Македонија - Грузија, 8 септември 14:30

Статус
Затворена за нови мислења.

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Ај едно почетничко прашање од мене. По која основа Бо има наш пасош? Не дека ми смета, јас би им дал пасоши и на цела негова фамилија, ама онака ме интересира.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.529
http://www.mondo.rs/s216989/Edin_Avdic/Slobodno_frlanje.html

...Što je najbolje Mekejleb ne igra za svoju statistiku, nego pokreće i ostatak ekipe. Pero Antić skače kao Moses Malone, Čekovski pogađa trojke čak i Todor Gečevski ne pokazuje znakove da je rođen 1957. Makedonija je u transu, vrlo lako mogu do četvrtfinala. Uostalom, Grke je tako demolirao da su zatvorili granicu... :D
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.199
Поени од реакции
959
Ај едно почетничко прашање од мене. По која основа Бо има наш пасош? Не дека ми смета, јас би им дал пасоши и на цела негова фамилија, ама онака ме интересира.
Има право по еден кошаркар од страна да добие државјанство т.е. пасош и да игра за некоја земја.... Сега пасош се добива кога имаме заеднички интереси Бо игра за Македонија и во Монтепаски и сега во Монтепаски игра како европски кошаркар т.е. како Македонец,,, А за нас не морам да ги пишувам нашите интереси се гледаат на Европското :):):) Плус Бо има и уште неколку Американци кој играат со македонски пасош како што се Кенион Џонс(РИП), Рајан Стак, Мајк Вилкинсон, Дариус Вашингтон, Маркис Грин, Џеремаја Мејси и можеби уште некој...На овие им е даден пасош заради заеднички интереси секој во свое време... А за некои за да се даде пасош како што расбрав му се наплакало по 20000 евра...
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
А кога веќе еднаш ќе заигра играчот за една репрезентација, има право да игра за матичната држава?
 

Комити Ѓорче

СКОПСКИ МАНГУП
Член од
10 август 2011
Мислења
61
Поени од реакции
92
Има големи шанси да ја добиеме Грузија, но никако не смееме да ги потцениме. Доколку го потцениме противникот, тогаш ќе загубиме дефинитивно. Грција на тој начин загуби од нас овој пат, не потценија алудиртајќи на 2009та претходниот натпревар. Мислејќи дека ќе победат исто така лесно со голема разлика како тогаш, влегоа многу самоуверени но не сериозни.
Значи со Грузија е решавачки натпревар, СРЦЕ НА ТЕРЕН, ако сакаме победа !
 
M

Mario Gómez

Гостин
А кога веќе еднаш ќе заигра играчот за една репрезентација, има право да игра за матичната држава?
Не, еднаш се одбира тоа, паметна одлука е. Со европски пасош Бо ќе игра цела кариера низ европа. Слично нешто се дешава и во фудбалот, можеш да играш во младинските категории за една земја, но штом заиграш за сениорите во друга земја нема веќе враќање. Исто така има регулација за "Нон ЕУ" играчи која гледам постои и во кошарка и воедно затоа Бо има интерес од мак пасош.

Дали ќе игра после првенствово незнам, а и не верувам дека тоа ќе се деси.
 

Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Значи математиката е следна и веќе не пишувајте за тоа:

Две победи во новава група за први две места во групата, што значи дека ќе го извајме гзот и нема да се паднеме со Шпанија и Франција, т.е нема да бидеме декласирани во четвртфиналето, што би било брука.

Тоа значи дека би можеле да одиме на Србија и Литванија кои колку толку(волку) имаме шанси да ги совладаме под услов Србите да не потценат и да шутираме за три со 70% прецизност, и со Литванија ако ФИБА ги казнат и играат на празни трибини.

Со Турција и Германија, кои имаат шанси само за 4-тото место, (што значи ние мора да сме први), шансите се веќе 50/50.

И не сум песимист, туку за полуфинале шансите се 0.001%.

Мини турнирче за 5-8 место и ОИ во Лондон doesn't sounds bad :D
Македонски синдром јебига!! не дека сакам да те навредам.....немаш потреба да потценуваш(0.001%) дај молим те...Шпанците или Французите по 2пара муда да не имаат па да не може да се носиме со нив...ги гледав денес со Германија и не ме воодушевија нешто многу многу..за Французите не знам..а и во еден друг пост кажав и ќе повторам не дај боже оние Српските копилиња да се паднат нив ги тепаме 100%...и Литванија мислам дека е најлошо можно сценарио, тоа ти е уствари гостинска утакмица...пред нивна 20 000 публика
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Ај едно почетничко прашање од мене. По која основа Бо има наш пасош? Не дека ми смета, јас би им дал пасоши и на цела негова фамилија, ама онака ме интересира.
По основа на Врбица Стефанов ! :)

Тој има добри врски во Монтепаски Сиена па го повикал Бо да игра за нашата репрезентација а овој веднаш прифатил !

Инаку Врбица Стефанов е спортски директор Македонската репрезентација !
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Ај едно почетничко прашање од мене. По која основа Бо има наш пасош? Не дека ми смета, јас би им дал пасоши и на цела негова фамилија, ама онака ме интересира.
Иако ти одговорија неколкумина, еве го законскиот основ:
Член 14 од Законот за државјанство на РМ
Странец кој ги исполнува условите од членот 7 став 1 точки 1) и 8) (а тоа се:1) да наполнил 18 години живот; и 8) неговиот прием во државјанство на Република Македонија да не ја загрозува безбедноста и одбраната на Република Македонија) на овој закон може со природување (тоа е натурализација) да стекне државјанство на Република Македонија ако тоа претставува особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес.
Владата на Република Македонија со уредба ќе ги утврди критериумите за особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес за стекнување на државјанство во смисла на ставот 1 од овој член.
Владата на Република Македонија дава мислење за постоење на особениот интерес во смисла на ставот 1 од овој член.
Покрај странецот од ставот 1 на овој член со природување може да стекне државјанство на Република Македонија и неговиот брачен другар под
условите од членот 12 на овој закон.

Што значи, штом е полнолетен и не претставува закана за РМ, а пак тој за нас е од особен спортски интерес, јасно е зошто му е дадено државјанство. :)
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Има некаде собирање за заеднчико следење онака во некој кафич?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.610
Поени од реакции
14.462
http://www.mondo.rs/s216989/Edin_Avdic/Slobodno_frlanje.html

...Što je najbolje Mekejleb ne igra za svoju statistiku, nego pokreće i ostatak ekipe. Pero Antić skače kao Moses Malone, Čekovski pogađa trojke čak i Todor Gečevski ne pokazuje znakove da je rođen 1957. Makedonija je u transu, vrlo lako mogu do četvrtfinala. Uostalom, Grke je tako demolirao da su zatvorili granicu... :D
Na sve ovo TV Sitel nudi i reklamu za mobilnu telefoniju sa pornografskom aluzijom na crvenkapicu ("Volko, Volko a zašto imaš tolikite prstite?"... pravi odgovor je samo jedan ali na žalost ne smijem da ga napišem).
Hvala ti TV Sitel.

најјако :D
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.697
Поени од реакции
6.070
Според статистиката од досегашните натпревари на еп ние во некои делови сме во минимална предност но во некои има голема разлика пр. за дадени поени во просек не е голема разликата само еден кош во наша корист исто и за примени поени ние примаме еден кош помалку од грузиците по натпревар но ние сме најдобра репрезентација по украдени топки а они се подоле .а исто така во изгубени топки они се први со по 18 во просек а ние сме со по 10 и слободни мн слабо шутираат со само 60 % додека ние со 80% ги изведуваме и кај нив Пачулија кој се повреди најдобро им изведува слободни со нешто над 65% мислам беше така да после ова јас мислам дека само со ладни глави ако искочат нашите и не ги подценат грузиците ке имаме лесна задача а со тоа и ке си визираме картата за у 1/4 финале.
ЕПА СО СРЕЌА МОМЦИ И ДАЈ БОЖЕ И ДО 1/2 ДА СТИГНЕТЕ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom