Убава е фонтаната? Убава е, никој не пререкува дека е убава ама за 10 милиони евра.
И јас можам да си земам Ауди Р8 на кредит, убаво е аудито супер е, кој ќе рече дека не е убаво, ама 150 000 евра за кола да лупнам а живеам од плата?
ајде по стоти пат, разговаравме или не за учеството од 5 мил годишно и бучетот на РМ од 3 милијард,и,има ли тема Економија, има ли намеснки буџети, имаше ли избори
што верглате те едно исто на секоја страна, што ви е проблемот, дај не ја уништувајте темата на секоја страна со партиски и лични комплекси.
--- надополнето: Sep 13, 2011 10:43 AM ---
МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА НА ХРВАТСКА ОДУШЕВЕН ОД НОВИОТ МУЗЕЈ ВО СКОПЈЕ
Загреб ќе гради музеј по македонски терк
Импресиониран од концепцијата и поставката во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, хрватскиот министер Јосип Месиќ побарал македонскиот тим да им го пренесе искуството бидејќи во Загреб подготвуваат сличен музеј
Хрватска побарала Македонија да ~ помогне во изградбата на новиот музеј во Загреб откако министерот за култура Јосип Месиќ минатата недела го посети Музејот на македонската борба за државност и самостојност во центарот на Скопје. Тој бил одушевен од концепцијата и поставката во новиот Музеј.
- Откако ги виде Музејот, побара да им го пренесеме нашето искуство бидејќи во Загреб подготвуваат сличен музеј. Работата е многу комплексна за изведување. Иако ние ќе ги збогатуваме збирката, содржината и концепцијата - изјави Бранислав Светозаревиќ, директор на Музејот на македонската борба.
Иако е претставен периодот од ајдутскиот отпор против османското владеење во Македонија до комунистичкиот режим (крај на 17 до средината на 20 век) поставката е сосема модерна и амбиентална.
Македонците донираа експонати
Во моментот во фондот на Музејот има околу 900 предмети. Засега има околу 100 слики во големи формати на кои се претставени битки, историски сцени и личности. Деновиве треба да пристигнат уште десетина дела. Има стотина восочни фигури, а сите претставени личности се во автентична облека. Некои делови се оригинали, некои автентични копии. Има повеќе стотици парчиња оружје, кое било употребувано од 16 до 20 век.
- Голем дел од оружјето е донација од граѓаните. Тоа покажува дека Македонците се многу свесни за својата историја и културно наследство - вели Светозаревиќ.
Експонатите ги собирале четири години. Им помогнале колеги од музеите на Македонија и на Град Скопје, од Охрид, Битола и од другите градови во земјава. Дел од оружјето од 20 век отстапило и Министерството за внатрешни работи.
- Не е за потценување ниту печатениот материјал. Има многу поштенски марки, карти, весници, документи од сите периоди. Тоа е огромен материјал од непроценлива вредност. Користевме с` што може Македонија да даде. Останатото го набавувавме од странство - вели Светозаревиќ.
Музеј-атракција
Внатрешното уредување на Музејот го правела фирмата „Неимар инженеринг“. Автори на концепцијата на поставката се историчарите и професори Никола Жежов, Виолета Ачковска, Даринка Петреска и Зоран Тодоровски. Во подготвувањето на поставката учествувале многу музеолози и историчари, меѓу кои Јасмина Намичева и Мирјана Нинчовска. Сценографот Валентин Светозарев е автор на амбиентална поставка.
Претседател на Управниот одбор на новата институцијата е професорот Михајло Миновски, а членуваат Мирјана Ничковска и Никола Жеов. Според Статутот, на следната седница на Управниот одбор ќе бидат назначени уште два члена од вработените. Засега институцијата функционира со 12-мина вработени од кои седуммина се водичи низ поставката. Според Светозаревиќ, бројот на вработени треба двојно да се зголеми.
На прашањето дали ќе биде скапо одржувањето на Музејот, со оглед на тоа што технички е многу опремен тој вели:
- Веројатно најскапа ќе биде струјата. Но интересот е голем. Ова е Музеј направен како атракција. Очекувам голема посета, а од тоа ќе ги намириме трошоците за одржување. Заливот на коските во Охрид има стотина илјади посетители во неколку месеци. Тоа не е за потценување. Сигурен сум дека овој Музеј ќе има таква посетеност - вели Светозаревиќ.