Креационизам наспроти еволуционизам

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1. Теоријата на еволуција е вткаена во основата на повеќето природни (а богами и во некои општествени) науки.
.
Теоријата на еволуцијата е насилно вметната во речиси сите науки, па ако некој поединец сака да стекне научно звање, неговата теза мора да кореспондира со дарвинизмот и со еволуционизмот, наспроти совеста од идниот научник.
--- надополнето: Sep 12, 2011 7:33 AM ---
. Медицината, палеонтологијата, биологијата... се потполно невалидни доколку концептот на еволуција е погрешен или непостоечки.
.
..или како што вели мојот омилен професор„„...дотолку полошо по фактите...„ :)icon_lol:).
--- надополнето: Sep 12, 2011 7:36 AM ---
2. Докази (проверени и потврдени) за еволуцијата се наоѓаат насекаде на планетава + во вселената.
Да, се‘ околу нас напросто вреска од еволуција, а еволуцијата постои само ради еволуционистичкиот светоглед, кој „некој„ ни‘ го набил во главите, благодарејќи на безалтернативниот образовен систем.

Промената на светогледот значи и побивање на еволуцијата.
--- надополнето: Sep 12, 2011 7:37 AM ---
3. Целата светска научна заедница (>95%) стои позади теоријата на еволуција и тврди дека е таа вистинита и очигледна.
.
Тоа само покажува колкав е стравот кај повеќето научници, доколку искажат ставови поинакви од еволуционистичките!

Кој ќе писне нешто поинакво од еволуцијата, во најмала рака ќе виде исмејуван...
--- надополнето: Sep 12, 2011 7:42 AM ---
Зарем и во православна Русија насилно ја вметнуваат теоријата на еволуцијата? Кој ли таму со сила го лаже народот?
Рускиот народ, тековно се опоравува од наметнатиот комунизам, кој владееше со СССР речиси 75 г. и кој комунизам го наметна марксизмот и еволуционизмот како безалтернанитвен светоглед.

Промените во едно општество, кога се работи за промени кон подобро, секогаш се кочени од силите кои претходно владееле со тоа општество па така е и со Русија, но и жалосна Македонија не е поарен случај.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Рускиот народ, тековно се опоравува од наметнатиот комунизам, кој владееше со СССР речиси 75 г. и кој комунизам го наметна марксизмот и еволуционизмот како безалтернанитвен светоглед.
И пред тие 75 години во Русија си постоеа биолози, научници доктори....
А не знам шо е препреката да се укини едно учење, па не учат повеќе ни таму а ни овде ни марксизам ни Општонародна Одбрана... не треба тука опоравување, во еден ден се укинува со закон такво учење како што се укинаа и другите.

Нешто друго има тука....
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нешто друго има тука....
Да, има...Ги викаат „сива еминенција„, „реакционерни сили„, „остатоци од претходниот систем„ и сл.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Да, има...Ги викаат „сива еминенција„, „реакционерни сили„, „остатоци од претходниот систем„ и сл.
Знам бе имам јас брошури на таа тема “Самоуправна заједница и спољни непријатељи“ и “Стране службе и домаќи издајници у улози рушења братства и јединства“ (Издање први пролетер - Тузла)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Знам бе имам јас брошури на таа тема “Самоуправна заједница и спољни непријатељи“ и “Стране службе и домаќи издајници у улози рушења братства и јединства“ (Издање први пролетер - Тузла)
Ааааааа....:icon_lol:
Со ваква „идеолошка индоктринација„, сакаш да дискутисаш за рисјанската вера?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Теоријата на еволуцијата е насилно вметната во речиси сите науки, па ако некој поединец сака да стекне научно звање, неговата теза мора да кореспондира со дарвинизмот и со еволуционизмот, наспроти совеста од идниот научник.
Те молам објасни ги механизмите на насилно вметнување на ТЕ во биологијата. Амо можеш, нели.

Да, се‘ околу нас напросто вреска од еволуција, а еволуцијата постои само ради еволуционистичкиот светоглед, кој „некој„ ни‘ го набил во главите, благодарејќи на безалтернативниот образовен систем.
Еволуцијата навистина вреска од секаде околу тебе. Тажно е што немаш капацитет и/или воља да ја воочиш. Се разбира, развивањето на свесноста за ваков еден концепт во темел ќе ја разниша твојата инфантилна верба во арогантен, себичен и малициозен Бог, ама, еј! мора некаде да почнеш. Или не мора...

Промената на светогледот значи и побивање на еволуцијата.
Кога некој би успеал да го побие еволутивниот светоглед јас ќе бидам првиот што гласно ќе викне: БРАВО ЦАРЕ!

Тоа само покажува колкав е стравот кај повеќето научници, доколку искажат ставови поинакви од еволуционистичките!
Секој научник потајно се надева дека во својот професионален век ќе презентира револуционерна теорија која ќе го помине ригорозниот тест на научниот метод. Повеќе од 150 години ниту еден единствен признат научник не успеал во тоа кога станува збор за Теоријата на Еволуција.

Во науката нема простор за лични интереси и субјективност. Ако тоа некогаш и се случи, никаде не важи повеќе изреката „На лагата и' се кратки нозете“. Токму затоа научниот метод е единствената алатка за објективизирање на феномените кои не окружуваат. Ниту едно тврдење од Библијата не е објективизирано тврдење. Затоа секој си го пишува своето христијанство. Колку за потсетување, во моментов се повеќе од 38.000 различни христијанства. Научниот метод е еден.

Кој ќе писне нешто поинакво од еволуцијата, во најмала рака ќе виде исмејуван...
Ќе биде исмејуван оној чии тези се смешни. Ќе биде исмејуван оној кој ссвоите субјективни агенди ќе ги стави пред објективната вистина. Никогаш не бил исмејуван научник кој изградил валиден аргумент и истиот го докажал.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Те молам објасни ги механизмите на насилно вметнување на ТЕ во биологијата. Амо можеш, нели.
Секако дека можам.
--- надополнето: Sep 12, 2011 9:30 AM ---
Тажно е што немаш капацитет и/или воља да ја воочиш.
.
Можеш да напишеш и тоа дека сум ментално ретардиран, оти така Ти е полесно отколку да ми посочиш ОЧИГЛЕДЕН ДОКАЗ ИЛИ ПРОЦЕС кој ја поддржува еволуционата вера, но она што е воочливо, е дека еволуцијата НИКОЈ НЕ ЈА ВИДЕЛ.
--- надополнето: Sep 12, 2011 9:32 AM ---
Се разбира, развивањето на свесноста за ваков еден концепт во темел ќе ја разниша твојата инфантилна верба во арогантен, себичен и малициозен Бог, ама, еј! мора некаде да почнеш. Или не мора...
Мојот Бог Е онаков како Он нам ни се открива, а не онаков каков Ти го замислуваш или квалификуваш.
--- надополнето: Sep 12, 2011 9:33 AM ---
Кога некој би успеал да го побие еволутивниот светоглед јас ќе бидам првиот што гласно ќе викне: БРАВО ЦАРЕ!
.
Еволутвниот светоглед е побиен уште пред Твоето раѓање, ама сеуште не успеваш да ја прифатиш таа вистина, така немој без основ д асе чаталиш дека допрва ќе признаеш нешто кое е веќе потврдено.
--- надополнето: Sep 12, 2011 9:35 AM ---
Секој научник потајно се надева дека во својот професионален век ќе презентира револуционерна теорија која ќе го помине ригорозниот тест на научниот метод. Повеќе од 150 години ниту еден единствен признат научник не успеал во тоа кога станува збор за Теоријата на Еволуција.
.
Тоа е саде Твој заблуда и нормално, имаш право да живееш со неа. Пробелмот е во тоа што Ти е многу полесно да се фатиш за своите предрасуди, отколку да прочепкаш и да увидиш дека има и поинакви вистини...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Еволутвниот светоглед е побиен уште пред Твоето раѓање, ама сеуште не успеваш да ја прифатиш таа вистина, така немој без основ д асе чаталиш дека допрва ќе признаеш нешто кое е веќе потврдено.
Претпоставувам дека тоа побивање е извршено на неверојатно релевантниот сајт борбазаверу?

:pos:
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Секако дека можам.
Не верујем. Де, да видам како.

Можеш да напишеш и тоа дека сум ментално ретардиран, оти така Ти е полесно отколку да ми посочиш ОЧИГЛЕДЕН ДОКАЗ ИЛИ ПРОЦЕС кој ја поддржува еволуционата вера, но она што е воочливо, е дека еволуцијата НИКОЈ НЕ ЈА ВИДЕЛ.
Не го видел ни воздухот никој, нели?

Инаку, еволуцијата можеш да ја видиш на следнава слика. Се вика филогенетско дрво>



Ако сакаш ќе ти го објаснам дрвово. Не ми е тешко.

Исто, еволуцијата можеш да ја видиш тука, тука и тука. Не е ова ништо страшно, не се плаши. Се учи во основно, па таман ќе можеш да надокнадиш за тие деновите кога беше „болен“.

Само пази, еднаш ко ќе сфатиш, нема отсфаќање и Јахве оди bye-bye!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во науката нема простор за лични интереси и субјективност.
.
Ајде де....:pos:

Ма не, па то „пуца„ од „објективност„....
--- надополнето: Sep 12, 2011 9:38 AM ---
Ако тоа некогаш и се случи, никаде не важи повеќе изреката „На лагата и' се кратки нозете“. Токму затоа научниот метод е единствената алатка за објективизирање на феномените кои не окружуваат.
.
Ајде, наброј ми 5 научни вистини, кои, откако се „откриени„ до ден-денес останаа во својата почетна форма и и дефиниција.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Мојот Бог Е онаков како Он нам ни се открива, а не онаков каков Ти го замислуваш или квалификуваш.
Така, затоа и постојат повеќе од 38000 различни Јахвеовци, Исусовци, Гулаби и гугутки. Дека на секој од вас ви се открива на свој начин.

Еволутвниот светоглед е побиен уште пред Твоето раѓање, ама сеуште не успеваш да ја прифатиш таа вистина, така немој без основ д асе чаталиш дека допрва ќе признаеш нешто кое е веќе потврдено.
Ако е тоа вистина, па уште толку одамна направено, верувам дека нема да ти биде тешко накратко да елаборираш како е тоа направено. Можеш? Не. Или да?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ниту едно тврдење од Библијата не е објективизирано тврдење. Затоа секој си го пишува своето христијанство. Колку за потсетување, во моментов се повеќе од 38.000 различни христијанства. Научниот метод е еден..
Библијата е потврдена и сеуште се потврдува, ама кој да види...

А тоа што имало 38 000 различни христијанства, тоа значи дека лагата бааги се намножила на Земјава.
--- надополнето: Sep 12, 2011 9:41 AM ---
Ќе биде исмејуван оној чии тези се смешни. .
А нешто е смешно, само затоа што Ти велиш дека е смешно, не?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Библијата е потврдена и сеуште се потврдува, ама кој да види...

А тоа што имало 38 000 различни христијанства, тоа значи дека лагата бааги се намножила на Земјава.
Така е Мики. Сите тие 37 999 хрситијански групи се лажни, само оваа твојата е вистинита. Огромна е веројатноста дека е така.

Отприлика 1 : 38 000
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
. Ќе биде исмејуван оној кој ссвоите субјективни агенди ќе ги стави пред објективната вистина. .
Не постои обејктивна вистина!

Милион пати прашав на форумов: која е таа објективна вистина, кога само субјектот/човекот е тој кој есапџиски одредува ште е а што не е „објективна„ вистина!?
--- надополнето: Sep 12, 2011 9:45 AM ---
Никогаш не бил исмејуван научник кој изградил валиден аргумент и истиот го докажал.
Јес вала!
Секако , под услов, аргументот совршено да вклопува во марксистичко-дарвиновскиот светоглед, не? :icon_lol:
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Библијата е потврдена и сеуште се потврдува, ама кој да види...
Ептен е потврдена:

Светлина без сонце
Тревопасни лавови
Жена од ребро
Магариња и змии кои зборуваат
Рамна земја
Центар на универзумот
Лоша математика
Левитација
Некромансија
Сува магија
Бог кој се уморува
Сеприсутен бог кој не е секаде присутен
Сезнаен бог кој не знае се
Безпорочен бог кој се коцка
Семоќен бог кој е немоќен

Сува потврдена вистина и научна лепота една!

Ај ко ќе потврдиш една од овие горе - пиши ми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom