Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не можев да го гледам целиот натпревар. Почнав да гледам точно од моментот кога го примивме 2риот гол.
Одлична игра, добар резултат, доминацијата продолжува!
Некои се нервираат за 2-2. Зошто? Лани во второ коло изгубивме 0-2 на Кампот. Лани изгубивме 2-1 на истиот овој стадион. Погледнете го составот со кој излеговме.
ФИФА вирус е ова, ни малку не ме загрижува.

Имате право да бидете разочарани ако сакате, ама ве молам да не навредувате и да не плукате. Оти истите вие, во вторникот кога ќе го победиме Милан, ќе ги величите нашите играчи.

П.С.

ДОМИНАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА, НЕМА ЗАПИРАЊЕ! Оставете ги Мадриѓани нека се радуваат, сами не се свесни на кое дереџе паднаа, да се радуваат што Барса изиграла нерешено на Аноета со Сосиедад. :)
 
Кога викав дека Виља годинава не е тоа што беше лани,сите ми се нафрливте.Епа еве ви го,вака се губи титула,нека се удави некаде,ај да не продолжам со ложи зборови...
Се виде дека после излегувањето на Санчез се смени играта премногу.И не знам што мислеше Пеп со овој состав,па подобро да киксниме вторник отколку сега што кикснавме.
Кеита,Виља........цццццц.....и од Фонтас ништо не бива......
 
Остајте тоа...него видите некое инфо колку ќе паузира Алексис???
 
Абре Пеп... какви ебени експерименти прави во одбраната, Виља и Педро нека идат нека се фрлат во првата канализација што ќе ја видат.
Со 2 потези ја сјебавме утакмицата.. успеаа да ми го усрат денот.. ајт повеќе среќа наредната утакмица.:tapp:
 
Имате право да бидете разочарани ако сакате, ама ве молам да не навредувате и да не плукате. Оти истите вие, во вторникот кога ќе го победиме Милан, ќе ги величите нашите играчи.

Не се светци да не можам да критикувам. Што очекуваш да кажам за Виља? Добар потег? Браво, од 70 метри топка назад кон Валдес? Поглупа работа немам видено. А Педро усра се што допре. Санчез за него е Марадона.
 
Не можев да го гледам целиот натпревар. Почнав да гледам точно од моментот кога го примивме 2риот гол.
Одлична игра, добар резултат, доминацијата продолжува!
Некои се нервираат за 2-2. Зошто? Лани во второ коло изгубивме 0-2 на Кампот. Лани изгубивме 2-1 на истиот овој стадион. Погледнете го составот со кој излеговме.
ФИФА вирус е ова, ни малку не ме загрижува.

Имате право да бидете разочарани ако сакате, ама ве молам да не навредувате и да не плукате. Оти истите вие, во вторникот кога ќе го победиме Милан, ќе ги величите нашите играчи.

П.С.

ДОМИНАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА, НЕМА ЗАПИРАЊЕ! Оставете ги Мадриѓани нека се радуваат, сами не се свесни на кое дереџе паднаа, да се радуваат што Барса изиграла нерешено на Аноета со Сосиедад. :)
Разликувај плукање од критизирање.
Иначе се сложувам.
 
Абе незнам што им стана, на почетокот како почнаа викам на Сосиедад не им бега петка, но што им бидна после незнам, беше измачување да ги гледаш како си предаваат само без никаква желба за погодок. Од тој аспект мислам дека фалеше Меси, тој никогаш не запира и секогаш е расположен за повеќе ...овие другиве почнаа да драпат мадиња по 20та минута.

Во одбраната дефинитивно фалеше Маскерано покрај Бускец, кој беше брилијантен во секој поглед. Инаку во вторник ја играм 4-0 конечен тип за нашиве против Милан.
 
Не можев да го гледам целиот натпревар. Почнав да гледам точно од моментот кога го примивме 2риот гол.
Одлична игра, добар резултат, доминацијата продолжува!
Некои се нервираат за 2-2. Зошто? Лани во второ коло изгубивме 0-2 на Кампот. Лани изгубивме 2-1 на истиот овој стадион. Погледнете го составот со кој излеговме.
ФИФА вирус е ова, ни малку не ме загрижува.

Имате право да бидете разочарани ако сакате, ама ве молам да не навредувате и да не плукате. Оти истите вие, во вторникот кога ќе го победиме Милан, ќе ги величите нашите играчи.

П.С.

ДОМИНАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА, НЕМА ЗАПИРАЊЕ! Оставете ги Мадриѓани нека се радуваат, сами не се свесни на кое дереџе паднаа, да се радуваат што Барса изиграла нерешено на Аноета со Сосиедад. :)

Фифа вирусот повторно си го направи своето :)

Види, не е работата тоа што изигравме нерешено, 2 бода помалце на самиот почеток не е страшно, лошо е што имаа катастрофален пристап вечерва, после двата гола играа буквално како едвај да чекаат да заврши утакмицата, без нималку залагање, со многу пимплање и слично.
Малце да беа концентрирани, со 50 % да играа Сосиедат немаше ни да се приближи до гол.
Лошо постапија вечерва а можеа комотно 3 лесни бода да си лапнат.

Али ај, може ова ќе ги ојача, а верувам со Пеп така и ќе биде.
 
Еј абе читав и на тоталбарса, што кур е тоа Фифа вирус ...шо е финтата???
 
Традиција на Барселона после репрезентативните натпревари да кикснува.
Ако не се лажам после репрезентативните настапи од 22 натпревари имаме само 7 победи !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom