Violent Femme
I am as lovely as a dream in stone..
- Член од
- 27 мај 2011
- Мислења
- 725
- Поени од реакции
- 525
И мене ме интересира како се праат вакви крофни?
п.с.Знам како се обликуваат и знам како се јадат
1 лажичка шеќер
1 пециво
200 мл млеко
2 кесички ванилин шеќер
200 грама брашно
2 јајца
Се матат јајцата.Се додава шеќерот и ванилата.Кога јајцата се убаво изматени,се намалува брзината на миксерот,и постепено седодава млекото неизменично со брашното и 1 прашок за пециво.Од брашното се става по потреба- не мора точно какошто е нанзачено,може и малце повеќе, се додека не се добие густо тесто-како за мекици
Инаку во ваква форма се прават со апаратче за крофни во овој случај може и со лажица да се ставаат во врело масло
--- надополнето: Jun 10, 2011 9:18 PM ---
1. 300мл млеко
2. 100мл вода
(Или во оригиналниот рецепт беше 200мл вода и 200мл млеко)
3. квасец
4. 7 лажици зејтин
5. 2 јајца
6. 1 лажица шеќер
7. 1 мало лажиче сол
8. Околу 1кг брашно (или колку прибере се додека не се добие глатко средно тврдо тесто)
9. зејтин за пржење
Подготовка:
Во подлабок сад измешајте ги јајцата, стасаниот квасец (јас ставам сув квасец, никогаш не го подготвувам посебно), солта, шеќерот и 7-те лажици зејтин.
Потоа додадете брашно и замесете глатко средно тврдо тесто.
Оставете го тестото да стаса.
Откако ќе стаса, сукајте кора во дебелина од 1см. Со калап за крофни, или со обична чаша, правете кругови, или разни други форми. Оставете ги така направените крофните да отстојат 30 мин. на собна температура, покриени со пластична фолија за да не фатат кора.