Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.965
Поени од реакции
45.230
Овој Матрикс колку бил убеден дека ќе освојат ЛШ, и мајца пред натпреварот направил, и тоа бајаги добро изгледа, на матура да отидеш со неа од што е добра .... или на свадба, уште младоженецот да е јувенташ, мх мх.

Инаку ЦСКА Москва у грда форма се бајаги, 0-4 дома изгубија од Динамо Москва денес, катастрофа, редат многу лоши резултати, беа први убедливо до пред неколку кола, им се повреди Акинфеев, исто и Хонда, сега се аматери тешки, ги гледав со Спартак на Спорт Клуб пред 2 недели, ужас се, би требало многу лесно да ги победат ( на двата меча алудирам ).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: HH9

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Јас не знам што се нервирате со старата баба тие нема со што да им го креват моралот на разочараните навивачи па сега со Интер се занимават.Помина времето на швајцарските сим карти.

Инаку читам Гасперсон дава изјава Снајдер ќе играл во Нападот не средина е сега станува интересно Милито сигурно ќе го игра напред Снајдер и уште еден најверојатно Форлан другите на клупа.
Си имал доверба во 3-4-3 само се молам да не изгубиме полусезона со овој тренер па во Јануари на велемајсторите од менаџментот да им текне тренер да барат најверојатно Миха е прв на список.
Да ви кажам кога го гледам овој иноватор подобро Михајлович да ни беше тренер човекот и го познава тимот.
А нашиот противника го јадеше дома и тоа 4-0 групата ни е многу лесна.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
802
Поени од реакции
287

Нека даде копилево вакво голче или три нормални утре, и му купувам дрес одма!
Кај ке даде ваков гол во Италија...попрво ке биде испратен на интензивна нега :pos:
--- надополнето: Sep 10, 2011 1:05 PM ---
Овој Матрикс колку бил убеден дека ќе освојат ЛШ, и мајца пред натпреварот направил, и тоа бајаги добро изгледа, на матура да отидеш со неа од што е добра .... или на свадба, уште младоженецот да е јувенташ, мх мх.

Инаку ЦСКА Москва у грда форма се бајаги, 0-4 дома изгубија од Динамо Москва денес, катастрофа, редат многу лоши резултати, беа први убедливо до пред неколку кола, им се повреди Акинфеев, исто и Хонда, сега се аматери тешки, ги гледав со Спартак на Спорт Клуб пред 2 недели, ужас се, би требало многу лесно да ги победат ( на двата меча алудирам ).
Абе добро, друго е Лига на Шампиони. Замисли играш со Интер и со Динамо Москва.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ние не знаеме скоро ништо за нашата група... за сите четири екипи во неа.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
802
Поени од реакции
287

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.965
Поени од реакции
45.230
Лил се јаки, Хазард и Mussa Sow се страшни играчи, овој вториов ако памтите се поврзуваше со Интер летово, лани најдобар стрелец во Франција, oд 32 меча 25 гола што е феноменална статистика а знаеме какви напѓачи излагаат од Франција, главна причина им е што освоија титула лани ( трета во историја, прва по 40 и кусур години ), сезонава 2 кола 2 гола во Франција, со нив ќе биде многу тешко на гости.

ЦСКА ги имам следено неколку пати на Спорт Клуб, имаа 10 бода предност пред Зенит, моментални исто бодови имаат пред сам крај на сезона и Зенит има меч помалку ( моментално играат, 0-2 гости водат со Локомотив Москва ), значи ептен голем пад имаат ЦСКА, во последни 6 меча од Русија имаат само една победа, 3 нерешни и 2 пораза, ова е период кога Хонда и Акинфеев се повредија ( нема да играат со Интер, Акинфеев лигаменти скина, за Хонда не ми текнува што повреда има али 2-3 месеца аут ќе е ).

Динамо Москва со Воронин и Курањи денес курташак си играа со нив, дебакл на нивни терен, одбраната им е исто, катастрофа, милион дупки имаат, тоа ако не се искористи со овој креативен напад на Интер ондак Гасперини нек се убие, пенал е ова за него, и двата меча.

Трабзон се енигма за мене али сепак квалитетот на турското првенство во последниве сезони не е голем, во Европа се мачкина кашлица последниве години, сезонава само ради скандалот играат во ЛШ, инаку играа квалификации за ЛШ, '' отпаднаа '' од Бенфика, гости 2-0 пораз дома 1-1. Очекувам и тука во двата меча Интер да победи.
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
6.701
Снајдер на Клупа?!?! Лично не верувам дека ке направи такво самоубиство во прво коло, повеке од јасно е дека 343 е меч со две острици но пак повторувам ,,, Снајдер на клупа?!?!?! Ако треба ке ја смени тактиката но лапсуз тежок ке биде ако не почне Весли од прва минута ,,, рано е за критика уште не почнало првенството но Гасперини нема голема доверба кај мене.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Лил се јаки, Хазард и Mussa Sow се страшни играчи, овој вториов ако памтите се поврзуваше со Интер летово, лани најдобар стрелец во Франција, oд 32 меча 25 гола што е феноменална статистика а знаеме какви напѓачи излагаат од Франција, главна причина им е што освоија титула лани ( трета во историја, прва по 40 и кусур години ), сезонава 2 кола 2 гола во Франција, со нив ќе биде многу тешко на гости.

ЦСКА ги имам следено неколку пати на Спорт Клуб, имаа 10 бода предност пред Зенит, моментални исто бодови имаат пред сам крај на сезона и Зенит има меч помалку ( моментално играат, 0-2 гости водат со Локомотив Москва ), значи ептен голем пад имаат ЦСКА, во последни 6 меча од Русија имаат само една победа, 3 нерешни и 2 пораза, ова е период кога Хонда и Акинфеев се повредија ( нема да играат со Интер, Акинфеев лигаменти скина, за Хонда не ми текнува што повреда има али 2-3 месеца аут ќе е ).

Динамо Москва со Воронин и Курањи денес курташак си играа со нив, дебакл на нивни терен, одбраната им е исто, катастрофа, милион дупки имаат, тоа ако не се искористи со овој креативен напад на Интер ондак Гасперини нек се убие, пенал е ова за него, и двата меча.

Трабзон се енигма за мене али сепак квалитетот на турското првенство во последниве сезони не е голем, во Европа се мачкина кашлица последниве години, сезонава само ради скандалот играат во ЛШ, инаку играа квалификации за ЛШ, '' отпаднаа '' од Бенфика, гости 2-0 пораз дома 1-1. Очекувам и тука во двата меча Интер да победи.
А Интер? :)
Поентата на предходниот пост ми беше дека во случајов не знаеме на што ќе личи Интер, барем не до вечер. Која ќе биде формацијата, кои играчи ќе добијат шанса, дали ќе тргне добро или ќе се менува паралелно со настапите во ЛШ, како ќе функционира одбраната во новиот систем... Многу работи не знаеме, јас ќе се воздржам од коментари, барем до вечер.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Интер ќе се откаже од статусот на лимитации само тогаш кога и Јуве истото ќе го направат за сезоните претходно и ќе се согласат да се изврши една детална истрага за сите сезони со Моџи а и за допинг скандалите за кои беа поврзувани уште од радите 90ти. Тоа нормално нема да биде случај, па зашто Интер би се откажале од статусот на лимитации тогаш, нешто што е единствен начин за да им се повлече скудетото од 2006.
Само мала исправка.
Statute of limitations е. Тоа во превод e рок за застареност. Или буквално значи закон (статут) за рокови за застареност.
Така да технички Интер и да сака да се откаже од statute of limitations, не може и за тие дела не може да има постапка. Исто и за допинг скандалот на Јуве и за другите сомнителни( да не кажам местени) сезони на Јуве.

За другото се слагам со Syn. Типични медиумски игри и PR на менаџментот на Јуве. Се трудат по секоја цена да си го одржат тоа нешто што им остана од угледот, да го задржат името во јавноста, да си ги задржат навивачите и во деловниот свет да не бидат запамтени како местачи и сомнителен клуб. И се тоа го прават со класичното "не бев само ја имаше и други што местеа" што уствари ви кажува со колку аргументи вистински располагаат. Па и цела кампања покренаа за тоа, ко да се борат со меѓународен тероризам. А и плус им одговара тоа и на некои од нивните hard-core навивачи, за кои Билдербершка група и Рокфелерови стојат позади Калчополи, па се обидуваат да стекнат респект од нив.
Фактот што само еден ден по поминувањето на рокот на застареност излезе тој од федерацијата со изјава дека и Интер и Милан направиле прекршоци ви кажува се. Мислам имаа пет години да го истражат целиот материјал и скоро година и пол од коа Моџи почна да изнесува свои докази и они успеаа да најдат нешо баш денот кога формално веќе другите клубови не можеа да бидат гонети. Смешки
А и ЛШ е почната нема шанси сеа да се повлекуваат тимови или па недај боже да се исфрлаат. Уште еден медиумски трик.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.965
Поени од реакции
45.230
Статут е да, грешно го напишав инаку на тоа алудирав, баш и го изгуглав прееска, читав нешто во врска со тоа ама тука наместо статут, статус сум напишал ( класична фејсбук генерација ).

п.с. Интер може, на нивно барање, да се откажат од истото, тоа Дела Вале од Фиорентина го бараше, нивниот претседател, кога се испокара преку медиумите со Морати.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Нема теоретски шанси Џонатан, Станко, Камби, Нага да играат пред Снајдер.

Исто така, ќе се прашаме дали Милито пред Пацини.

Кој весник има олку глупи новинари?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom