме барем со интернетот, не за џабе почнаа да викаат internet is the place where religions come to die. Јас пошто многу почесто сум на јутуб отколку на фб или кајгана (помалку од 10 поста) знам како е. Премногу атеистички видеа кои серат по религијата и ја критикуваат и секаде религиски расправии. Шансите верник да постира нешто за господ и неговата вера а притоа да не биде нападнат од некој атеист (барем на јутуб) се премали, ова сам го знам зошто неколку пати имам читано религиозни расправии по рандом видеа неповрзани со атеизмот или религијата.

Е арно ама, зошто плукањето по религија стана премногу мејнстрим, сега гледам се почесто се појавуваат ликови атеисти кои серат врз атеистите кои серат врз религијата. Не само на форумот, туку и на други форуми кои одвреме навреме ги посетувам а и мојот омилен јутуб. Ова ме потсети на (пак јас со јутуб) видеата со содржина од бивша Југа како песни, филмчиња, документарци каде коментарите се преполни со расправии околу национализам помеѓу Срби, Босанци и Хрвати. Како top comments со најмногу лајкови стојат нормално коментарите кои повикуваат на мир "Па сви смо људи!" или "Босанац/Србин/Хрват сам али јебем ти националисте па сви смо исти"... Но, почнаа на топ коментс и се почесто да се појавуваат луѓе кои истовремено серат и врз пацифистите и врз националистите.

Ист е случајот со атеистите кои серат врз атеистите кои серат врз религијата. Се плашам дека кога и ова ќе стане мејнстрим се почесто ќе почнат да се појавуваат луѓе кои серат врз атеистите кои серат врз атеисти кои серат врз религијата, и така до бескрај. Јас очигледно сум дел од првиот бран на такви индивидуи....

Call it Shitception, or Hipception.

Хипстеризмот и желбата да се биде уникатен која е присутна кај сите нас, знае да биде лоша работа понекогаш.
what the fuck did i just say...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ти реков, научните умови не спијат под догми, ниедна недокажана теорија нема да ја искористат како цврст аргумент и на ниедна недокажана теорија нема да градат став туку други теории.
Науката ги признава и прифаќа своите грешки оти знае дека никогаш нема да биде апсолутна.
Кон болтуваното:
ова неверојатно ме потсетува на еден став од мојот омилен богослов, блажениот Серафим (Роуз), кој токму тоа и го вели: кога не една теорија ќе и „зафали„ материјал за објаснување, тој недостаток се „пополнува„ со друга „теорија„....:pos:
 
S

smexy

Гостин
Кон болтуваното:
ова неверојатно ме потсетува на еден став од мојот омилен богослов, блажениот Серафим (Роуз), кој токму тоа и го вели: кога не една теорија ќе и „зафали„ материјал за објаснување, тој недостаток се „пополнува„ со друга „теорија„....
Секое научно испитување започнува со теорија Мики, не со цврсти ставови.
Убаво си реков јас дека вадите 2 реченици од 200 и си одговарате нешто сасвим шесто.
Ама реков и дека науката јури напред, не е постојана и апсолутна и затоа на твојот омилен поп му изгледа така тоа.

Сепак, дури и твоето свештенство врши некои видови научни експерименти...барем во областа на хедонизмот :icon_lol:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Секое научно испитување започнува со теорија Мики, не со цврсти ставови.
Јес вала!
А теоријата, покасно, ќе ги одреди ставовите, така? А ставовите, ќе бидат одредени од теоријата, така? И сега, кој на кого му претходи: емпиријата (искуствата) на теоријата или теоријата (прикаските) ги одредуваат „цврстите„ ставови (да не речам:фактите), не?
--- надополнето: Sep 14, 2011 11:13 AM ---
Сепак, дури и твоето свештенство врши некои видови научни експерименти...барем во областа на хедонизмот :icon_lol:
Посочи нешто поконкретно: кои се тија експерименти од областа на хедонизмот? И од кога свештениците станаа научници?
 
S

smexy

Гостин
Јес вала!
А теоријата, покасно, ќе ги одреди ставовите, така? А ставовите, ќе бидат одредени од теоријата, така? И сега, кој на кого му претходи: емпиријата (искуствата) на теоријата или теоријата (прикаските) ги одредуваат „цврстите„ ставови (да не речам:фактите), не?
--- надополнето: Sep 14, 2011 11:13 AM ---

Посочи нешто поконкретно: кои се тија експерименти од областа на хедонизмот? И од кога свештениците станаа научници?
Доказите добиени од експериментите ќе го одредат ставот Мики.

А за хедонизмот...
Експериментираат колку килограми златни крстови може човека да издржи на себе или колку џипови може да си дозволи...
Барем се поштува што на себе ги вршат експериментите нели ;)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Доказите добиени од експериментите ќе го одредат ставот Мики.
Ах, да, заборавив....А доказите секогаш се субјективен впечаток по објективно изведениот опит, нели? :cool:
--- надополнето: Sep 14, 2011 1:52 PM ---
А за хедонизмот...
Експериментираат колку килограми златни крстови може човека да издржи на себе или колку џипови може да си дозволи...
Барем се поштува што на себе ги вршат експериментите нели ;)
Хм, да. Веќе имам намера да почнам да составувам споредбена листа од протестантските и атеистичките ставови, упатени кон Црквата. За сега, јасно е дека и двете категории од личови, имаат ИСТИ ставови кон Црквата, што Ве чини слични едни на други, а воедно и различни од Црквата. :)
 
S

smexy

Гостин
Ах, да, заборавив....А доказите секогаш се субјективен впечаток по објективно изведениот опит, нели? :cool:
--- надополнето: Sep 14, 2011 1:52 PM ---

Хм, да. Веќе имам намера да почнам да составувам споредбена листа од протестантските и атеистичките ставови, упатени кон Црквата. За сега, јасно е дека и двете категории од личови, имаат ИСТИ ставови кон Црквата, што Ве чини слични едни на други, а воедно и различни од Црквата. :)
А експериментите се вршат...со стереотипи и предрасуди?
Демек, и компјутерите го воочуваат она што...самите сакаат?
:vozbud:

А кои се контрааргументите на црквата против овие ставови?
Иако и Лутеријанциве си ја имаат мувата на капата...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Едно е факт и Атеистите и Верниците веруваат во нешто инаку ако не би било така ние сега не би биле родени .Во кодот на човекот е да верува во нешто за да може да се пронајде себеси ........................

Значи и Научниците веруваат иако бараат логика за своите истражувања па тогаш зошто атеистите да не веруваат дека има нешто вредно во животот на човекот ,

самоуништување е инаку нивната теза дека животот ни е онака безвреден.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Едно е факт и Атеистите и Верниците веруваат во нешто инаку ако не би било така ние сега не би биле родени .Во кодот на човекот е да верува во нешто за да може да се пронајде себеси ........................

Значи и Научниците веруваат иако бараат логика за своите истражувања па тогаш зошто атеистите да не веруваат дека има нешто вредно во животот на човекот ,

самоуништување е инаку нивната теза дека животот ни е онака безвреден.
Ваков пост само муслиман може да напише, малку ме збуни со имево, но не мора да е точно нели? Сепак сте верници и вие муслиманите и мора да се поддржувате и со Адвентисти и со Православни.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
не сме ние атеистите опседнати со Бог и религијата туку христијаните се опседнати со Бог и религијата како тие секташите од www.sekojstudent.com !!! перење мозок народе!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241
не сме ние атеистите опседнати со Бог и религијата туку христијаните се опседнати со Бог и религијата како тие секташите од www.sekojstudent.com !!! перење мозок народе!
ова само за студенти е?
 
С

Сатори

Гостин
не сме ние атеистите опседнати со Бог и религијата туку христијаните се опседнати со Бог и религијата како тие секташите од www.sekojstudent.com !!! перење мозок народе!
Не знаев дека според новите истражувања на научниците само христијаните имаат Бог. o_O

Мене на темава не ми е јасно зошто вербата по автоматизам ја вклопувате во религија и институционализација.Како на поединецот да му се дадени само две опции, да верува во Бог и со тоа во Црквата или да биде атеист.Трагично што ограничувањето доаѓа од оние кои што наводно треба да бидат слободумни и неограничени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom