Паметњаковичи, спуштете се малку на земја и не туку си ги прчите мозоците.
Кога веќе се фаќате за научна прецизност, тогаш треба да знаете дека тежината е сила и таа не се мери ниту во килограми, ниту во грами, туку во Њутни (1N = 1Kg*m/s^2)
Основна мерка пак за маса, според меѓународниот систем за мерни единици (SI), е килограм, а не грам.
Македонскиот збор за „градуирани“ (На Wikipedia познат како graduated) е баждерени.
п.с. „Научник“ не се станува со неколку непреспани ноќи на Википедија, туку со десет фурни леб изедени во библиотека.
Леле, леле, воскресна Чорба! Честитики насекаде!
Баждарење е србизам. Градуирање е англизам. Килограм е можеби основна мерка, а различните инструменти, според масата која ја мерат, соодветно и се градуираат.
Ти можеш и 20 години да висиш по библиотеки, ама кога читаш една единствена книга, џабе ти е богатството на знаења наоколу.
Водејќи се исклучиво според библијата, тебе биологијата ти е непријател, медицината клетва, а генетиката - научна фантастика. Понатаму, палеонтологијата ти е завера, а физиката изговор дека нешто, демек, си учел у животу. Астрономијата, ко што гледам по форумиве ти е непознаница или тотална заблуда, пошто човек кој верува дека целиот видлив и невидлив универзум е 6000 години стар, па уште наменски создаден за човекот на Заемјата, тешко да може да е стекне
со каков било кредибилитет во научната фела.
Незнам кој те лажел дека со јадење леб се станува научник. Не се станува. Научник се станува со објективно
критичко мислење, за кое си ти
очигледно неспособен.
Јас, инаку, не се сметам за научник. Јас сум пребарувач. А ти си радикален евангелист кој
за плата извитоперува научни вистини во обид да привлече залутани и збунети души во фундаменталистичкото дувло во кое работи.