Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Се дерев дома при акцијата за вториот гол. Не е возможно играч на 20 метри од голот да прими топка сам и да не биде покриен од никој. Успеа да ја добие топка меѓу средниот ред и одбраната и да се сврти, нешто што треба да го учат уште во пионери дека играч не смее да се сврти со лицето кон голот, особено не у таква позиција. После истиот тој играч дава гол.
За третиот гол, зарем треба да се потенцира дека не се прави фаул таму, па и уште на дефанзивец...
Ова се моментите поради кои примивме 2 гола, иако имаше уште тон грешки како пример оние излетувања на сите играчи и каде што оваа формација во фаза на дефанзива треба да имаш 5 играчи, ние имавме 3 играчи, што самата по себе тактика си пропаѓа во вода.

Добра игра од Џонатан и Алварез.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Миланезите малку да ни се посмејат зошто од вторник ќе се на болување.Ќе ги зафати ураганот Барса.Ќе ги нема две недели.
А и не знам што се смеат дома со Лацио нерешено ти е исто како пораз.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.923
Поени од реакции
8.801
Ти бе друже, ти, знам дека ретко се глеаш у огледало



И мрш од темава, неаме потреба од твојата неинтелигентност, најискрено.
:pos::pos::pos: кај му е тетоважата ио соно миланиста ?? :pos::pos::pos:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
Се дерев дома при акцијата за вториот гол. Не е возможно играч на 20 метри од голот да прими топка сам и да не биде покриен од никој.
Ако воопшто се нафатите да гледате на јутуб најинтересни моменти од мечов, приметете го Камби што направи тогаш, овие веќе играат, Камби се врти нешто инструкции дели и во тој момент лагано овие си се доближуваат до гол и ја измешаа цела одбрана ...
Пресинг никаков на нивна половина, пресинг никаков и на половина на Интер, играч со одење ја мислам денес можеше до голот на Цезар да дојде, или бар до онаа зона за удар.
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Миланезите малку да ни се посмејат зошто од вторник ќе се на болување.Ќе ги зафати ураганот Барса.Ќе ги нема две недели.
А и не знам што се смеат дома со Лацио нерешено ти е исто како пораз.
Проблемот со миланезите е следниот. Они кога ќе ремизират или загубат никој од фан клубов не оди да ги замара, а пак кога Интер ќе загуби или пак ремизира, они се најактивни на фан клубов. тоа во превод ти се вика Комплекс.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
Миланезите малку да ни се посмејат зошто од вторник ќе се на болување.Ќе ги зафати ураганот Барса.Ќе ги нема две недели.
А и не знам што се смеат дома со Лацио нерешено ти е исто како пораз.
Реално, и за смеење е изданиево на Интер, ваков пристап на одбрана немаа ни Андора со Македонија сега на Градски кога играа, не се знае кој јаде кој пие, ко што му реков и на Бене, со одење може акција да им направат за гол, со одење ...

И обично го критикувам Цезар, ама со таква одбрана пред мене и ја би примил таков гол ко он што го прими 4тиот, би изгубил секаква желба за да бранам до крај на меч.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
2.371
Поени од реакции
1.281
AHAHHAAHHAHAHAHHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAAHAHHAHAHAHAAHAHAHAHAHAHAHAHAHAAHAHAHHAHAHAHAHAH 1!!! Шо напраи мусколи овај бре.....АХХАХАХАХХА !!!! БИЛДЕР
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Добро бе нема ли некој надлежен да му ја покаже вратата?
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Проблемот со миланезите е следниот. Они кога ќе ремизират или загубат никој од фан клубов не оди да ги замара, а пак кога Интер ќе загуби или пак ремизира, они се најактивни на фан клубов. тоа во превод ти се вика Комплекс.
Не не, најстариот антички и исконски навивач на Милан, гзолижачот Марли нема набиено никаков комплекс. Тоа ти е желба за истакнување пред пошироката маса.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Не знам јас пак од кај да почнам...катастрофална поставеност во средината,никаква желба за победа,за Гасперсон не знам што да кажам освен дека треба да му кажи некој дека Камбиасо и Станович не се за играње повеќе и дека одбрана со 3 дефаизвци не се игра,лоша поставеност на фудбалерите,никаква координираност,се што направивме е од индивидуалните кквалитети на фудбалерите,Алаврез и Џонатан беа одлични(посебно Алварез),........и ги замолувам фановите на Милан да не провоцираат и да не замараат во оваа тема....
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.193
Сезона 2000/01 сме загубиле од Реџина во гости со 2-1, на крај сме завршиле на петото место, шампион била екипата на Рома.
Е од тогаш немаме загубено во прво коло т.е на отварањето на Серија А, ова денешното второ коло му доаѓа како прво. :D
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Снајдер крило.

Снајдер крило.

Снајдер крило.

Снајдер крило.

Снајдер крило.



златен бени.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-M

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
Добро бе нема ли некој надлежен да му ја покаже вратата?
Во моментов рано е за такво нешто, али убаво кажа Бране, ова е класичен жут картон за Гасперини зашто сега беа понижени, без разлика што изгубија со 1 гол разлика, денес Интер делуваа ко спаринг партнер на екипа која вежба како е да напаѓаш со 8 души на тројца во одбрана ...

Али уште едно вакво издание и готово, ќе му виси тренерското место иако е многу ран дел од сезоната, со вакво темпо они можат да излезат од трка за титула по 4-5 кола.
Ја пак ќе кажам, иако 100 пати напишав, поголеми ингиренции треба да им се дадат и на Барези и на Даниеле Бернацини ( беше тренер на малдинците до првата сезона на Мурињо во Интер, сега е дел од тренерскиот кадар на тимов, нешто ко Барези ), одбраната е најранлива у моментов, скоро и да ја нема, беа тука во ерата на Мурињо, работеа со него секојдневно, сигурно не се декор у тимов и не зимаат плата за џабе.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Марли брат, знаеш и сам што може што не може. Сеир да, ама прво во темата за Сериа А, знаеш дека тука се сваќа како провокација. Не знам дали некој од нашиве доаѓа на фан-клуб Милан 5 минути после пораз кога се сите испиздени. Да е меѓусебна средба и да разберам. Јас како реплика иначе само би ти кажал дека и вие џам скршивте со Лацио па сега остана уште да зборите :)

Сега околу утакмицата:

Го извадив митралезот со кој ветив дека ќе пукам по Гасперини ако усере, ама решив да го вратам во гаража до утакмицата со Рома. Дај Боже р'ѓа да фати никогаш да не го извадам, ама нешто се сомневам.

Шчо напрајфме?

Јас од малечок дремам по стадиони, вклучително и тренинзи. Во старите добри времиња ова беше најизразено на лето, приквечер, таман заладува, си грицкаш семки и гледаш тренинзи и пријателски утакмици. Она што ми останало во главата е дека подготовките служат за уигрување на екипата. Што правевме ние цело лето додека другите си ги уигруваа екипите и издефинираа некакви состави и формации? Ние си го трошевме времето. Им дававме одмори на уморните, и оние неколку саглам утакмици ги игравме како хокеј утакмици. Знам де, не сум од вчера, на припремите секој треба да добие шанса. Ама да отидеш во Даблин на шетање и од тука на супер куп на шопинг, мене не ми иде во глава. До тогаш, требаше да се видат контурите на новиот Интер.

Кога ќе ги земеме во предвид и објективните фактори, како на пример тоа што купивме некои играчи во 5 до 12, тогаш е јасно дека ние летото комплетно го изгубивме. Ние сега сме на почетокот на подготовките.

Втора работа е формацијата. Јас сум убеден дека со секаква формација се игра, ако е добро подготвена и ако има соодветен профил на играчи да ја играат. Дури и оваа формација да се покаже како добра, има два мали проблеми. Додуша првиот е мал вториот е малку поголем. Првиот проблем е што IOsono го гледа Интер 20-ина години и не е навикнат на 7+ утакмици и брканици по терен. Да бев, уште во 90-ите ќе одберев англиско и ќе навивав за Арсенал, пошто тие тогаш играа на ура. IOsono сака армија, како онаа на Мурињо. Бедем од четворица позади, да не може голот да го најдат со Google Maps, бранење организирано како Македонија во Кошарка и трансформација во напад со двајца убијци и играчи способни да ги најдат. Или она што јас го викам, игра со глава и опашка. Вториот проблем е што верувам дека пред да се избере формацијата, треба да видиме што се имаме на располагање. Една работа во која никој не може да ме разубеди е дека намни е потребна, и логички ни се наметнува, формација во која Весли Снајдер ќе биде лидер, алфа и омега во тимот. Човек кој ќе ја поврзе одбраната со нападот и кој ќе обезбеди простор за топки до напаѓачите. Ние сега фактички имаме формација во која Снајдер е само уште една цигла во ѕидот.

Оставете ги малку на страна оние приказни како играчите го поддржувале тренерот, како се професионалци и ќе се прилагодат на било што... изјавите секогаш се такви кога ќе дојде нов тренер. Такви беа и Бенитез додека беше во клубот, за потоа Дејан да каже дека сите го убедувале да го смени начинот на подготовки, а Матрикс да изјави дека сакал да му ја учука еднаш. Снајдер беше многу вознемирен денес. Тоа го јавија медиумите за време на тренингот, тоа го покажа и камерата неколку пати на клупата. Во игра влезе нервозен, а кога е нервозен за такво не го бива. Не е тешко да се разбере зошто Снајдер себеси се гледа како лидер на овој тим, а таа улога му е ускратена. Друго што можевме да забележиме е дека секој си игра за себе, не постои хемија во тимот, никаква. А не постои затоа што не се задоволни од нешто, а тоа нешто, сигурно не е платата. Ситуацијата длабоко потсетува на онаа од лани.

Единствено добро што излезе од денешниов ден е играта на Оби, Рики и Џонатан. 'Беш му матер би ги пуштил од прва минута. Малиот е добар и брз, знае да се пробие и не врти жива сила. Рики влезе искусно како да игра 100 години, ги пушташе по јаготки и даваше одлични пасови. Џонатан можеби ја нема брзината и силата на Маикон, но технички е многу подобар од него. Затоа служат подготовките, да играа во нормален состав со нормални противници, можеби денес многу порано овие ќе добиеја шанса да играат.

Голот на Миколи беше одличен а ме изнервира тоа што предходно исто така при слободен удар, тројца застанаа во жив ѕид. Го познаваат Миколи или не? За среќа топката отиде по средина.

Не чека нервозна сезона, т.е. за оние кои очекуваат многу. Јас кажав и предходно дека ќе ни треба многу време да се стабилизираме. Се надевам дека тоа Гасперини ќе го направи брзо, ако не, некој нов тренер ќе треба да почнува одново во јануари и ете ти уште една изгубена сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom