Македонија - Русија, 12.09 - 20:00 ч.

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Пак се разбуди песимистот во мене,но посакувам победа како одмазда за тоа што ни се случи пред две години.
 
Ќе видите утре коа ќе се издигне како Феникс Самарџиски со трипл дабл учинкот(20 по. 18ск. 10бл.) - ќе се чудиме после што не снашло :D

мислиш со трипл бабл... :icon_lol:

Пак се разбуди песимистот во мене,но посакувам победа како одмазда за тоа што ни се случи пред две години.

пушти Aces high... :)
 
Јас сум РЕАЛИСТ, после оваа серија од 6 победи и позитивното расположение кое владее кај нашите кошаркари можеме да ја победиме Soviet of Russia.
 
Јаки се центрите треба да ги тепаме на лични пошто реализација на лични имаат околу 50 посто ако не и под 50 тоа е за нас голем плус.Имаат јаки центри треба да ги задржиме ако играме како вчера одбрана како Лорбек што не претна нема да претне ни Кириленко само треба Самарџиски да изигра екстра утре да го замени Гечевски.
 
Сепак најверојатно за Гечевски Европското првенство е веќе завршено:place:
 
In soviet Russia Мacedonia pwns you.За тоа ќе почекаме до утре.

Малку за Гечо-штета што нема да биде со тимот до крај,стварно јак центар и многу ни помогна.Се надевам дека неговото отсуство нема да остави некои ептен штетни последици по нашата игра.

@Elninho:Noted. :)
 
Најискусниот кошаркар во македонскиот национален тим, иако вчера на натпреварот со Словенија се здоби со скршеница на зглобот на раката и носи гипс, сепак изразил желба да игра.
Против Словенците настапи со бандажи на двете нозе. Капак беше падот кога во жарот на борбата се обиде на дојде до топката, но падна со целата тежина врз дланката на левата рака. Веднаш се виде дека не оди на добро, а рентгенските снимки по мечот ги потврдија стравувањата дека се работи за скршеница.
Сепак, спротивно од прогнозите и советите на лекарите, Гечевски е добро расположен и на стручниот штаб му рекол дека сака да игра во четврт-финалето бидејќи раката со која што шутира не е повредена.
Утревечер против Русија нема да игра, но никој не може да гарантира дека Гечевски ќе го нема во составот во четврт-финалето. С
е уште е неизвесно дали тој ќе заигра на
Европското првенство во Литванија или, пак, на ваков несакан начин можеби го заврши играњето.
Лани во квалификациите на гостувањето во Унгарија, Гечевски го скрши носот, но само неколку дена подоцна настапи на дуелот со Велика Британија во Скопје, покажувајќи невидена храброст и даде пример како треба да се бори за својата земја. И сега сака да го повтори подвигот.
Со Гечевски во тимот, Македонија во Литванија ги доби сите шест меча.
 
Ќе му ја зашвајцуваат за во 1/4 финале нема гајле :P
 
најдобро сценарио би било да не игра со русија, и никој да не очекува да игра 1/4 против домаќинот литванија... кога во последен момент пред да почнат химните влегва Гечо во стил на Вилис Рид и со една рака ги делка литванците во стил на Рондо
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom