Само да сумирам...ете Скопје11 и Суперстарпица....напишани постови еден по друг....а веќе различни мислења!!!! Муабетото ми е што неможе да се прилагодиме само кон една страна или само кон друга...дали само годишно, дали само месечно!! Дали 1200...или 500...или пак 300!! За што тие пари би се трошеле....ете Суперстар вика може 1200....да бидат за реквизити, некој погоре кажа, кој сака реквизити...нека си доплаќа!!! Јас мислам дека сето ова треба добро да се осмисли, за да не се двоиме, односно некој да каже....не ми одговара, неможам јас да се замарам...несакам, многу пари ми се, малку ми се, ме мрзи или незнам што.....!!!! А за список, има веќе кој уплатил, односно помогнал со тоа во основање на здружението....се уплаќаше или кеш...а за тие што неможат кеш, оставив јас моја трансакциска!!! За веб страна што збориш, чекаме само да го оформиме...па да се купи домеин....или пак да бараме спонзорство (веќе имам јас нешто на ум)!!!
Клучот на формирање на ваков Фан Клуб би можел да успее само и само со правење на реквизити!
Значи не сакам никого да омаловажувам, обезхрабрувам или такви слични работи....... но јас искрено не ја гледам целта на формирање на фан Клуб во би биле само членови!
Искрено јас а верувам и дека сите они кои се надвор од СК а кои се со работни обврски не би можеле да одат на заедничко гледање на утакмици.... барем како шо прочитав погоре и тоа е дел од идејата.
Значи поентата ми е дека е залудно формирање на Фан Клуб во кој само би биле членови.....
Дресови , Мајци , Шалови , Знамиња итн итн.... се работи кои треба да се направат како рекламен материјал (секако со Македонски Акцент) со кои би примамиле што повеке членови да се придружат во овој Фан Клуб со што би ја исполниле и квотата со која и ние би обрнале внимание во Централата односно во Фан Клубот во Ливерпул со која би можеле многу полесно да се зачлениме а исто така и добиле некои бенефиции како верни навивачи на Ливерпул.
Затоа велам...... 1200 годишна чланарина во која би биле вклучени Реквизити со кои би ги примамиле сите оние кои и само го симпатизираат Клубот со што би ја подигнале нивната мотивација за приклучување на Нас “Верните“ навивачи односно симпатизери!
Доколку би било чланарина од 100 денари кои би се плакале месечно реално и искрено од мене јас не би плакал поради преголеми обврски со што би направил само проблем од уплаканње на сумата на некои 2-3 месеци за потоа да заборавам или го немам потребното време!
Исто така ке потенцирам дека малку ке бидат работите кои може да се испланираат со толкава сума на пари ете би рекле од 100 денари во првиот месец за зачленување.
Понатаму во иднина оние луге кои го организираат оваа (капа доле) само би се бореле со финансиите и организацијата и би тапкале во место !