Абе, светот го вртат пари, а секоја пара има две страни...
Абе убаво велиш, мерење e peens and all, ама тоа затоа што вака форумски можеме да го посведочиме како некој кој има ставови кои ги изградил на база на 2 документарци и 15 цитати од Ниче.
Но
тоа не значи дека не постојат атеисти кои знаат што зборат, и дека поради некоја чудна причина треба да седат мирни додека креационисти бљуваат повеќе рандом глупости од сите Монти Пајтон заедно.
На youtube alone постојат еден куп едуцирани луѓе кои побиваат креационисти кои со сиот памет се појавуваат на science конвенции и своите непроверени догми ги претставуваат како научни ставки.
Thunderfoot,Amazing Atheist итн
Ако старите атињани биле атеисти, дали значи дека всушност религиите се знак на дееволуција?
Секако дека има атеисти коишто знаат што зборуваат, едни од нив беа ТОКМУ Монти Пајтон, u arrogant little man, ама, исто така има и верници коишто знаат што зборуваат, како Фредерик Коплстон којшто својата дебата со Бертранд Расел, еден од најмоќните и најпаметните атеисти ја претвори во култно дело. Расел, еден од најголемите умови на 20тиот век ја заврши дебатата со реми против Коплстон, бидејќи тоа е тема токму таква, нерешлива, бидејќи таа партија никој не може да ја добие ако размислува разумно. Како што никој не може да добие реално дебата за тоа дали треба да се дозволи абортус или да се врши еутаназија, тоа се работи каде што човек зазема став и никој не може да му каже дека не е исправен, зашто не постои исправен став, поделено е светското мислење.
И старите атињани не биле атеисти, некои од филозофите биле, а дели религиите се знак на дееволуција, ако воопшто постои збор дееволуција, не знам, можеме да дебатираме на некоја друга тема.
Ставрогин напиша:
Сето тоа е во ред, и јас мислам дека атеистите треба малку да ги олабават религиозниве на форумов. Но, кога ќе прочиташ прашање од типот зошто луѓето не се размножуваат со проста делба на личноста, и тоа прашање како предтекст за заклучок дека сите атеисти се хомосексуалци, малку е тешко човек да го задржи Олимпискиот мир...
Во суштина, многу е едноставно. Религијата е работа на вера, нема многу врска со разумско резонирање. Се додека се движи во таа област, прилично е имуна на нападите на атеистите. Ако некој каже, верувам затоа што е бесмислено, атеистот нема позиција за напад. Арно ама, религиозните на форумов мислат дека остатокот на форумџиите се неписмени, па почнуваат да зборуваат за разумноста на христијанството, за тоа дека Бог прво ја направил светлината па потоа сонцето, за генијалната логика на семоќен и добар Бог во свет кој е потонат во зло, за премудрата логика на Света Тројца, каде не се знае кој пие кој плаќа, and the list goes on...
И сето тоа гарнирано со генијални ставови дека атеизмот е нововековна измислица на Дарвинизмот и Марксизмот...
Ајде после не се заебавај??
Те сфаќам, вториот пасус ти е комплет на место, ама сепак... првиот пасус, исто толку е тешко да се возрджиш да му шлапнеш една на некој копиљ од 15 години што ќе дојде да мафта со едниот цитат на Ниче што би рекол Смекси, како он сфатил дека Господ не постои. Па мислам, колку треба да бидеш амеба за да не сфатиш дека не постои дедото со брадата некаде на небото.
Ама, како што сам рече, религијата е работа на вера и не ја гледам причината зошто некој којшто себе си се нарекува и чувствува како атеист, треба да дојде да му објаснува на еден верник дека тоа во коешто верува се глупости. Не не се глупости, од едноставна причина што тој е среќен со своето.
По истиот принцип, верниците треба да им се насукаат на оние волови од научници коишто веруваат во антиматерија или во wormholes (како и да е преводот) нешта коишто не се докажани туку се претпоставка во којашто некои научници цврсто веруваат, се колнат во нивното постоење, исто како што верниците со колнат во Господ. Сите атеисти знаат дека постојат црни дупки и се колнат во нивното постоење. Have they actually seen one? Нуоуп. Знаат како изгледа? Нуоуп. Ама се убедени дека „науката тоа го открила“ што како реченица држи вода, но во суштина тие веруваат на науката, не ја практикуваат сами.
Исто како што сите знаеме дека јајцето после 5 минути во вода од 100 степена е сварено. Ама знаеме зашто тој „научен експеримент“ сме го направиле сами, сме виделе дека е така. Атеистите всушност тврдат дека јајцето е варено после 5 минути, иако никогаш не вареле јајце, но велат немаат потреба, зашто науката е релевантна. Што е вистина, научниците барем за црните дупки немаат потреба да лажат, ама ако сакаат да лажат, лесно ќе го направат тоа, зашто сите оние коишто се потпираат на науката, веруваат на нејзините „догми“ уште познати како докази.
Сега, ќе ми кажеш, црните дупки со малку пари можеш и сам да ги видиш. Вистина е, но 99,9 посто од луѓето одбираат да речат, нема потреба, that has allready been done by someone, во превод, тие имаат верба во науката. Мислам дека сум јасен.
Поентата ми е дека не може некој да нападне некого за нешто во коешто верува кога и сам го прави тоа. Можеме да дебатираме, ама не можеме да се вреѓаме само зашто сме различни. Уствари можеме, ама ја ќе го повтурвам моето „Глупите верници се смешни, ама глупите атеисти се уште посмешни“.
Дополнето: Wohoooooow, добив лајк од Мики1 - цар сум.