Сакам да зготвам: ... помош!

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Саладин ај не ми се мешај во постот :icon_lol:
 
H

HITCH

Гостин
Од каде тоа дека има масло во тестенините? Мислиш на можни трагови од масло или навистина како ставка во подговотката има масло? Ако мислиш на трагови од растително или животинско масло тогаш таа веројатност ја имаш кај безмалку 100% полупроизводи (вклучувајќи ги и супите).
Ако веќе форсираш без масло тогаш строго само зеленчук и овошје на милион начини - печени, варени, печени, варени, печени, варени Х милион :)

Едит: кечап не се спрема со масло, така да стои како опција за „прихрана“ :)
Скоро сите тестенини кои се продаваат кај нас содржат масло, без масло има само дома ако си ги правиш. Баш пред некој ден не знам во кој супер маркет утепав 2 саати во делот за тестенини.
Не можам да го проверувам сега кечапот за да напишам состојки, оти ако отворам фрижидер ќе се заборавам. :pos: Кај нас скоро во се` има масло, не зборувам за остатоци.

Драга Леандра, ако некој на овој свет не можел да замисли оброк без сирење, кашкавал, кисело млеко, јогурт тоа бев јас, ама откако почнав да постам намалив ептен. Претпоставувам дека ова ти се први целосни пости па затоа ти е потешко. За мојот прв пост, јас 5 недели јадев исто! За доручек јадев печурки пржени, за ручек пеурки пржени со патлиџан, за вечера печурки пржени со патлиџан и краставица,(краставицата и патлиџанот ми беа како превкусен додаток :pos:) а за оние 2 недели кога се пости без масло јадев мармалад. Сега веќе сум навикната и ми е многу лесно. Сфаќам низ што минуваш кога е време за јадење, ама ќе се навикнеш.
Јас вчера за ручек имав ориз со спанаќ и да чудно ми е без кисело млеко или јогурт, ама не мислам на тоа. Не мисли што имаш ставено на маса, мисли да се најадеш и да станеш побрзо. :) Не јади цело време исто, менувај. Ако за ручек си јадека компир за вечера јади ориз.

Можеш да си направиш домашен мармалад, ем тазе ќе ти биде, ем повкусно е. Земи сливи, извади им ги семките, стави шеќер испечи го и фрли се на јадење.
Или слатко од мешано овошје, кило портокал, кило јаболка, кило банани, малку лимон, вода и шеќер. Ова го вариш додека да се згусне. После можеш како десерт да го јадеш, ем различни вкусови има, ем повеќе денови можеш да го јадеш.Мислам дека имам рецепт за посна торта без масло, ама не сум сигурна.
Цвекло имаш за јадење, а цвеклото е многу убаво со варен ориз. Значи ова може да ти биде еден оброк.
Посни домашни лепчиња со мармалад внатре или празни.

Од сето ова што го напишав сфатив дека мене овој пост мармаладот ми е главно јадење. :nesvest:

--- надополнето ---

Боже... уште ова го немав видено!!! Ова е совршено објаснување.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ми сварија гравче,само што го видов ми се кренаа цревата.Комотно можеш глава да се измиеш со него :))
За да не ти биде така блуткав и лош гравот, додека се вари стави повеќе кромид, еден морков и цела пиперка. Потоа испасирај ги пиперката и морковот и стави ги во гравчето...ммм прсти да излижеш, а за салата земи цвекло (да не си ја зезнеш крвта од постење) или кисели краставички :pipi:

Можеш да свариш и леќа, на ист начин како гравчето и да додадеш оригано во варењето.
Исто така и посен грашок со многу моркови не е на одмет. Па ко ќе му стаиш и црвен пипер, мераци.
Боранијата е топ, а и посна зелка.
Компир можеш да подготвиш на многу начини (пире, печен компир со растителен кашкавал и печурки, компир салата, компир манџа).
Не заборавај да јадеш суви смокви, сливи, суво грозје, семки, сончоглед....поради столицата :icon_lol:
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
793
Поени од реакции
368
Ми треба итно рецепт за правење на чоколадо..ако има некој нека постира..позз
 
Член од
8 април 2011
Мислења
4
Поени од реакции
1
До сега ја читав целава тема и се изнасмеав до солзи :pos2: цареви сте значи :icon_lol:

Еве ус пат да не останам и јас без ич да ви пишам еден рецепт за сите оние кои постат со зејтин.Брзо е,лесно,евтино и вкусно...поубаво здравје


Колач со мармалад

1 1/2 шоља за чај шеќер
1 1/2 шоља за чај вода
4 лажици мармалад
1/2 пакетче цимет
1/2 лажичка сода бикарбона

Сето ова убаво се меша и се остава да отстои половина час.Потоа се додава
2 шољи за чај брашно
1 пециво
1 ванила

Повторно убаво се меша и се пече во подмачкано плехче со брашно и зејтин на 200 степени.Одозгора се мачка со мармалад и врз него растопено чоколадо..
 
H

HITCH

Гостин
До сега ја читав целава тема и се изнасмеав до солзи :pos2: цареви сте значи :icon_lol:

Еве ус пат да не останам и јас без ич да ви пишам еден рецепт за сите оние кои постат со зејтин.Брзо е,лесно,евтино и вкусно...поубаво здравје


Колач со мармалад

1 1/2 шоља за чај шеќер
1 1/2 шоља за чај вода
4 лажици мармалад
1/2 пакетче цимет
1/2 лажичка сода бикарбона

Сето ова убаво се меша и се остава да отстои половина час.Потоа се додава
2 шољи за чај брашно
1 пециво
1 ванила

Повторно убаво се меша и се пече во подмачкано плехче со брашно и зејтин на 200 степени.Одозгора се мачка со мармалад и врз него растопено чоколадо..
Па, кај си ти до сега?! Јас си го загубив овој рецепт и баш мислев да барам помош пд некого. ФАЛА! :smir:
 
Член од
15 април 2010
Мислења
78
Поени од реакции
1
A ova chokoladovo se stava na kraj od koa kje se ispece ?!?!?!?!
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Имам многу брокула во фрижидер. Сакам да ја јадам малку сварена за да не се изгубат хранливите материи, ама сакам и некој сос што би одел со неа, да си макнам:) Дајте некој предлог за сос?
 
T

Tetro

Гостин
Имам многу брокула во фрижидер. Сакам да ја јадам малку сварена за да не се изгубат хранливите материи, ама сакам и некој сос што би одел со неа, да си макнам:) Дајте некој предлог за сос?
Незнам зошто, ама брокулата ја сакам најмногу во супа [фиде супа]. И дава специфичен вкус. :)

Шпагети со сос од брокула

Напишано од slobodan на 7 ноември, 2010 во Рецепти - Нема коментари


Шпагетите се варат во солена вода па потоа се процедуваат. Брокулата исто така се вари во солена вода и се процедува. Во сад со врело масло се пропржуваат ситно исецканиот кромид и лук. Во него се додава исецканата брокула и малку од водата во која се вареше брокулата и се пропржува. Потоа се трга од оган и се додава сусамот и исецканиот босилок. Откако малку ќе се излади се блендира. Сосот го посипуваме врз шпагетите. По желба може да попрскате со маслиново масло.

Потребни состојки:
400 гр шпагети
500 гр брокула
една главица кромид
две чешниња лук
100 гр сусам
маслиново масло
босилок
сол
http://popara.mk/recepti/shpageti-so-sos-od-brokula
 
K

kalimer0

Гостин
Мајка ми не ми правеше крофни и на шега и реков сам ќе направам и таа ми рече направи...
Сега навистина ќе направам и ми треба вашата помош. Незнам како да почнам ќе ве молам некој детално да ми објасни (веднаш ќе сфатам)
како да направам едноставни крофни како овие на сликата
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Мајка ми не ми правеше крофни и на шега и реков сам ќе направам и таа ми рече направи...
Сега навистина ќе направам и ми треба вашата помош. Незнам како да почнам ќе ве молам некој детално да ми објасни (веднаш ќе сфатам)
како да направам едноставни крофни како овие на сликата
И мене ме интересира како се праат вакви крофни?
п.с.Знам како се обликуваат и знам како се јадат :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom