Ќе биде празен, само доколку себе си се сметаш за референтен одредувач на тоа што е празно а што е полно.
Еве малку повеќе детали:
Имено, од поновата историја, познати ни се неколку револуции, со кои „сивата емниненција„ изврши радикални промени во Франција: тоа се т.н. буржоаска револуција и т.н. париска комуна, кои беа дибидус поинакви по идеологија, но со иста цел; радикална проемна на Светот. Првите, буржуите, во 1789-та дојдоа на власт и насилно го укинаа феудалниот поредок., Вторите, пролетерите, во 1871-та, исти така насилно се обидоа да дојдат на власт, но со цел да го променат она кое веќе се промени: тазе капитализмот да го заменат со идејата за комунизмот.
И двата обиди беа НАСИЛНИ и повеќе или помалку успешни, но историски гледано се покажаа како добри модели/примери, кои беа често практикувани во целиот 20-век: што во Германија, што во царска Русија, што во цела источна Европа.
Откако комунистите НАСИЛНО доаѓаа на власт, тие НАСИЛНО го менуваа целото општество, со тоа што преку образовниот систем го наметнуваа САМО нивниот, марксистичко-дарвиновски светоглед, без да остават место за алтернативно учење, а од друга страна, комуњарите се обидоа (и не успеаја целосно) да ја збришат и Црквата, оти само таа (Црквата) може да понуди поинаков светоглед од безалтернативниот марскизам и дарвинизам.
Тоа насилие го имаме и кај нас, во жалосна Македонија, како рецидив од претхдниот систем, па затоа со години по ред, веронауката добива „сопки„ во/од образовниот систем и не може да се наметне како алтернатива на Маркс и Дарвин, а силите кои тоа го спречија, добро знаат што чинат!
И сеа, што? Пак ќе ми речеш дека пишав празнотија, наспроти точно посочените настани, кои дури и ден-денес ни се очигленди, нели?