Зошто во Македонија младите не отвараат бизниси ?

Член од
7 септември 2011
Мислења
6
Поени од реакции
1
Зошто воопшто си го трошите времето на вакви теми ? Кога со свои очи гледате дека доста познати луѓе прават рекет на познати клубови , дискотеки , фирми и т.н. и дека е НЕВОЗМОЖНО во нашата Македонија да се започне било каков успешен бизнис.. Доколку сакате да отворите мал колонијал го имате истиот обртај како и една нормална плата.Нормално доколку сето тоа го извршувате легално . Единствено тогаш би можеле да бидете свој газда меѓутоа ќе го водите истиот живот како да сте вработен во некоја компанија или слично . Исто така постои ризик од конкуренција која што ја прави целта тешка . Сум гледал пред мои очи како вршат рекет во дискотека и неможев да се изначудам на таквиот народ . Оваа тема нема крај затоа што не се сите запознаени со лошата страна на нашата драга Македонија !!!
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
5
Поени од реакции
6
Зошо сме мрзливи, у п****матер!
Е ЗАТОА!
XD
Се шалам, се шалам :P
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.345
Поени од реакции
26.343
И јас очекував факти но добив приказна од сител.
Кога би тужел би знаел дека со тужба со извршител оди мин 1 година. Исто така кога би тужел би знаел дека ако правното лице кон кого водиш судска постапка нема средства (отворил нова фирма,префрлил се на неа, префрлил на браќа сестри роднини) извршителот нема од што да наплати туку те става на листа за наплата. Ако нема извор за наплата судските давачки, такси и извршител ќе си ги платиш ти иако си тужител.Значи за своите пари кој си ги вложил во бизнисот никој не ти гарантира во оваа држава. Наплатата ти е секогаш под знак прашалник. Побрзо оди со извршител да во право си, но теоретски. Нема метод кој ти гарантира наплата, секој може да отвори фирма да те закрпе и да замине. Нема судство, нема механизми. Чиста теорија во пракса магла.
Второ намалени даноци. Јас плаќам данок на добивка (овие две години бевме ослободени до душа), персонален данок и придонеси за вработените. Овие беа давачките порано. Сега придонесите се намалени за околу 1000 денари,значи годишно 12 000денари ме спасиле со намалувањето. Но за разлика од тоа плаќам 18 000 денари за изработка на елаборат за заштита при работа како фирма. Плаќам редовно радиодифузна такса од 130 денари месечно бидејќи е преку УЈП,а УЈП веднаш ми ја блокира сметката. Плаќам 2800 регистрација на влечно возило од кој 1500 евра одат за фонд за патишта на Р.М. Благодарение на патиштата редовно посетувам сервисер и купувам гуми која една чини 500 евра. Освен фонд за патишта плаќам и патарини од 170 денари (Петровец), 110 (Куманово) 270 денари (Велешка) итн. се разбира возам по писти.
Други давачки кој ми ги нареди државата е купување на против пожарна опрема во канцеларија која ме чинеше 3500 денари, а редовно ја сервисирам секоја година значи плус трошок. Освен во канцеларија државата ме задолжи да носам против пожарен апарат не еден туку два во самото возило по еден за влекач и едно за приколка. Кој исто така се сервисираат. Но ајде ќе речеш може да се запали робата па убаво што ми наредила да ги поставам.Да биде потрагично за таа роба во приколка плаќам ЦМР осигурање кое ме чини 1500евра годишно и каско осигурање на возилото. Значи државата ми ги дуплира давачките само со различни имиња. Додека сум кај давачките кој ми ги наметна државата со „намалување на даноците“ би ги споменала и лиценците кој ги плаќаме во министерство за транспорт и врски од 250 евра и дозволите 5 евра една, тука додени и провизии на банката. Значи ептен со новите измени ми ги намалија даноците, неможам да им се заблагодарам, особено со новиот закон кој го готват да им оставиме банкарска гаранција од 70 000евра. Ќе ги заборавев и лиценците на компјутеерите од годинава кој ме чинеа добри 500 евра.Лиценциран софтвер.
Ова е во мојот сектор, секој сектор си има свои давачки намалени нели :)
И казните секако се зголемени. Само што со новите „подобрувања на бизнис климата“ се казнува за се и сешто. Незнам од кај да почнам до каде да завршам дали само од мојот сектор или се на куп да ставам. Од цигари, до чистење снег, немање електронска пошта, до вересија,зошто дишеш итн.
Една година е подобро од 10 години. Никој не рече дека е совршено и дека сигурно ќе наплатиш, само дефинитивно е подобро од предходно.
За даноците сама кажа дека се намалени.
Патарини и радиодифузна такса се плаќаат од секогаш. Тоа што радиодифузна такса оди преку УЈП е добра работа. Не е за фалење дека досега некој на плаќал радиодифузна такса.
Противпожарна опрема е стандард во сите европски земји(кон кои нели целиме). Зошто мислиш дека ако возилото ти е осигурано не треба да имаш ПП апарат?
Досега немаше лиценци?
Досега користеше нелиценциран софтвер? Тоа е кривично дело. Значи и забележуваш на државата за тоа што те примора да ги почитуваш законите. И постои бесплатен лиценциран софтвер, ако тоа ти е проблем.
Доколку не прекршуваш ниеден закон нема да те казнат. Многу е едноставно.

Значи најголем дел од тоа што го наброја како давачки постоело и досега само не се наплаќало. Јас сега добив впечаток дека тебе не ти се допаѓа тоа што почнаа да воведуваат дисциплина. Баш напротив мене тоа ми се допаѓа.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Те молам овде дискутираме економија а не политика. Наброј ми ги твоите факти за подобро па да споредиме.Ајде почни да раскажуваш како ти тужиш и наплаќаш, како се радуваш за задолжителните законски измени и слично.
Ќе заборавев со бројки те молам не ми лежат приказните.
 
Кои тоа законски измени? Досега набројавте само две нови. Патриотските фискални што беа грешка и противуставни и ПП-апаратот што е европски стандард. Сите други предходно постоеле. Сега не може да се избегне нивната наплата. Тоа е добро. Што сакаш со бројки подетално. И сама кажа дека даноците се пониски. Што друго? Ти кажав дека мене не ми сметаат високите казни, баш напротив.
 
Јас кажав конкретно за мојот сектор со бројки точно и конкретно. И те замолив да не ми држиш пропагандни лекции ако не примети алергична сум. За даноците мислам дека најубаво ти раскажав, се намалија придонесите за 1000ка се зголемија давачките.
Ајде ти одново почни, значи вака и вака е кај мене во мојот бизнис имам фискална каса не давам вересија...Значи сакам реално да ми кажеш што ти се смени во бизнисот. Ајде повели.
 
Ајде ако сакаш така. Придонесите се намалија за 1000-ка и за некои вработени и повеќе месечно. Тоа се 200 евра годишно. 43Х200=8600 евра годишно. Давачките ми се потполно исти. Данокот на приход е понизок. Патарините се пониски од 2006. Сите клиенти на кои им ја носам робата имаат регистрирани фирми, па наплатата ми е посигурна (не реков целосно сигурна). Тоа до 2006 не беше случај. Дали пола од маркетите беа регистрирани, па мораше да се работи во кеш на доверба. Задоволна сега?
 
Така веќе можеме да дискутираме :)
Ја носиш во големи или мали маркети?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.345
Поени од реакции
26.343
Така веќе можеме да дискутираме :)
Ја носиш во големи или мали маркети?
Само мали, бидејќи големите имаат своја дистрибуција. Робата што ја пласирам во Македонија не ја произведувам туку само ја дистрибуирам.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Само мали, бидејќи големите имаат своја дистрибуција. Робата што ја пласирам во Македонија не ја произведувам туку само ја дистрибуирам.
Ја увезуваш од каде и во какви количини?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.345
Поени од реакции
26.343
Ја увезуваш од каде и во какви количини?
Не ја увезувам. Скоро во сите градови низ Македонија има мали погони што мака мачат со пласманот. Јас ја откупувам од нив и ја продавам по маркети затоа што имам добра дистрибутивна мрежа. Обострана корист.:)
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Можеме да дискутираме колку сакаме само постојат некои факти што треба да ги знаете ,

Проблемот е во малите и средните претпријатија кој никој не ги штити затоа што тие никогаш немаат комора или организација која ќе ги преставува нивните интереси,

Владата на Груевски знае за оваа категорија и нема никаков интерес со нејзе да се занимава бидејќи знае дека оваа категорија може да му ја уништи власта,и е според него некохеретна добар математичар си е он.

Најдобри другари на власта се банките,големите компании,странските компании и администрацијата + Олигарсите они му се послушни он ги наградува и така се држи мудро на власт.

Се додека малиот и средниот бизнис сектор не се организира сите ние ќе дојдеме до просјачки стап без разлика дали сме во фирма ,колонијал или некој друг бизнис.

Давачките се преголеми со една цел,

ДА не можете да им конкурирате на Власта,
Да не можете да остварувате поголеми приходи,
Да немате можност да вработите повеќе луѓе,
ДА не се правите поголем стопанственик и газда од владата,
Да може државата да ве контролира каде инвестирате и дали имате некој свој план со вашите пари
Значи математички е све испрограмирано и овој систем е така направен да трае е сега до кога ќе видиме.

Потполно ја разбирам Леандра мислам дека е во транспортниот бизнис а таму има доста давачки се надевам дека зелениот картон ќе поефтини овој месец.

И потполно го сфаќам Бастард кој и самиот рече колку и да си свој и да работип свој бизнис ќе заработуваш како чувар во собрание во Влада и не се исплати мал бизнис да работиш.

Исто ќе заработуваш на крајот па затоа драги кајганџии сите сакаат да работат државно или преку партија,добро има исклучоци еве јас си работам сам приватно сум поминал доста влади и се научив како треба да се работи и каде ми е местото ама нема играње со владата ќе те скеба на прва кривина ако се правиш паметен.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не ја увезувам. Скоро во сите градови низ Македонија има мали погони што мака мачат со пласманот. Јас ја откупувам од нив и ја продавам по маркети затоа што имам добра дистрибутивна мрежа. Обострана корист.:)
Убаво ти текнало, браво.
Кој знае колку земаш на кеш, ако чекаш на наплата од маркетчиња ќе завршиш работа. Плус целата работа ти е ван канцелариска па верувам немаш ни инспекции. Не е само легално да работиш, туку и да не ти најдат влакно во јајцето. Казнуваат оти не се потпишал шоферот на лист за присутност и работно време. Алооо шоферот е на пат веќе две недели :)
Јас истото го правам но со големи количини и меѓународен транспорт. Колку што моментално е тешко да се опстане и да се остане ликвиден никогаш не било. Наплата нема никаква со месеци. Не платиле општините, не платила железара, фени...и кругот се завртел.
 
Не е проблем и во кеш наплата, им даваш фискална и чист си. Инаку ако сакаат фактура, тогаш додека не ја расчистат старата нема нова нарачка. Така одржувам дисциплина.:)

За болдираново, Фени и МакСтил доцнат со плаќање? Ајде за општините можам да сфатам, сепак политичари ги водат, ама овие две.:rolleyes:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Потполно ја разбирам Леандра мислам дека е во транспортниот бизнис а таму има доста давачки се надевам дека зелениот картон ќе поефтини овој месец.
Ако веруваш одвај чекаме да се намали некоја давачка. Зелениот картон не искина,плаќаме триста вида осигурување на стока, па безбедност во транспорт, па гаранција за ТИР карнет и на крај кога ќе ти стават два против пожарни апарати (кој секако двата стојат во влекачот нема место во приколката) ти доаѓа како да те реметат и полудуваш.
--- надополнето: Sep 7, 2011 8:07 PM ---
Не е проблем и во кеш наплата, им даваш фискална и чист си. Инаку ако сакаат фактура, тогаш додека не ја расчистат старата нема нова нарачка. Така одржувам дисциплина.:)

За болдираново, Фени и МакСтил доцнат со плаќање? Ајде за општините можам да сфатам, сепак политичари ги водат, ама овие две.:rolleyes:
Добро утро :)
Да не го спомнам плаќањето на Гранит и на Бетон со почек од 12 месеци ни од суд се плашат ни од ништо. Моите колеги имаат добра узречица: Само хебла му е мајката :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom