Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Јас стварно можи ќе звучам глупо али никогаш во животов не сум гледал Star Wars а да читам рецензии по нетов ми е мака.. Ме интересира дали филмови се поврзани меѓу себе (100% да..) е сега епизода 1 е 1999, а епизода 3 1977.. По кој редослед да ги гледам ?? :pipi:
4, 5, 6, 1, 2, 3.
 
По оригиналниот, како што излегувале.
Иако, по мене, не може да се доживеат Star Wars сега, како што можеа пред излегувањето на втората трилогија.
Така е. На стари години ја зафркна Лукас трилогијата. Новите продолженија, кои имаат спектакуларни ефекти, всушност имаат бедно сценарио и многу лоша глума. Тука се истакнува Кристенсен. Преоѓањето на мрачната страна е речиси комично реализирано. Да се праша човек дали Лукас воопшто мислел на нешто друго освен на пари (не заработил доволно до сега, или никогаш не е доста?) кога се решил пак да снима. Во едно интервју, Копола прилично отворено зборува за Лукас и истакнува дека типов бил неверојатно талентиран, но дека Холивуд си го направил своето, т.е. дека Лукас може и подобро. Јас се сомневам. Тоа што било - било и изгледа некому му е време за пензија, оти си ги избербати и поранешните дела.
 
Добро ама фер е да се каже дека секој што е фан на старите ќе сака да ги гледа и новите. Мене Стар Ворс ми се забава така да не очекувам којзнае какви чуда да се случуваат. Добра забава се.
 
Уште некое спојлерче да удрите за тие што ги немаат гледано сите делови на Star Wars не би било лошо :)
 
Уште некое спојлерче да удрите за тие што ги немаат гледано сите делови на Star Wars не би било лошо :)

Ништо не е спојлерисано, освен тоа дека Ведер му е татко на Лук, тоа сите го знаат.
UPVFV.gif
 
Ништо не е спојлерисано, освен тоа дека Ведер му е татко на Лук, тоа сите го знаат.
UPVFV.gif
Тоа и јас го знаев :pos:
А мислев на постот погоре, чим видов нешто што ми заличи на спојлер престанав да читам.
 
Добро ама фер е да се каже дека секој што е фан на старите ќе сака да ги гледа и новите. Мене Стар Ворс ми се забава така да не очекувам којзнае какви чуда да се случуваат. Добра забава се.
Имаш право, фер е. И јас ги изгледав, иако кецот не ветуваше многу. Ама ние луѓето сме такви секогаш очекуваме повеќе, посебно ако мислиме дека некој е способен да направи повеќе :)

Ништо не е спојлерисано, освен тоа дека Ведер му е татко на Лук, тоа сите го знаат.
UPVFV.gif

Да, ама има и уште едно големо спојлериште, кој е императорот :)?
 
Кај тролате уште и ми се врти во глава од сликата...
Не се заебавајте со спојлери гледате дека има луѓе што ништо не изгледале од серијалот.
 
Кај тролате уште и ми се врти во глава од сликата...
Не се заебавајте со спојлери гледате дека има луѓе што ништо не изгледале од серијалот.

Доволно е да имаш изгледано 5 рандом филма и ќе знаеш за Лук и Дарт.:D True story.
А за императорот, шш!! Тоа е друго веќе.
 
Ѕвездата на серијата Спартакус, Andy Whitefield не успеа да ја победи болеста (ракот) и починал во Австралија.

R.I.P. :(
 
254838_460s_v1.jpg


:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Олку не сум се смеел одамна... постои уште хумор на светов, добро е, нема да изгинеме.

Леле јас вакви смешни имам мал милион најдено ама незгодно ми е да ги ставам на форумов, пошто само слики се. Смеам?
 
Леле јас вакви смешни имам мал милион најдено ама незгодно ми е да ги ставам на форумов, пошто само слики се. Смеам?
Зошто да не? Чат-пат во темава да се насмееме малу на некој ваков хумор не ќе е лошо... :)
 
Дај кажете некој добар филм. Предност давам за ептен страшен хорор или пак ептен добра (америчка-како секогаш) акција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom