Кога ќе го видам Хокинг ...зошто го казнил човеков за век и веков? Зошто казнува некого да умира од рак со години во страшни маки? Тогаш кај секој верник логично е да се јавуваат блокади во верувањето.
На страна настанок, ребро, еволуции...тоа воопшто и не ми значи нешто лично во животов, само тема за инает, спорење бесцелно, без везе, да испука човек вишок адреналин ...ова е она на кое се блокирам, што ме занима и влијае на моите постојани сомнежи поготово затоа што во верата велиме Бог е творец на се и Бог е добар.
Се прашувам зошто тогаш вакви казни, зошто интелигентно е казнет мојот близок, зошто интелигентно е уништен животот на Хокинг?
како со совршенството ќе ги објасниме многуте добри души кои се мачат како ѓаволи на крст и умираат, како со совршенството да го објасниме ова?
Кој ќе одговори на ова, а да не е поврзано со гревовите на прапрадедо? Ниедна филозофија, ниедна религија и теза за совршенство поим нема зошто се дешава.