1:16 Мahindra CJ4 - рачно правена макета

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Фала на коментарите (y) Пепси, работев брзо, ама веќе имам некои обврски па најверојатно ќе правам пауза од некој ден.

sajSiGa, отворите се направени со бор-машина (или дупчалка ватевр).
 
Конечно малку време за работа... Да не речете дека ништо не работам :)

Малку ги искомплицирав работите со тоа што направив механизми за отварање/затварање на вратите.

DSCN0791.jpg
DSCN0789.jpg


DSCN0787.jpg
DSCN0786.jpg


Ja изоставив внатрешната рачка затоа што е премногу работа. Може само да ја залепам и да биде фиксна.
DSCN0795.jpg


Морав малку да ја изладам главата со нешто полесно... Што на крајот излезе исто комплицирано. Поткрилата заедно со отворите за воздух.
DSCN0803.jpg


Ги направив и деловите каде што школката е заштрафена за шасијата.
DSCN0802.jpg


Го започнав и кровот. Го правам како и оригиналниот, од 4 посебни делови. Ќошевите ќе ги правам од пластика, или евентуално ќе ги пресувам во калап.
DSCN0806-1.jpg


It's been a looong day...
 
Денес правев ситници на кои потрошив многу време, а на прв поглед не се ни забележуваат.

Почнав со тоа што го комплетирав кровот и ја направив ивицата која ја собира водата кога врне. Кровот ќе биде фино обработен, на него има уште работа.
1.jpg


...продолжив со куќиштата за моторите кои ги придвижуваат брисачите кои изгледаат вака некако
2.jpg


3.jpg


еве ги монтирани, брисачите допрва ќе ги правам (имам полно идеи за нив:sneaky:)
4.jpg


Набрзина отидов да го финиширам задниот дел со стапката која е прицврстена директно за шасијата:
5.jpg

Ми фали уште кука :) Браниците најверојатно ќе ги заменам со други, подобри. Исто така, од сликата се гледа и отворот на везниот лим кој треба да го поправам затоа што не е баш на средина. Тоа ќе почека затоа што за конечната мерка треба да ја фиксирам школката, сега е само така поставена.

Две фотки од речиси завршената лимарија:
7.jpg


6.jpg


... тркалата треба да бидат со малку помал дијаметар и ќе бидат скроз таман.
 
Денес средував некои ситници кои сум ги испуштил, како на пример триаголниците кои го држат fire wall-от за шасијата...
DSCN0845.jpg


DSCN0847.jpg


DSCN0848.jpg


Исто така го направив и дифузерот кој го води воздухот кон ладникот.
DSCN0842.jpg


DSCN0844.jpg


Проект на денот беше држачот за резервното тркало :D
DSCN0853.jpg


Внатрешниот дел и држачот на вратата се 100% како оригиналот....
DSCN0855.jpg


Интересно е што го решив проблемот со затварање на десната врата, кога е прицврстено тркалото вратата не се отвара (не сака ни да мрдне).
DSCN0858.jpg


To be continued...
 
Не знам што да кажам, "just perfect". И да, му требаат малку помали бандажи и по можност да не се пониклувани, според мене подобро би стоеле. Чекам апдејт :vozbud:
 
Големината на овие гуми на сликата одговара со 7.00 x 16 (димензија на гуми која ја користи Уаз/Газ). Вилисите и Махиндрите фабрички носат 6.00 х 16 која е помала. Ако имам живци (а ќе најдам некако), бандажите заедно со гумите ќе бидат исти како оригиналот.

warn_willys_cj2_wheel.jpg


Еден бандаж ќе го направам идентичен (ако треба и цел ден ќе потрошам), ама проблемот е што треба сите 5 да бидат исти. Ќе треба некако да ги леам... Се разбира, бојата ќе биде како и на вистинскиот џип.
 
Треба да биде вака некако
DSCN01212.jpg

само што фарбањето ќе се забави додека не ја направам и последната ситница.
 
Срање е.


Се зезам, гледам по темиве што прави Зоцц и се восхитувам, а кога налетав на оваа тема си реков "у пичку матер". Секоја чест.
 
Фала на коментарите ;)

Малку завлегов во деталите со тоа што го направив рамот за предните седишта. Оваа верзија (bench seat) ја има само кај последните години на производство на СЈ3B (1965-1966 кога Willys Оverland е купен од Kaiser). Исто така се среќава и кај Махиндра СЈ 4.

DSCN0860.jpg


и како изгледа наместено внатре во кабината:
DSCN0861.jpg


Од сликата се приметува уште нешто - ја направив цевката преку која горивото од грлото за полнење доаѓа до резервоарот.

Утре ќе ги правам рамовите за задните седишта или евентуално ќе ги профилирам деловите за седење од стиродур.
 
А џипов има нешто што го немаат ни најновите автомобили. Катапултирање на возачот при несреќа. :D Добро место избрале за резервоарот. А супер е ова.
 
А џипов има нешто што го немаат ни најновите автомобили. Катапултирање на возачот при несреќа. :D Добро место избрале за резервоарот. А супер е ова.
Не се секирај најверојатно и на твојата кола е под седиште ама задно :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom