Марли брат, знаеш и сам што може што не може. Сеир да, ама прво во темата за Сериа А, знаеш дека тука се сваќа како провокација. Не знам дали некој од нашиве доаѓа на фан-клуб Милан 5 минути после пораз кога се сите испиздени. Да е меѓусебна средба и да разберам. Јас како реплика иначе само би ти кажал дека и вие џам скршивте со Лацио па сега остана уште да зборите
Сега околу утакмицата:
Го извадив митралезот со кој ветив дека ќе пукам по Гасперини ако усере, ама решив да го вратам во гаража до утакмицата со Рома. Дај Боже р'ѓа да фати никогаш да не го извадам, ама нешто се сомневам.
Шчо напрајфме?
Јас од малечок дремам по стадиони, вклучително и тренинзи. Во старите добри времиња ова беше најизразено на лето, приквечер, таман заладува, си грицкаш семки и гледаш тренинзи и пријателски утакмици. Она што ми останало во главата е дека
подготовките служат за уигрување на екипата. Што правевме ние цело лето додека другите си ги уигруваа екипите и издефинираа некакви состави и формации? Ние си го трошевме времето. Им дававме одмори на уморните, и оние неколку саглам утакмици ги игравме како хокеј утакмици. Знам де, не сум од вчера, на припремите секој треба да добие шанса. Ама да отидеш во Даблин на шетање и од тука на супер куп на шопинг, мене не ми иде во глава. До тогаш, требаше да се видат контурите на новиот Интер.
Кога ќе ги земеме во предвид и објективните фактори, како на пример тоа што купивме некои играчи во 5 до 12, тогаш е јасно дека
ние летото комплетно го изгубивме. Ние сега сме на почетокот на подготовките.
Втора работа е формацијата. Јас сум убеден дека со секаква формација се игра, ако е добро подготвена и ако има соодветен профил на играчи да ја играат. Дури и оваа формација да се покаже како добра, има два мали проблеми. Додуша првиот е мал вториот е малку поголем. Првиот проблем е што IOsono го гледа Интер 20-ина години и не е навикнат на 7+ утакмици и брканици по терен. Да бев, уште во 90-ите ќе одберев англиско и ќе навивав за Арсенал, пошто тие тогаш играа на ура. IOsono сака армија, како онаа на Мурињо. Бедем од четворица позади, да не може голот да го најдат со Google Maps, бранење организирано како Македонија во Кошарка и трансформација во напад со двајца убијци и играчи способни да ги најдат. Или она што јас го викам, игра со глава и опашка. Вториот проблем е што верувам дека пред да се избере формацијата, треба да видиме што се имаме на располагање. Една работа во која никој не може да ме разубеди е дека намни е потребна, и логички ни се наметнува, формација во која Весли Снајдер ќе биде лидер, алфа и омега во тимот. Човек кој ќе ја поврзе одбраната со нападот и кој ќе обезбеди простор за топки до напаѓачите. Ние сега фактички имаме формација во која Снајдер е само уште една цигла во ѕидот.
Оставете ги малку на страна оние приказни како играчите го поддржувале тренерот, како се професионалци и ќе се прилагодат на било што... изјавите секогаш се такви кога ќе дојде нов тренер. Такви беа и Бенитез додека беше во клубот, за потоа Дејан да каже дека сите го убедувале да го смени начинот на подготовки, а Матрикс да изјави дека сакал да му ја учука еднаш.
Снајдер беше многу вознемирен денес. Тоа го јавија медиумите за време на тренингот, тоа го покажа и камерата неколку пати на клупата. Во игра влезе нервозен, а кога е нервозен за такво не го бива. Не е тешко да се разбере зошто Снајдер себеси се гледа како лидер на овој тим, а таа улога му е ускратена. Друго што можевме да забележиме е дека секој си игра за себе, не постои хемија во тимот, никаква. А не постои затоа што не се задоволни од нешто, а тоа нешто, сигурно не е платата. Ситуацијата длабоко потсетува на онаа од лани.
Единствено добро што излезе од денешниов ден е играта на
Оби, Рики и Џонатан. 'Беш му матер би ги пуштил од прва минута. Малиот е добар и брз, знае да се пробие и не врти жива сила. Рики влезе искусно како да игра 100 години, ги пушташе по јаготки и даваше одлични пасови. Џонатан можеби ја нема брзината и силата на Маикон, но технички е многу подобар од него. Затоа служат подготовките, да играа во нормален состав со нормални противници, можеби денес многу порано овие ќе добиеја шанса да играат.
Голот на Миколи беше одличен а ме изнервира тоа што предходно исто така при слободен удар, тројца застанаа во жив ѕид. Го познаваат Миколи или не? За среќа топката отиде по средина.
Не чека нервозна сезона, т.е. за оние кои очекуваат многу. Јас кажав и предходно дека ќе ни треба многу време да се стабилизираме. Се надевам дека тоа Гасперини ќе го направи брзо, ако не, некој нов тренер ќе треба да почнува одново во јануари и ете ти уште една изгубена сезона.