1. Имам државни и меѓународни дипломи и признанија по физика и математика. Во средно неколку пати освојував 1во или 2ро место на државните натпревари. Во 2000 година ја претставував Македонија на 31та меѓународната олимпијада по физика во Лестер (Велика Британија). Астрофизиката ми е омилена дисциплина во физиката. Имам диплома од 2 завршени курса по астрономија кај проф. д-р Мијат Мијатович (покен) - тогашен претседател на Македонското астрономско друштво. Држам часови по математика и физика веќе 13 години. Сум подготвувал и деца за натпревари. Деца како тебе ми се обраќаат со „професоре“, а не со „неук“.
Но ако тебе те исполнува тоа и ако ти е некаква сатисфакција, слободно можеш да ме нарекуваш неук, прост човек и сл.
Сеедно, за да се емитува информацијата прво мора да се создаде нели? Ако (спроед атеистите) можела тука да се создаде случајно, тогаш може и таму горе? Оттука следи и апсурдноста на атеистичките научници кои трагаат по вонземски живот, бидејќи и да детектираат некои интелигентни информации, според нивните убедувања од тоа не следи дека тие се создадени од некое интелигентно битие, туку ете нели тие би можеле да се создадат тики така, сами од себе како што се создадел и во живата клетка на Земјата - согласно атеистичката теорија за абиогенезата.