Македонија - Литванија |1/4 финале|, 67:65, ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ!!!

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Литванците опасно шутираат 3ки :confused: А Илиевски можеби не го бива за шут али за стратегија и акција ДА.
И ние шутиравме опасно тројки, па сега не шутираме толку добрио. Може истото ќе ги снајде и нив, а нас ќе не посака среќата.

Само да изиграат мушки и со срце (како до сега), па резултатот ќе си дојде сам по себе. Дури и да изгубат, никој нема да им замери ако играат машки.

И да, најслаба точка во тимот е моментално Самарџиски (не Илиевски). Ама што да се прави, кога немаме некој избор...

Фоткава чисто колку да ја отсликам играта на нашиот центар. Еве го Самарџиски во прегратка на девојка му:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.980
Поени од реакции
24.359
И да сите најдоја да го плукат Илиевски оти промашвал а никој не најде да го пофали шо има 38 минути просек поминати на терен. Оди ти биди прецизен ко ќе мора цело време да трчаш напред назад и да ја носиш топката
Абе ајде! Абе работа му е тоа, за тоа пари зима. Затоа не секој е професионален кошаркар, иначе и баба ми ќе играше во репрезентација. Факат дрво е, после Самарџиски, он е.
 
Член од
28 март 2010
Мислења
1.310
Поени од реакции
377
И ние шутиравме опасно тројки, па сега не шутираме толку добрио. Може истото ќе ги снајде и нив, а нас ќе не посака среќата.

Само да изиграат мушки и со срце (како до сега), па резултатот ќе си дојде сам по себе. Дури и да изгубат, никој нема да им замери ако играат машки.

И да, најслаба точка во тимот е моментално Самарџиски (не Илиевски). Ама што да се прави, кога немаме некој избор...

Фоткава чисто колку да ја отсликам играта на нашиот центар. Еве го Самарџиски во прегратка на девојка му:
Најслаба алка не е Предраг туку трупот Дарко Соколов!
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Toa zavisi od denot...osven so Srbija mislam deka Litvancite ne izigraa ni edna druga utakmica dobro...ako i zastane sutot dobieni se,znaci ne se nepobedlivi imaat i plus nasite mislam deka se naviknati na bucna atmosfera nema da i preci :D
Види инсерти со Турција :D Како и да е максимална подршка од наша страна па што биде нека биде и вака и така достигнавме многу (y)
 
Член од
28 март 2010
Мислења
1.310
Поени од реакции
377
За мечот со Литванија единствено се плашам од судењето од ништо друго!
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Абе ајде! Абе работа му е тоа, за тоа пари зима. Затоа не секој е професионален кошаркар, иначе и баба ми ќе играше во репрезентација. Факат дрво е, после Самарџиски, он е.
и во НБА се професионалци сите до еден па MPG просек на цела лига е 24 минути. Не треси глупости не можи во 11 дена на 8 утакмици цело време некој да трча и да биди ефикасен,па не знам колку физички спремен нека е
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Играчите тие се што се, играме како група, на упорност, борбеност и тимски дух. Глупо е да се плука сега по некого, прават што можат, засега се е супер. Имаше и Антиќ слаби утакмици па вчера се разигра, можеби и Илиевски и Самарџиски ќе одиграат подобро со Литванија. Важно е дека гинат на терен па сега што е тука е, не сме ние велесила.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Точно така, но човек со слабо познавање исто така нема да ја препознае важноста на Војдан и Дамјан, на Гечевски и Антиќ. Тој човек само ќе ја препознае важноста на Бо, пошо тој дава кошеви само. :D
Ако се обиде со ова да потенцираш дека јас ја препознавам ,,само'' важноста на Бо си се заебал. Мене на цел турнир најомилен во цела репрезентација ми е Војдан, а сите кога скокаа по Бо после победата против Грузија не им замерам, да, човекот го постигна решавачкиот поен, предходно имаше положување, веднаш по тоа украде топка и пак поентираше, но лично за мене тогаш најзаслужен за победата беше Марин, зошто успеа да најде одбрана за далеку повисокиот состав од нашиот.

... а ако само го кажуваш своето мислење без иронија, ондак се слагам со тебе во целиот пост.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.980
Поени од реакции
24.359
и во НБА се професионалци сите до еден па MPG просек на цела лига е 24 минути. Не треси глупости не можи во 11 дена на 8 утакмици цело време некој да трча и да биди ефикасен,па не знам колку физички спремен нека е
A ако имаш 5% реализација во НБА?
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
И ние шутиравме опасно тројки, па сега не шутираме толку добрио. Може истото ќе ги снајде и нив, а нас ќе не посака среќата.

Само да изиграат мушки и со срце (како до сега), па резултатот ќе си дојде сам по себе. Дури и да изгубат, никој нема да им замери ако играат машки.

И да, најслаба точка во тимот е моментално Самарџиски (не Илиевски). Ама што да се прави, кога немаме некој избор...

Фоткава чисто колку да ја отсликам играта на нашиот центар. Еве го Самарџиски во прегратка на девојка му:
ако мислиш од првата петорка,може да се рече,инаку како му го вријам на Соколов.......зошто Мираковски не добива никаква шанса ?!
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Остануваат 4 екипи кои ќе отпаднат, сите имаат шанси за 5то место. Победниците од двата дуела меѓу 4те поразени, ќе ги дадат 2цата кандидати за 5то место.
Не бе, арно си смислил... ако изгубиме и ние и словенците, ќе се соочиме во дуел. Ако победиме ќе играме за 5-то/6-то место, кое по автоматизам не носи во квалификациите за олимпијадата.
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
A ако имаш 5% реализација во НБА?
во НБА имаш соодветна замена за играч на секоја позиција и никогаш нема да се доведи во ситуација некој да има 5% реализација оти ќе игра одморен
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Инаку незнам што толку напнувате со Предраг, слободно нека пише некој ако Самарџиски во последниве 3 утакмици изигра лошо. Луѓе, Самарџиски беше меѓу клучните играчи против Грузија и против Финска/Босна (не се сеќавам најдобро). Тоа е тоа, 2.15 е човекот, над 130кг има... вие сакате да солира како Тони Паркер ? Човекот не е класа играч, единствено треба да поработи на самодовербата, во последниве две утакмици изигра 1 на 1 доста добро, вчера памтам дека 1 на 1 го искина русинот и поентираше, тоа е потребно кај него, а не да дава тројки. За скок е одличен... незнам зошто толку напињате, може не е ѕвезда ама дефинитивно не е дрво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom