Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
за да ти биде полесен рамниот бенч вежбај на дигната коса клупа со бенч и со еднорачни тегови исто на подигната клупа.Со тегови е поефективно.Јас лани кога идев можев да вежбам 4 серии по 60 кг,а летово идев еден месец и се напнав повеќе со овие вежби и за кратко време почнав да ги правам сите серии по 80 на рамен
Jас работам слично, т.е. прво се загревам со еднорачни па продолжувам на беч. Со еднорачни секогаш помалку можеш да дигнеш ама движењето на бенч е многу ограничено така да најдобро е и двете да ти користиш.
 
Или технични лошо го изведуваш движењето или нешто друго не е во ред. На рамен бенч СЕКОГАШ можеш повеќе да креваш од кос.
 
По која логика е тоа така?
Со која вежба почнуваш да вежбаш, која вежба ја правиш прва кога си најодморен на таа ќе имаш најдобри резултати.
 
Бидејќи Sajsiga си ги кажуваше кревањата и рече дека може повеќе на кос. Не збориме ние за тренинг гради па да почне со кос, па да прејде на рамен при што нормално ќе биде позаморен и нема да може колку што може одморен.
И јас би дошол во почетници :)
На бенч дигам 125% од мојата тежина ( и тоа посилен сум на кос што е малку чудно) а на чучањ едвај 100%.
Со оглед дека вежбам само 4-5 месеци до некаде сум и задоволен :)
Еве го неговиот претходен пост.
 
Или технични лошо го изведуваш движењето или нешто друго не е во ред. На рамен бенч СЕКОГАШ можеш повеќе да креваш од кос.
абе изгледа мисли на косиот надоле,ако на тоа мисли во право е,тој е многу полесен
 
Добро јас не гледам ништо чудно во тоа.Кога почнуваш некој мускул да вежбаш по навика секогаш одиме на таа вежба што ни е најлесна,а тоа е таа што на почеток сме почнале прва да ја правиме и секогаш на таа за нијанса имаме подобри резултати.Јас имам пробано година дена да почнувам со бенч и на таа имав подобри резултати од коса,последнава година прва ја правам коса и на таа дигам повеќе отколку на права.
 
Пробај да направиш повеќе одмор меѓу вежбите.
 
Има некој нарачувано преку herkules.com?Ме интересира колку се доплаќа за испораката до врата?
 
Или технични лошо го изведуваш движењето или нешто друго не е во ред. На рамен бенч СЕКОГАШ можеш повеќе да креваш од кос.

Нене, само секогаш тренинг започнувам со кос првин бидејќи го форсирам горниот дел на гради (долниот дел од гради ми беа развиени пред да појдам во теретана од склекови и склекови со дополнителни тежини). Дури откако ќе го завршам тренингот со горен дел преаѓам на рамен бенч. Cледниот тренинг ќе пробам обратно па ќе видам мада во најдобар случај ќе бидат израмнети затоа што од секогаш форсирам кос.
 
Дали некој од вас користи макар како загревање (или редовен дел вежби) разбој за гради (со кос наклон нанапред)? Доста е заморно као тежински дел (зависи и која тежина си :)), но според некои поискусни, посериозни вежбачи, наводно е доста квалитетна како вежба за гради.
Weighted chest dip
Дали мислењето за висок учинок на оваа вежба е мит или вистина и (иако зависи и од тежината на телото и од снагата, макар отрпилика) по колку обично се препорачува серии и повторувања, со правилна изведба.
 
Јас ја правам и малку е напорна ако ја правиш на крај од тренингот за гради али ја чуствувам дека ги цепа влакната во мускулите така да мислам дека е добра. Малку е тешко да изолираш за гради, секогаш солидно удира и на трицепс. Инаку ја правам 3х10.

btw што би избрале помеѓу

image_25671_450_white.jpg

или

image_29124_450_white.jpg

Сите го фалат QuickMass ама овој ISO MASS е со 50% протеин во него за разлика од QuickMass кој има само 25%. ISO MASS е оценет со 8,9 QuickMass со 8,8.
 
Има некој нарачувано преку herkules.com?Ме интересира колку се доплаќа за испораката до врата?

Оди на форумот www.herkules.com.mk и прашај :)
--- надополнето: Sep 9, 2011 2:55 PM ---
Јас ја правам и малку е напорна ако ја правиш на крај од тренингот за гради али ја чуствувам дека ги цепа влакната во мускулите така да мислам дека е добра. Малку е тешко да изолираш за гради, секогаш солидно удира и на трицепс. Инаку ја правам 3х10.

btw што би избрале помеѓу

image_25671_450_white.jpg

или

image_29124_450_white.jpg

Сите го фалат QuickMass ама овој ISO MASS е со 50% протеин во него за разлика од QuickMass кој има само 25%. ISO MASS е оценет со 8,9 QuickMass со 8,8.

AllMax производите ни во најлош кошмар неможе да се споредуваат со Ultimate. И не ме прашувај зошто, одговорот е многу очигледен.
 
Дали некој од вас користи макар како загревање (или редовен дел вежби) разбој за гради (со кос наклон нанапред)? Доста е заморно као тежински дел (зависи и која тежина си :)), но според некои поискусни, посериозни вежбачи, наводно е доста квалитетна како вежба за гради.
Weighted chest dip
Дали мислењето за висок учинок на оваа вежба е мит или вистина и (иако зависи и од тежината на телото и од снагата, макар отрпилика) по колку обично се препорачува серии и повторувања, со правилна изведба.

Да, тоа е одлична вежба. За повторувања и серии зависи од тоа колку можеш да направиш во една серија. Ако не можеш многу, тогаш гледај вкупниот број на повторувања да ти биде околу 25.
Пример ако можеш да направиш најмногу 5 во една серија, тогаш би можела рутината да ти биде 5х5, или 5/5/4/4/4/3.

Ако можеш да направиш повеќе од 10 во една серија, тогаш ти треба дополнителна тежина. Вежбата не е лесна за правење и не се користи за загревање, туку повеќе како помошна вежба.
 
Ќе отворам нова тема тука во останати спортови за спортови за сила и слично. За да не се мешаме тука со бодибилдингот. Таман и World Strongest Man ќе има нареднава недела па мислам дека ќе биде добро време да ја почнам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom