Вчера бев во Ван Гог на свирка на Деј Оф. За понеделник вечер топ атмосфера, се збираат луѓе, асални, градски деца малце постари додуша, ама нема ни сељаци ни уште поголеми сељаци т.е. атеобудисти и несфатени. Деј Оф имаат анплагд свирка со песни која од која па е интересно да се присуствува на Never talking to you и Заумна сила од Архангел, You do something to me од Paul Weller, ЕКВ итн и секако песни кои ме вратија во едно време кога бев луд, млад и заљубен, возејќи кон Велес во 1 саат сабајле како будала, чисто онака оти на малата и текнало да се глупира, а ни јас не сум поарен.