Сакам да зготвам: ... помош!

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
И мене ме интересира како се праат вакви крофни?
п.с.Знам како се обликуваат и знам како се јадат :D

1 лажичка шеќер
1 пециво
200 мл млеко
2 кесички ванилин шеќер
200 грама брашно
2 јајца

Се матат јајцата.Се додава шеќерот и ванилата.Кога јајцата се убаво изматени,се намалува брзината на миксерот,и постепено седодава млекото неизменично со брашното и 1 прашок за пециво.Од брашното се става по потреба- не мора точно какошто е нанзачено,може и малце повеќе, се додека не се добие густо тесто-како за мекици

Инаку во ваква форма се прават со апаратче за крофни во овој случај може и со лажица да се ставаат во врело масло
--- надополнето: Jun 10, 2011 9:18 PM ---
1. 300мл млеко
2. 100мл вода
(Или во оригиналниот рецепт беше 200мл вода и 200мл млеко)
3. квасец
4. 7 лажици зејтин
5. 2 јајца
6. 1 лажица шеќер
7. 1 мало лажиче сол
8. Околу 1кг брашно (или колку прибере се додека не се добие глатко средно тврдо тесто)
9. зејтин за пржење

Подготовка:

Во подлабок сад измешајте ги јајцата, стасаниот квасец (јас ставам сув квасец, никогаш не го подготвувам посебно), солта, шеќерот и 7-те лажици зејтин.
Потоа додадете брашно и замесете глатко средно тврдо тесто.
Оставете го тестото да стаса.
Откако ќе стаса, сукајте кора во дебелина од 1см. Со калап за крофни, или со обична чаша, правете кругови, или разни други форми. Оставете ги така направените крофните да отстојат 30 мин. на собна температура, покриени со пластична фолија за да не фатат кора.

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Пита со месо (печурки)

Питава се прави со месо или печурки но припремата е иста.

750 гр тенки кори
500 гр печурки или месо
250 мл пиво или кисела вода
Неколку лажици зејтин (кој сака може и повеќе)
Неколку главици кромид

Се сецкаат печурките и кромидот на ситно (ако неместо почурки се става месо, се сецка ситно или се меле) и се ставаат да се пропржат во неколку лажици загреан зејтин. Може да се додатат вегета (по можност без глутамат), зачинска сол и црвен пипер. По десетина минути кога е веќе омекнато се трга на страна и се спремаат корите.

Во чашка (филџан) се мешаат пивото и неколку лажици зејтин. Дното на тавчето се посипува со брашно или со зејтин и се ставаат 2 кори кои се попрскуваат со смесата од пиво и зејтин. Потоа се ставаат други 2 кори кои исто се прскаат со со пиво и зејтин. Се реди до половина кори каде се става филот од печурки и кромид и повторно се поклопува со кори и пиво се додека сите кори не се потрошат. Последната кора убаво се попрскува со смесата од пиво и зејтин.

Се пече околку 25 минути во загреана рерна на 190 степени и 10 минути пред да е готово (по желба) може да се прелие со смеса од млеко и јајце за малку попрефинет вкус.

Питата ја оптимизирав за спортисти и за луѓе кои пазат на калории но кој сака може да додаде зејтин или павлака во филот со што ќе стане посочна и секако помасна.
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
10
Сакам да направам сладолед.
До сега имам правено мн пати. Но овој пат би сакала да побарам совет или некој добар рецепт што вие би ми го предложиле. Според вас од која фирма се најдобри прашковите за сладолед? :unsure:
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672

Земи си на aleva јас земав пред некој ден...ти препорачувам да пробаш од јагора, ванила и чоколадо.. мада не е лоша ни малината .. само зависи до вкусот.. кој што сака :) па кажи како ти се свиѓале ако пробаш ;)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Имам многу брокула во фрижидер. Сакам да ја јадам малку сварена за да не се изгубат хранливите материи, ама сакам и некој сос што би одел со неа, да си макнам:) Дајте некој предлог за сос?
Салата со балсамиран оцет или соја сос.
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
10
Земи си на aleva јас земав пред некој ден...ти препорачувам да пробаш од јагора, ванила и чоколадо.. мада не е лоша ни малината .. само зависи до вкусот.. кој што сака :) па кажи како ти се свиѓале ако пробаш ;)
Зема си од ванила и чоколадо, другите ги немаше. Ама ептен е вкусен, посебно ми праве мерак што ванилата има светло жолта боја а не бела како кај некои други. Баш ти фала за предлогот, ако не ми препорачаше од оваа фирма никогаш немаше да купам зашто ми е непознато име. :)
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Зема си од ванила и чоколадо, другите ги немаше. Ама ептен е вкусен, посебно ми праве мерак што ванилата има светло жолта боја а не бела како кај некои други. Баш ти фала за предлогот, ако не ми препорачаше од оваа фирма никогаш немаше да купам зашто ми е непознато име. :)
јагодата мораш да ја пробаш :)... прекрасна е .. btw мило ми е што ти се допаднаа.. и ја бев на почеток скептик... али добро е што пробав..
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462

Сакам да прашам дали може смесата за палачинки да се чува во сад и да се прави после неколку дена.Сега ке бидам студент па планирам ако може од дома да ми направат 2 литри смеса и да ја ставам во шише и потоа кога сакам да си направам палачинки(ем брзо, ем лесно)?
 
T

Tetro

Гостин

Не.
Научи се да си правиш смеса, не е тешко. :P
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Не.
Научи се да си правиш смеса, не е тешко. :P
Знам да правам смеса но не можам таму да носам миксери,брашно, вангли и слично.А зошто не би можел да ги соберам во шише? и да седат барем еден ден или два?
 
T

Tetro

Гостин
Знам да правам смеса но не можам таму да носам миксери,брашно, вангли и слично.А зошто не би можел да ги соберам во шише? и да седат барем еден ден или два?
За еден ден мислам дека нема да имаш гајле, но за повеќе време се згуснува смесата и личи на сра*е (не можев да најдам посоодветен израз тука). :oops:
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
За еден ден мислам дека нема да имаш гајле, но за повеќе време се згуснува смесата и личи на сра*е (не можев да најдам посоодветен израз тука). :oops:
Во тој случај би можел да ја разредам со малку млеко или вода и готова работа, ке го протресам шишето и ете готова смеса!
 
Член од
5 јули 2009
Мислења
1.123
Поени од реакции
205
Сакам да прашам дали може смесата за палачинки да се чува во сад и да се прави после неколку дена.Сега ке бидам студент па планирам ако може од дома да ми направат 2 литри смеса и да ја ставам во шише и потоа кога сакам да си направам палачинки(ем брзо, ем лесно)?
Нема потреба да носиш смеси или вангли или миксери .Иди во некој од поголемите маркети има готови палачинки купуваш и дома мачкаш само :)
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Нема потреба да носиш смеси или вангли или миксери .Иди во некој од поголемите маркети има готови палачинки купуваш и дома мачкаш само :)
Студентски живот е тоа, сигурно тие палачинки чинат,
 
H

HITCH

Гостин
Знам дека никоj не побара, ама да ви кажам како си правам милк шејк од јагода.

Во чашка од ракија си ставама хопла, полна чаша (250 мл.) млеко и една рака јагоди поситно сечкани. Прво ги матам јагодите, па ја додавам хоплата и на крај млекото. Матете околу 2 - 3 мин. лудница е! Ем нема да јадете од оној прашокот за милк шејк од Dr. Oetker.

П.С. Работава испадна ми умре циганката, па си ги преземам работите во свои раце. :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom