Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Член од
4 септември 2011
Мислења
94
Поени од реакции
23
ЦРКВАТА КЕ СЕ ГРАДИ - како што сум запознаен, но бидејки портата излезе мноооогу јако со Александар во кадар, се размислува за релокација кај дом на Арм, не знам сигурно info за црквава од кафемуабети
Neli ke bilo muzej a ne crkva :oops:
 
B

Black Guard

Гостин
Не го оправдивам бидејќи е проект кој нема економска основа и профдуктивност туку се користи за други причини-знаеме кои.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
Да ама таа на кале .
Ние зборуваме за црква на плоштад не сомнено рече дечкото дека ке ја затскрива порта Македонија .
Како црквата на плоштадот, на локацијата на која беше планирана ќе ја затскрива Порта Македонија?
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Како црквата на плоштадот, на локацијата на која беше планирана ќе ја затскрива Порта Македонија?
ке го затскрива споменикот да се гледа низ портата
--- надополнето: Sep 16, 2011 10:49 PM ---
Не го оправдивам бидејќи е проект кој нема економска основа и профдуктивност туку се користи за други причини-знаеме кои.
ајде сега ти како економски аналитичар објасни ни зошто е тоа така

ова стопати го објаснивме, ама пошто изгибивме од шпанија ја сум неверојатно расположен само ко за тебе да ти го објаснам економскиот дел на проектот.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
61
Поени од реакции
35
Факт е дека добија проширување на употребата на знамињата. Нормално луда идеја би била да се вее албанско знаме во Берово на пример.
За јазикот се согласувам дека не добија речиси ништо, сем ДУИ политички поени.
Јас се надевам дека нема да се посрамотиме пак за црквите. Има некои најави за промена на локацијата на таа на плоштад, но ќе видиме.
Абе пред пет години би рекле дека е луда идејата и за двојазично собрание, пред десетина и за двојазични пасоши, ама... Со секоја коалиција со брајќава, имат се понепристојни барања. Ама додека ние не излеземе на плоштад единствени како што излеговме за баскетот, ќе им се може. Истото важи и за името.
Да не можеш да градиш црква бе у твоја држава! Да ти ја ебам таквата демократија! Ај да ги видам Арапите да направат такво нешто во демократска франција. Него реков, додека не излеземе сите и не кажеме не, карванот ќе си врви
--- надополнето: Sep 16, 2011 11:09 PM ---
И не знам колку беше океј да се гради музеј на Холокаустот...
Евреите не имаат признато како ФИРОМ, а ние градиме музеј на холокаустот, барем да го искористевме тоа како притисок
 
B

Black Guard

Гостин
ја сум неверојатно расположен само ко за тебе да ти го објаснам економскиот дел на проектот[
[quote="Македонцки, post: 4415319"

ајде сега ти како економски аналитичар објасни ни зошто е тоа така.[/quote]

Не треба да се правиме малоумни идиоти јасно е Р.Македонија на кое ниво на корупција е рангирана со авганистан тоа е факт.

ова стопати го објаснивме, ама пошто изгибивме од шпанија/QUOTE]
Штета навистина но сепак се гордеам со нашите...одржавме неколку лекции.

ја сум неверојатно расположен само ко за тебе да ти го објаснам економскиот дел на проектот[
Повели:)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
ке го затскрива споменикот да се гледа низ портата
Во ред, ама јас сум убеден дека тоа не е причината. Еве crazy_trooper цитирал мое мислење од пред еден месец во кое според мене е наведена вистинската причина за релокацијата.
Абе пред пет години би рекле дека е луда идејата и за двојазично собрание, пред десетина и за двојазични пасоши, ама... Со секоја коалиција со брајќава, имат се понепристојни барања. Ама додека ние не излеземе на плоштад единствени како што излеговме за баскетот, ќе им се може. Истото важи и за името.
Да не можеш да градиш црква бе у твоја држава! Да ти ја ебам таквата демократија! Ај да ги видам Арапите да направат такво нешто во демократска франција. Него реков, додека не излеземе сите и не кажеме не, карванот ќе си врви
Незнам што да додадам сем да речам дека се согласувам со исправката. Поточно би било да напишев во моментов е луда идеа да го побараат тоа. За во иднина ќе видиме.
 
mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
да се плукнам во проектот 2014 скопје
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
да се плукнам во проектот 2014 скопје
ај и ти - образложи си го шлаемпот кој го поризнесе по форумов, ова е тема а не тротоар на улица[/quote][/quote]
--- надополнето: Sep 17, 2011 7:33 AM ---
Не треба да се правиме малоумни идиоти јасно е Р.Македонија на кое ниво на корупција е рангирана со авганистан тоа е факт.
ајде сега ти како економски аналитичар објасни ни зошто е тоа така

јас немам проблем со економскиот дел, ТИ СИ ТОЈ ШШТО НЕ Е СПОСОБЕН ДА ПРЕЛИСТА И ПОТРУДИ ДА ПРОЧИТА неколку страни наназад за ова прашање. ти си тој што една цифра не знаеш, не си се потрудил да ја проучиш и спооредиш, ти си тој што избрал да биде баба сред село...ти нападна и изнесе став - образложи го и јас ке одговорам по милионити пат.

*луге како тебе ме заинтересираа за проектов,од луге како тебе не можевме да мрднеме 20 години, луге како тебе ПЛУКААТ на напредок и градба. ради твое добро се надевам дека имашц 60+ години, млад човек со ваква ограниченост и огорченост нема перспектива.

сега образложи си го постот, ниту нивото на корупција не го занеш, има мегународни рангирања за тоа
--- надополнето: Sep 17, 2011 7:42 AM ---
*карактер бе, односно одсуство на истиот, тоа е заедничко за плукачите во оваа земја(не за тие што аргументирано не се согласуваат)

ти дечко не си се потрудил да напишеш на гугл македонија кпорупција место - три зборчиња и да видиш на кое место сме вистина, додека ПРВ си, си се потрудил на да форум и тема каде не му е местото да изнесеш погрешен став, да срипаш и исплукаш со твојата горчина еден убав порект кој се реализира низ цела македонија не само скопје.

еве ти за корупцијата и авгабнистан кој немаат врска со темава.

Македонија се најде на 62 место со 4, 1 индексен поен и бележи подобрување во однос на лани кога бевме позиционирани на 71-то. 62 место земјава го дели со Хрватска,Послаби се Црна Гора на 69-тото, Србија и Грција на 78-то, Албанија е 88 а Босна 91.
ако завршивме со тролање - сега молам конкретно на темата
 
B

Black Guard

Гостин
Во ред ете сме на 62 место(три пати ура!!) сега да разгледаме малку Економски колку скопје 2014 би продуцирал раст на БДП и одговорот е јасен,Бронзата од италија не го зголемува БДП а знаеме дека ние сме земја со стандард каде граѓаните едвај крпат до први па штета е што милионите отидоа залудно.

Јас не сум против градење туку сум за градење кога ќе има услови за тоа,на времето економија не учеа дека човекот има Егзистенцијални и духовни потреби првите се храна,облека а вторите Кино посета на музеи е сега предуслов за исполнување на духовните потреби се егзистенцијалните,па ако вие едвај крпите до први и имате држава со над 30% невработеност тогаш не верувам некој да оправдува лавови,шмизли неколку тона бронза и милиони потрошени за нив.
 
можеш ли да објасниш

1. како градењето на адмонистративни објекти за кој до сега се плакаа милионски износи од кој заработуваа само одредени кругови е економски неоправдано.

2.бдпто, (намерно од утрински):tapp: сега бдпто бе

„Скопје 2014“ и светските берзи ни донесоа висок раст на БДП
Неколку градежни фирми, металната индустрија и рударството ја кренаа слабата македонска економија на нозе. Градежништвото се офајди од проектот „Скопје 2014“ и од другите јавни објекти што ги финансира Владата, а нив ги градат само неколку градежни компании,

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=527B7576AB69B1438F3ED6DD6621BAB8
 
B

Black Guard

Гостин
можеш ли да објасниш

1. како градењето на адмонистративни објекти за кој до сега се плакаа милионски износи од кој заработуваа само одредени кругови е економски неоправдано.
Правилото е едноставно-ако ти е поевтино да плаќаш рента тогаш нема потреба од нов административен објект посебно ако претходниот чини мнооогу помалку(ели рента плаќа државата).

2.бдпто, (намерно од утрински):tapp: сега бдпто „Скопје 2014“ и светските берзи ни донесоа висок раст на БДП
Неколку градежни фирми, металната индустрија и рударството ја кренаа слабата македонска економија на нозе. Градежништвото се офајди од проектот „Скопје 2014“ и од другите јавни објекти што ги финансира Владата, а нив ги градат само неколку градежни компании,

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=527B7576AB69B1438F3ED6DD6621BAB8
На ова веруваат само лаици.

Очигледно не си проочитал убаво

Неколку градежни фирми, металната индустрија и рударството ја кренаа слабата македонска економија на нозе. Градежништвото се офајди од проектот „Скопје 2014“ и од другите јавни објекти што ги финансира Владата, а нив ги градат само неколку градежни компании,
додека растот во индустријата се должи на зголемената побарувачка на нашите производи на странските пазари, како и на растот на цените на металните производи на светските берзи.
Чудно како претходната година сме биле
.
Според експертите, тој се должи, пред се', на ниската споредбена база со истиот период од лани, кога домашниот бруто-производ беше во минус од 0,9
....во минус.

Макледонцки во Економијата имаме Краток рок(една година) среден рок(до пет години) и долг рок(над пет години),сега ќе се потрудам да образложам зошто не го оправдувам проектот-еве ти го краткиот рок
Инаку, во првите три месеци Статистиката регистрираше најголем раст во градежниот сектор од 21,2 отсто и во секторите вадење руди и камен. По нив следуваат преработувачката индустрија и снабдувањето со електрична енергија, гас и вода, со 13,7 проценти
Сега на краток рок кејнзијанската политика на владата односно организирање јавни работи, па игралишта на КРАТОК РОК има позитивен ефект и тоа не го спорам,но на СРЕДЕН рок не генерира прилив на средства а на долг рок е и трошок така да сметам дека парите би биле подобром алоцирани доколку се вложеа за инфраструктура.(добар пример за алоцирани средства се 100-те милиони во здравството-секоја чест-но Скопје 2014 е друга приказна)

П.С за да речеме дека една економија се подобрува УСЛОВ е минимум 3-4 години по ред да имаме БДП од над 5% како би се осетил ефектот.
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Правилото е едноставно-ако ти е поевтино да плаќаш рента тогаш нема потреба од нов административен објект посебно ако претходниот чини мнооогу помалку(ели рента плаќа државата).

На ова веруваат само лаици.
и тука здравиот разум завршува,
дел од министерството за финансии за кирии ни должи 200.000 евра за шест месеци - ХАРИ КОСТОВ

ако ти оправдуваш плакање ненормални кирии на тесниот круг на партиски миленици за ненормални сума на само делови и сегменти на министерства ти имаш проблем со логика и тешко дека ке убедиш некој поинаку.

станува збор за државни институции кој треба да траат со децении и векови(пр белград, загреб софија атина и остаток од свет) кириите да се битпазарски по 100 евра за месец од просторија - пак не се исплатат ни за 10 години, (а не се битпазарски, напротив) прашањето тука е НА КОЈ МУ ОДГОВАРАШЕ 15 ГОДИНИ ДА СЕ МОЛЗИ БУЏЕТОТ по основ на кирии

*не навлегувам во функционирањето, ефикасноста и трошоците што се правеа поради поделбата на минситерствата во различни објекти, неретко лоцирани и во различни населби.

БДПто - , сврти некоја страна поназад и прочитај некој наслов, компарирај бројки - ПАРИТЕ ШТО СЕ ВЛЕАА во градежништвото по овој основ, тие две кризни години го спасија секторот како и другите придружни гранки. не збори на памет и не ја разводнувај темата
--- надополнето: Sep 17, 2011 10:21 AM ---
Сега на краток рок кејнзијанската политика на владата односно организирање јавни работи, па игралишта на КРАТОК РОК има позитивен ефект и тоа не го спорам,но на СРЕДЕН рок не генерира прилив на средства а на долг рок е и трошок така да сметам дека парите би биле подобром алоцирани доколку се вложеа за инфраструктура.(добар пример за алоцирани средства се 100-те милиони во здравството-секоја чест-но Скопје 2014 е друга приказна)
основи по градежништо

ПРИОРИТЕТ во услови на криза е градењето на капитални објекти кој ке опфатат што поширок круг на градежни гранки и подизведувачи - СО ИНФРАСТРУКТУРАТА НЕ Е МОЖНА ТАКВА ДИСПЕРЗИЈА НА КАПИТАЛОТ - односно ке се офајдеа само тесен круг на фирми и нивни сектори

паркетари, столари, фасадери, плочкари, како и нивните снабдувачи немаше да да бидат вклучени.

инфраструкурата е важна и колку што знам е предвидена за наредниот период - се надевам ке си останат на зборот и патишта нема да се прават само во Скопје.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom