Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

S

smexy

Гостин
Искрено не ги читав претходните мислења, директно одговарам на насловот:

Атеистите сакаат да се гледаат себе си како паметни и просветлени момци. Единствено, и јас сакам да се гледам себе со како Леонардо ди Каприо, ама не сум, а и модерниве просветлени момци, каснат едно двеипол илјади години, пошто голем дел од атинските филозофи биле атеисти, не верувале во божества. Така што, не знам кај е просветленоста, ако од почетокот на цивилизацијата луѓе сфатиле дека богови не постојат, да почнам јас да пишувам дека сум го открил тркалото и огинот?!?

Како и да е, себепрогласените атеисти, сакајќи да се осеќаат паметно, се обидуваат да си ја градат репутацијата на грбот на верниците, го хранат сопственото его јадејќи од нивното, бидејќи колку и да е паметен еден верник никогаш не може да се спротистави на обичен атеист, бидејќи не го зборуваат истиот јазик. Како да пробуваат да разговараат арогантни нем и слеп човек - двајцата живеат во различни светови и никој не сака да се потруди да го разбере другиот.

Она што треба атеистите да го прават всушност, ако веќе сакаат да се чувствуваат паметни, е да пробаат да се конфронтираат со авторитетите во општеството, во друштвото, во семејството, во училиштето... зашто многу е лесно да го колцнеш малиот nerd бидејќи знаеш дека не може да ти врати. Токму тоа атеистите го прават, пукаат во мртов слон од 5 метри и се чувствуваат како да погодиле ластовичка во лет. Браво мајстори.
Абе убаво велиш, мерење e peens and all, ама тоа затоа што вака форумски можеме да го посведочиме како некој кој има ставови кои ги изградил на база на 2 документарци и 15 цитати од Ниче.
Но
тоа не значи дека не постојат атеисти кои знаат што зборат, и дека поради некоја чудна причина треба да седат мирни додека креационисти бљуваат повеќе рандом глупости од сите Монти Пајтон заедно.

На youtube alone постојат еден куп едуцирани луѓе кои побиваат креационисти кои со сиот памет се појавуваат на science конвенции и своите непроверени догми ги претставуваат како научни ставки.
Thunderfoot,Amazing Atheist итн :)

Ако старите атињани биле атеисти, дали значи дека всушност религиите се знак на дееволуција?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Сето тоа е во ред, и јас мислам дека атеистите треба малку да ги олабават религиозниве на форумов. Но, кога ќе прочиташ прашање од типот зошто луѓето не се размножуваат со проста делба на личноста, и тоа прашање како предтекст за заклучок дека сите атеисти се хомосексуалци, малку е тешко човек да го задржи Олимпискиот мир...

Во суштина, многу е едноставно. Религијата е работа на вера, нема многу врска со разумско резонирање. Се додека се движи во таа област, прилично е имуна на нападите на атеистите. Ако некој каже, верувам затоа што е бесмислено, атеистот нема позиција за напад. Арно ама, религиозните на форумов мислат дека остатокот на форумџиите се неписмени, па почнуваат да зборуваат за разумноста на христијанството, за тоа дека Бог прво ја направил светлината па потоа сонцето, за генијалната логика на семоќен и добар Бог во свет кој е потонат во зло, за премудрата логика на Света Тројца, каде не се знае кој пие кој плаќа, and the list goes on...

И сето тоа гарнирано со генијални ставови дека атеизмот е нововековна измислица на Дарвинизмот и Марксизмот...

Ајде после не се заебавај??
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.424

ccccc.....pri tolku pamet i logika ., a ti se zaebavash ., e sram da ti e:icon_lol:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Абе, светот го вртат пари, а секоја пара има две страни... :)
Абе убаво велиш, мерење e peens and all, ама тоа затоа што вака форумски можеме да го посведочиме како некој кој има ставови кои ги изградил на база на 2 документарци и 15 цитати од Ниче.
Но
тоа не значи дека не постојат атеисти кои знаат што зборат, и дека поради некоја чудна причина треба да седат мирни додека креационисти бљуваат повеќе рандом глупости од сите Монти Пајтон заедно.

На youtube alone постојат еден куп едуцирани луѓе кои побиваат креационисти кои со сиот памет се појавуваат на science конвенции и своите непроверени догми ги претставуваат како научни ставки.
Thunderfoot,Amazing Atheist итн :)

Ако старите атињани биле атеисти, дали значи дека всушност религиите се знак на дееволуција?
Секако дека има атеисти коишто знаат што зборуваат, едни од нив беа ТОКМУ Монти Пајтон, u arrogant little man, ама, исто така има и верници коишто знаат што зборуваат, како Фредерик Коплстон којшто својата дебата со Бертранд Расел, еден од најмоќните и најпаметните атеисти ја претвори во култно дело. Расел, еден од најголемите умови на 20тиот век ја заврши дебатата со реми против Коплстон, бидејќи тоа е тема токму таква, нерешлива, бидејќи таа партија никој не може да ја добие ако размислува разумно. Како што никој не може да добие реално дебата за тоа дали треба да се дозволи абортус или да се врши еутаназија, тоа се работи каде што човек зазема став и никој не може да му каже дека не е исправен, зашто не постои исправен став, поделено е светското мислење.

И старите атињани не биле атеисти, некои од филозофите биле, а дели религиите се знак на дееволуција, ако воопшто постои збор дееволуција, не знам, можеме да дебатираме на некоја друга тема.

Ставрогин напиша:
Сето тоа е во ред, и јас мислам дека атеистите треба малку да ги олабават религиозниве на форумов. Но, кога ќе прочиташ прашање од типот зошто луѓето не се размножуваат со проста делба на личноста, и тоа прашање како предтекст за заклучок дека сите атеисти се хомосексуалци, малку е тешко човек да го задржи Олимпискиот мир...

Во суштина, многу е едноставно. Религијата е работа на вера, нема многу врска со разумско резонирање. Се додека се движи во таа област, прилично е имуна на нападите на атеистите. Ако некој каже, верувам затоа што е бесмислено, атеистот нема позиција за напад. Арно ама, религиозните на форумов мислат дека остатокот на форумџиите се неписмени, па почнуваат да зборуваат за разумноста на христијанството, за тоа дека Бог прво ја направил светлината па потоа сонцето, за генијалната логика на семоќен и добар Бог во свет кој е потонат во зло, за премудрата логика на Света Тројца, каде не се знае кој пие кој плаќа, and the list goes on...

И сето тоа гарнирано со генијални ставови дека атеизмот е нововековна измислица на Дарвинизмот и Марксизмот...

Ајде после не се заебавај??
Те сфаќам, вториот пасус ти е комплет на место, ама сепак... првиот пасус, исто толку е тешко да се возрджиш да му шлапнеш една на некој копиљ од 15 години што ќе дојде да мафта со едниот цитат на Ниче што би рекол Смекси, како он сфатил дека Господ не постои. Па мислам, колку треба да бидеш амеба за да не сфатиш дека не постои дедото со брадата некаде на небото.

Ама, како што сам рече, религијата е работа на вера и не ја гледам причината зошто некој којшто себе си се нарекува и чувствува како атеист, треба да дојде да му објаснува на еден верник дека тоа во коешто верува се глупости. Не не се глупости, од едноставна причина што тој е среќен со своето.

По истиот принцип, верниците треба да им се насукаат на оние волови од научници коишто веруваат во антиматерија или во wormholes (како и да е преводот) нешта коишто не се докажани туку се претпоставка во којашто некои научници цврсто веруваат, се колнат во нивното постоење, исто како што верниците со колнат во Господ. Сите атеисти знаат дека постојат црни дупки и се колнат во нивното постоење. Have they actually seen one? Нуоуп. Знаат како изгледа? Нуоуп. Ама се убедени дека „науката тоа го открила“ што како реченица држи вода, но во суштина тие веруваат на науката, не ја практикуваат сами.

Исто како што сите знаеме дека јајцето после 5 минути во вода од 100 степена е сварено. Ама знаеме зашто тој „научен експеримент“ сме го направиле сами, сме виделе дека е така. Атеистите всушност тврдат дека јајцето е варено после 5 минути, иако никогаш не вареле јајце, но велат немаат потреба, зашто науката е релевантна. Што е вистина, научниците барем за црните дупки немаат потреба да лажат, ама ако сакаат да лажат, лесно ќе го направат тоа, зашто сите оние коишто се потпираат на науката, веруваат на нејзините „догми“ уште познати како докази.

Сега, ќе ми кажеш, црните дупки со малку пари можеш и сам да ги видиш. Вистина е, но 99,9 посто од луѓето одбираат да речат, нема потреба, that has allready been done by someone, во превод, тие имаат верба во науката. Мислам дека сум јасен.

Поентата ми е дека не може некој да нападне некого за нешто во коешто верува кога и сам го прави тоа. Можеме да дебатираме, ама не можеме да се вреѓаме само зашто сме различни. Уствари можеме, ама ја ќе го повтурвам моето „Глупите верници се смешни, ама глупите атеисти се уште посмешни“.

Дополнето: Wohoooooow, добив лајк од Мики1 - цар сум. :)
 
Прво, многу е лесно да препознаеш полуписмен тинејџер кој продава атеистики мудрости во подфорумот религија. Во моентов, таму нема такви, барем не на редовна основа. И мене ми се смешни приучени атеисти кои наоѓаат интелектуално квази исполнување во плукањето по религијата.

Аналогијата со научниците не држи. Антиматеријата или црните дупки не се еквивалент на Бог чие постоење не може да се докаже. Тоа се повеќе работни хипотези, кои можеби еден ден ќе бидат докажани. Ако не, ќе бидат заменети со нови хипотези. Тоа е начинот на кој науката функционира. Постоењето на Бог од друга страна, никогаш нема да биде докажано. Во меѓувреме, организираните религии продолжуваат да ги искористуваат ресурсите на човештвото, злоупотребувајќи го стравот и глупоста на човекот.

Се разбира дека луѓето и веруваат на науката, таа даде и дава резултати. И се разбира дека некои работи во науката ги земаме здраво за готово, од едноставна причина што немаме потреба непрестано да ги проверуваме.

Да не се распишувам многу, имам почитување за религиозните луѓе кои својата вера ја чуваат за себе, или ја споделуваат со луѓе кои им се блиски по убедување. Немам никаква почит за религијата како институција, чија единствена цел е паразитско постоење. Знаеш дека за посетата на папата на Шпанија се потрошени 100 000 000 евра? За еден сенилен старец да го возат како мајмун во папамобилот по Шпанија?

Исто немам никакво почитување за приглупите верници кои со помош на параболи и метафори се обидуваат да дојдат до понекоја изгубена душа...

Тоа би било тоа. Има уште томови да се пишуваат на оваа тема, но суштината е јасна...
 
S

smexy

Гостин
Засега не може Стари ;)
Еден ден сите Богови ќе бидат разоткриени како лажни.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Аналогијата со научниците не држи. Антиматеријата или црните дупки не се еквивалент на Бог чие постоење не може да се докаже. Тоа се повеќе работни хипотези, кои можеби еден ден ќе бидат докажани. Ако не, ќе бидат заменети со нови хипотези. Тоа е начинот на кој науката функционира. Постоењето на Бог од друга страна, никогаш нема да биде докажано. Во меѓувреме, организираните религии продолжуваат да ги искористуваат ресурсите на човештвото, злоупотребувајќи го стравот и глупоста на човекот.

Се разбира дека луѓето и веруваат на науката, таа даде и дава резултати. И се разбира дека некои работи во науката ги земаме здраво за готово, од едноставна причина што немаме потреба непрестано да ги проверуваме.
Нема на другите работи да се осврнува, бидејќи веќе и овој муабет ми е офтопик, ама ќе пробам да задржам малку од малку.

Апсолутно може да се поврзе постоењето на Бог со постоењето на Антиматеријата. Антиматеријата еден ден ќе се докаже дека постои или не постои, но во моментов тоа е лудило, бидејќи човекот толку малку го познава универузмот што дури и необјасниво е колку е тоа малку. По иста линија, колку што е возможно да постои или не постои антиматерија, возможно е да постои омнипотентно битие кое што може да објасни како е создаден универузмот.

Атеистите често пати сакаат да ги нападнат верниците дека се затворени и неслободоумни, дека како коњи гледаат само во еден правец, дека се затворени во сопствена кутија, inside their box. Но, ако човек убаво го разглоби тоа, напротив, атеистите се оние коишто на опциите и можностите не им даваат крилја. Ако науката којашто се води по строги... многу строги правила, може да си дозволи да каже дека не знае дали постои антиматерија и ќе чекаме подобри времиња да докажеме, но некои од научниците си дозволуваат и да веруваат токму во нејзиното постоење, со сите свои геџети и најмодерни технологии на 21 век, тогаш како може некој да ги обвини верниците за истото и тоа правејќи го пред повеќе од 2 илјади години кога уште не била откриена ниту септичката јама?!

Дека верувањето во идејата „некој од горе ќе ни помогне“ е смешна признавам, но исто толку ја гледам смешна и идејата „овие веруваат дека некој од горе ќе ни помогне, а горе нема никој, па ај ќе ги зезаме“ од проста причина што ниту вторите немаат поим што има горе. Ех, ете го свртев пак на темата... :)

smexy напиша:
Засега не може Стари ;)
Еден ден сите Богови ќе бидат разоткриени како лажни.
See, how ur one sentence that u feel is strong enough means nothing?! This above is a discussion, после ваква реченица, не можам да ти пружам дискусија. Можам да ти речам, ќе причекаме пар стотици години и муабетот да ни заврши, ама со тоа не ја добиваш својата „пирова победа“ (пошто секоја добиена форумска битка е пирова победа) :) добиваш само празен пост на некој начин. Give me all u fucking got... али не ми давај празни реченици што мислиш дека се филмски.
 
Знаеш, сеедно ми е дали ќе победам дали ќе изгубам некако.
Ама што тука дискутираме
Атеисти против Теисти.
Што прават атеистите?
Атеистите постојано вршат експерименти, испитуваат и набљудуваат природни феномени и со помош на претходно добиени информации тие создаваат поим и слика за она непознатото, она кое религијата се обидува да го мистифицира и да го направи
да изгледа како знаење кое може да биде предадено само на избраните и се обидува да ги дискредитира оние кои бараат логика и смисла во сето тоа како "прости заробеници на левата хемисфера".
Атеистичките ставови и факти постојано се менуваат на база на научни откритија и факти кои поради фактот дека атеистите признаваат грешка се во константна метаморфоза.
Атеистите за разлика од теистите можат да си дозволат грешка затоа што нивните тврдења не се апсолутни и тие не тврдат дека истите се непогрешни за разлика од теистите.
Атеистите со помош на овие ever changing и ever updating откритија успеваат да ги побијат застарените мистични мамбо џамбо глупости кои религиите ги продаваат.

Се разбира теистите секогаш ќе се фаќаат за работи како "лош превод" и двосмисленост во Светите Книги.
Бљувотини кои секојдневно ги побиваме.

Од друга страна теистите ги следат сите најнови научни експерименти, сите истражувања и пробуваат да најдат пропусти грешки и слично.
Теистите со своите напади кон научниот ум се што прават е успорување на развојот на човештвото.
Теистите не се во состојба да извадат комплетно нови факти и докази туку повторно и повторно со мали промени ги вртат истите ветви реченици.
Не може да се менува тој Закон затоа што е речено и пишано дека е апсолутен.
Се разбира треба самиот Бог да се јави и да одржи уште еден завет, а тоа нема да се случи од проста причина затоа што денес сме свесни за менталистичките моќи на религиозните водичи(лажни пророци), и во општество каде се буди критичкиот ум нема да се дозволи уште едно темно доба.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
За ова кратко време во кое што сум на форумов, забележав дека има еден куп атеисти кои се чини дека секој ден водат “Крстоносни војни“ против сите што се религиозни. Тема по тема, пост по пост... осудуваат, исмеваат и се обидуваат да ја негираат верата на другите. Едноставно не можат да се држат настрана. Како фанови на атеизмот зборуваат за нешта кои воопшто не се однесуваат на нив, и во тој процес тие едноставно паѓаат како празни лушпи од човечки суштества кои немаат ништо што ќе ги води во животот освен омразата. Едноставно живеат за да мразат...
Не ми беше јасна намерата на отварачов на темава, кој ја отвори, си даде некаков (каков таков) осврт и го снема иако имаше реплики. Едноставно си се постави над сите, и истата реторика која ја критикуваше, во полн налет и незапирлива сила да ја исплука против атеистите. Ништо ново. Дежаву.
Познати ми се бројни примери за такво однесување и на форумов и во животот, на такви особи, кои со вербална мастурбација, си го самозадоволуваат сопственото его. Откако ќе свршат, ќе го исплукаат семето на сопственото незнаење, тогаш задоволството е само нивно. Уште цигарче фали. Таман. И среќни и задоволни што самозадоволувањето било добро, вели утре ќе свршам пак. Ако ваквото вербално самозадоволување ве прави среќни секогаш кога ќе добиете ментална ерекција, испразнете се на друго место, не мора секој да е присутен на вашиот оргазам. Воајери на вашата вербална мастурбација, не се потребни. Вас дијалог не ви е потребен. Доволни сте си сами себеси.
 
Н

нихилист

Гостин
Нема на другите работи да се осврнува, бидејќи веќе и овој муабет ми е офтопик, ама ќе пробам да задржам малку од малку.

Апсолутно може да се поврзе постоењето на Бог со постоењето на Антиматеријата. Антиматеријата еден ден ќе се докаже дека постои или не постои, но во моментов тоа е лудило, бидејќи човекот толку малку го познава универузмот што дури и необјасниво е колку е тоа малку. По иста линија, колку што е возможно да постои или не постои антиматерија, возможно е да постои омнипотентно битие кое што може да објасни како е создаден универузмот.

Атеистите често пати сакаат да ги нападнат верниците дека се затворени и неслободоумни, дека како коњи гледаат само во еден правец, дека се затворени во сопствена кутија, inside their box. Но, ако човек убаво го разглоби тоа, напротив, атеистите се оние коишто на опциите и можностите не им даваат крилја. Ако науката којашто се води по строги... многу строги правила, може да си дозволи да каже дека не знае дали постои антиматерија и ќе чекаме подобри времиња да докажеме, но некои од научниците си дозволуваат и да веруваат токму во нејзиното постоење, со сите свои геџети и најмодерни технологии на 21 век, тогаш како може некој да ги обвини верниците за истото и тоа правејќи го пред повеќе од 2 илјади години кога уште не била откриена ниту септичката јама?!

Дека верувањето во идејата „некој од горе ќе ни помогне“ е смешна признавам, но исто толку ја гледам смешна и идејата „овие веруваат дека некој од горе ќе ни помогне, а горе нема никој, па ај ќе ги зезаме“ од проста причина што ниту вторите немаат поим што има горе. Ех, ете го свртев пак на темата... :)
Морам да улетам во дискусијава и башка веќе еднаш напишав долг пост но по грешка го исклучив browser-oт, ајде овојпат пократко. ;)

Прво, колку да расчистиме, постоењето на антиматерија и црни дупки не е прашање на вера. Антиматеријата е одамна докажана, дури може и да се создаде во големи лаборатории, пример антифотони и позитрони се антиматериски еквиваленти на фотони и електрони. Но, спротивно од книгите на Ден Браун, во вистинскиот живот, со денешната технологија потребни се неколку милијарди години за да се создаде антиматериска бомба со иста јачина како таа што ја погоди Хирошима. Постоењето на црни дупки беше хипотетизирано пред неколку децении, денес и тие се докажани.

Е сега, освен што се направив "фраер" со моето од интернет прибрано знаење за физиката, да бидам реален, не се разбирам од квантна физика (oh really?). Затоа предлагам да ги тргнеме примериве на страна. Поентата ти ја разбрав, тврдиш дека постојат научници кои веруваат во теориите што ги застапуваат иако истите не се докажани, тоа е точно но заслужува дополнително објаснување.

Неможам да најдам линк од една студија која утврди дека догма има и во науката, што за мене не беше изненадувачки. Нема ништо чудно зошто еден научник догматски би се држел до теоријата која ја застапува. Факт е дека тие научници потрошиле години, децении од своите животи работејќи на одредени теории и нивно усовршување што значи дека доколку пропадне нивната теорија најверојатно ќе пропадне и нивната кариера, желбата за Нобелова награда или слава итн. Затоа, ќе дадат се од себе за да ја докажат и токму заради тоа во науката постојат ригорозни процеси кои одлучуваат што е валидно а што не. Неможе секаков 'доказ' и секаква 'теорија' да се протне зошто мора да се следи стриктниот научен метод. Затоа, кога една теорија ќе се докаже како погрешна или друга повалидна ќе ја замени, научникот кој ја претставувал има опција да си го подвие опашот, да си ја признае грешката и да продолжи со работа или да изгуби репутација дополнително и можеби да остане без работа, а со тоа да замине with the sunset од научниот свет.

Најважното е, постои голема разлика помеѓу верување во религиски догми и одредена недокажана теорија - тоа е темелот на коj се поставени. Недокажаните теории или хипотези се поставени како можно објаснување на веќе постоечки проблем и што се однесува до физиката, секогаш постојат математички формули (а тоа се физичките закони на светот напишани на хартија) кои ги поддржуваат. Религиозното верување од друга страна не стои на разумен темел, објаснување зошто е навистина непотребно нели?

За крај, научни теории кои не стојат на цврст темел истотака постојат, но тие припаѓаат во доменот на псевдонауката....
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако науката којашто се води по строги... многу строги правила, може да си дозволи да каже дека не знае дали постои антиматерија и ќе чекаме подобри времиња да докажеме, но некои од научниците си дозволуваат и да веруваат токму во нејзиното постоење, со сите свои геџети и најмодерни технологии на 21 век, тогаш како може некој да ги обвини верниците за истото и тоа правејќи го пред повеќе од 2 илјади години кога уште не била откриена ниту септичката јама?!
Постоењето на антиматеријата е докажано. Таа се создава при судирите на честички во акселераторите како што е оној во Церн, и е многу пати детектирана и докажана. Летоска дури успеаја да создадат и антиводород и да го зачуваат неколку илјади делови од секундата.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.780
Искрено не ги читав претходните мислења, директно одговарам на насловот:

Атеистите сакаат да се гледаат себе си како паметни и просветлени момци. Единствено, и јас сакам да се гледам себе со како Леонардо ди Каприо, ама не сум, а и модерниве просветлени момци, каснат едно двеипол илјади години, пошто голем дел од атинските филозофи биле атеисти, не верувале во божества. Така што, не знам кај е просветленоста, ако од почетокот на цивилизацијата луѓе сфатиле дека богови не постојат, да почнам јас да пишувам дека сум го открил тркалото и огинот?!?

Како и да е, себепрогласените атеисти, сакајќи да се осеќаат паметно, се обидуваат да си ја градат репутацијата на грбот на верниците, го хранат сопственото его јадејќи од нивното, бидејќи колку и да е паметен еден верник никогаш не може да се спротистави на обичен атеист, бидејќи не го зборуваат истиот јазик. Како да пробуваат да разговараат арогантни нем и слеп човек - двајцата живеат во различни светови и никој не сака да се потруди да го разбере другиот.

Она што треба атеистите да го прават всушност, ако веќе сакаат да се чувствуваат паметни, е да пробаат да се конфронтираат со авторитетите во општеството, во друштвото, во семејството, во училиштето... зашто многу е лесно да го колцнеш малиот nerd бидејќи знаеш дека не може да ти врати. Токму тоа атеистите го прават, пукаат во мртов слон од 5 метри и се чувствуваат како да погодиле ластовичка во лет. Браво мајстори.
Јас го правам ова. Ни најмалку не ме прави попаметна од некој друг. Напротив, јас верувам дека што од недоволно информации (бидејќи поголемиот дел работи сама ги учам, општеството не ни обезбеди ама баш ништо во поглед на објективно учење за религии, историја итн...) што од недоволно години (нели, старост - мудрост, така беше) знам само некој ситен дел од се она што треба да се знае. Но, членувам во партија која и самиот знаеш дека е (не дискутирам колку е вистински) религиски определена, и во мојата пристапница и понатаму полето за религиозна припадност е пополнето со атеист - иако постоеа притисоци да не биде така, имам дечко верник кој сите овие години пробува да ме ,,конвертира,, и не му успева - а тоа води до нели конфликт меѓу нас и нашите планови за иднината, семејството ми е христијанско, јас не присуствувам на празници и слави итн (а тоа предизвикува негодување и нормално, конфликти), во училиштето (денес факултетот) каде што религијата е неминовна да ја учиме како сегмент на човековиот живот, додека сите што се верници на големо врескаат за Алах (мхм) а оние кои не веруваат (или не знаат) си ќутат, бев прилично осамена пред нив кога ги изнесував моите ставови и размислувања и тоа доведе до одбивност кон мене од страна на повеќето мои колеги и одредени професори.
Да, како атеист, се конфронтирам со сите.
Но тоа не ме прави паметна. Туку убедена во своите ставови.
Исто како што одредени форумџии (штета не си читал, ѕирни Јоан што кажува, конкретно околу хомосексуалци) стојат зад своите ставови и трескаат глупости (не можам да ја пропуштам ____ која гледа обоена енергија и има индиго дете) - така исто и јас, и други.
Е, сега, мене не ми е мешање во туѓ живот начинот на кои воспитуваат деца и што ги учат по дома, тоа ми е професија. И ако ги учат дека се супермоќни (децата) жал ми е, тука нема толеранција. Загрозуваат нечиј правилен интелектуален развој. Ако ги учат на дискриминација кон хомосексуалци, жал ми е, но и тоа е проблем не само за тоа дете, туку и за цело општество.
Искрено, не ме интересира што Свето Писмо или Куран кажува за одредена работа. Јас (а верувам и повеќето атеисти тука) се конфронтираме со верниците зошто нивниот пристап кон другите граѓани тука, нивното политичко наметнување на религијата и религиските вредности, и во крајна линија, воспитувањето на децата врз религиска основа е корозивно за една земја.
Затоа, верниците (мислам оние убедените) се проблем. Оние што си веруваат од традиција (мама и тато ме научија) - јака му*а, нит сами знаат нешто, за да направат понатаму проблем. Ама овие како Јоан, Мики1, Чорбаџија и компанија... да, тие се проблематични. И мора да се занимаваме со нив (не со конкретните форумџии, со убедените, одбраните итн) зошто постои опасност да привлечат очајна маса на народ кон себе, а голема маса на народ во заблуда, е нешто што навистина е контрапродуктивно за едно општество.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.447
Абре Стар Почетник не ми ги закачај атеистите, дај остај да им се восхитуваме уште малку.
--- надополнето: Sep 13, 2011 3:49 PM ---
Ама овие како Јоан, Мики1, Чорбаџија и компанија... да, тие се проблематични. И мора да се занимаваме со нив .
ма остај ги, пробисвети се све тоа.:pos:

Јао какви случаи има....
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Не ми беше јасна намерата на отварачов на темава, кој ја отвори, си даде некаков (каков таков) осврт и го снема иако имаше реплики. Едноставно си се постави над сите, и истата реторика која ја критикуваше, во полн налет и незапирлива сила да ја исплука против атеистите. Ништо ново. Дежаву.
Познати ми се бројни примери за такво однесување и на форумов и во животот, на такви особи, кои со вербална мастурбација, си го самозадоволуваат сопственото его. Откако ќе свршат, ќе го исплукаат семето на сопственото незнаење, тогаш задоволството е само нивно. Уште цигарче фали. Таман. И среќни и задоволни што самозадоволувањето било добро, вели утре ќе свршам пак. Ако ваквото вербално самозадоволување ве прави среќни секогаш кога ќе добиете ментална ерекција, испразнете се на друго место, не мора секој да е присутен на вашиот оргазам. Воајери на вашата вербална мастурбација, не се потребни. Вас дијалог не ви е потребен. Доволни сте си сами себеси.
Отварачов на темава труе со агресија кон атеисти, не се издржуе. Али затоа ти си тука да го демантираш -- увек отворен за дијалог, лепршав и позитивен. Као и у постов: све факат до факта, без гнев, луцидно срочени, набилдани до убојита поента и прошарани со онанистички бербат-метафори. Ептен елегантно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom