Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
За да ова биде точно мора да постои бог кој НЕ е сезнаен, но библијата вели друго. Едноставно, јас имам избор но тој избор е само илузија зошто Господ веќе знае што ќе направам. Ако сега од чиста мира решам да се фрлам низ прозор Господ го знае тоа и со својата сезнајност го знаел уште пред да не создаде сите. Значи Господ знаел за секое зло што ќе се случи во светот уште пред самото создавање, тоа е очигледниот заклучок. Ако во него постои неограничена добрина зошто не сеуште постои зло?
Бог Е надлогичен и надприроден, па секој Твој обид да Го „врамиш„ Бога и да Го сведеш Бога на овосветовен рационализам и логицизирање, ќе Те наведе на погрешни заклучоци.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Бог Е надлогичен и надприроден, па секој Твој обид да Го „врамиш„ Бога и да Го сведеш Бога на овосветовен рационализам и логицизирање, ќе Те наведе на погрешни заклучоци.
Така е Мики, кога логиката зборува против тебе, ти ќе зборуваш против логиката...

Досадно Мики, видено милион пати во историјата...
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Доволно е да кажам дека Бог не Е творецот на злото, оти да беше до сега ќе дознаевме. Она кое е напишано во споменатиот стих од Исаија, не се однесува на човекот како зло, не се однесува ниту на Бога како творец на злото, туку се однесува на ѓаволот, кој е творец/носител на злото. Така, ако Исаија вели дека Бог е творец и на мирот и на злото, под „зло„ се подразбира ѓаволот. оти и ѓаволот е створен од Бога. Поимот “зло„ е наведен посредно па погрешното читање, ќе наведе на погрешен заклучок: демек, Бог Е творецот на злото, а всушност, Бог Е творецот на носителот на злото-ѓаволот, кој е створен како бел ангел.
Леле па не ми ни текна на Ѓаолот можеби дека според мене тоа нешто не ни постои па затоа не вреди ни да помислам. За мене зло е нешто што може човек да го направи, па ако некој го создал злото тогаш тоа значи дека ја создал таа „жичка во човекот“ која го тера да прави лоши работи.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Слободна волја постои и покрај сезнајноста Божја. Слободната волја е особина само до разумните/словесните битија, која ја немаат растенијата и животните, а ја имаат само Бог, ангелите и човекот.
Бог и ангели се приказни за мали деца. А тоа колку ти е ограничен светогледот при толку лесно достапни информации е фрапантно.

Бујрум животно кое ти ја руши тезата за екслузивитет на добро/зло кај човекот:

--- надополнето: Sep 7, 2011 9:40 AM ---
Бог делува преку Неговата промисла, на два начини:
- Он го благоволи доброто,
- Он го допушта злото.

А Он го допушта злото, за да не не’ принудува да чиниме нешта, кои се против нашиот личен избор. Но порано или подоцна, ќе мораме да се појавиме пред ликот Божји, со сите наши добри и лоши дела.
Како, тоа Јахве со тоа што му го стврднал срцето на фараонот за да може после да му ебе пиперот, не го принудил да направи нешто што не сакал?

Тебе, Мики, треба да ти се забрани да пишуваш во име на христијаните. Ја ќе пишам еден ферман до Синодот. Нема друго.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Леле па не ми ни текна на Ѓаолот можеби дека според мене тоа нешто не ни постои па затоа не вреди ни да помислам. За мене зло е нешто што може човек да го направи, па ако некој го создал злото тогаш тоа значи дека ја создал таа „жичка во човекот“ која го тера да прави лоши работи.
И доброто и злото се само потенцијални можности. Дали ќе сторам едно или друго, зависи од мојот личен избор, а изборот е заснован на слободната волја за избор.

Веќе напишав: злото не е создадено, нема своја природа/суштина и „постои„ само ако сторам злодело.
--- надополнето: Sep 7, 2011 9:41 AM ---
Бујрум животно кое ти ја руши тезата за екслузивитет на добро/зло кај човекот:
Тешеќур.

Само што од клипчево, не гледам што е добро за што зло, па Те молам повели, истолкувај ми го „понашањево„ од од мајмунов...Се надевам дека во некој нареден клип, ќе ми посочиш и мајмун, кој пишуе поезија...

Бујрум и од мене еден спот:

http://www.youtube.com/watch?v=hnkY_TJ4whU
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не постои судбина, како однапред одреден тек од настани, кои не можеш да ги промениш. Самото постоење на слободната волја, која ни е по раѓање дадена, ја исклучува судбината како неможност нешто да се стори, оти наводно, се е однапред предодредено. Самата слободна волја ја побива судбината па така, јас можам да сторам „нешто„ за кое немам поим дека некој веќе го предодредил, исто како што можам да не сторам „нешто„ ,ако сметам дека може да биде за мене штетно.

Значи, наспроти предодреденоста, го имам изборот.
Ако не постои судбина, тогаш јахве не е сезнаен. Тоа значи дека Јахве може да се изненади (нешто што во Библијата го има на кило).

Ако Јахве може да се изненади, тогаш што бог ќе ви беше тоа?!?

Изненадувачки бог!
--- надополнето: Sep 7, 2011 9:50 AM ---
Веќе напишав: злото не е создадено, нема своја природа/суштина и „постои„ само ако сторам злодело.
Мики вика: Злото не е создадено!
Јахве вика: Јас, Господ, го создавам (траен глагол) злото - Јас го правам сето тоа!

Мики се прави поголем Јахве од Јахве.

Мики за БОГ!!!

Што викате, да отвориме една тема: Микристијанство, па од на Мики1 постовите да составиме една света книга која ќе ги содржи неохристијансските толкувања на Библијата. Мислам дека пари ќе се прават, пошто е проверен бизнис-модел.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
- Доволно е да кажам дека Бог не Е творецот на злото...
- Така, ако Исаија вели дека Бог е творец и на мирот и на злото, под „зло„ се подразбира ѓаволот. оти и ѓаволот е створен од Бога.

Незнам дали само мене ми се чини дека се вртиш во круг или и тебе не ти е јасно. Сега творец е или не е. Злото е манифестирано како ѓавол или како правење на нешто лошо од страна на човекот(па нели ако направиш нешто лошо според Библијата, Ѓаолот те тера....) И ако е така зошто не напишал Јас го создадов the Devil, "збунити непријатела"?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Мики вика: Злото не е создадено!
Јахве вика: Јас, Господ, го создавам (траен глагол) злото - Јас го правам сето тоа!
А ти си ја прочитал целата книга на Исаија, или само пребаруваш низ антихристијански сајтови и од таму копаш цитати? И патем темава е прашања до Христијаните. Ти праша за значењето на цитатот од Исаија, го доби одговорот (како и 3-4 пати претходно, оти вие на секои 2 недели ги поставувате истите прашања одново и одново) и што сакаш повеќе. Доби одговор од Христијанин, а тоа ти дали ќе се сложиш или не, не е наш проблем. А ти пак, згора на се, и се дрзнуваш да речеш дека одговорот од Христијаните не е точен, него оној на атеистите. Епа прашувај си ги атеистите тогаш и не гњави/тролај овде. Ете имаш тема прашања до атеистите, моиш таму да си поставуваш прашања, таму сите убаво ќе си се сложите на вашите/своите одговори.

Now be a good boy, and stop trolling.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Само еден пасус од една миса на Пастир
Пастирот: Бог го создаде светот ги создаде животните, растенијата, човекот ....
Слушателот: Ако бог создаде се, тогаш кој ги создаде диносаурусите? Ако се е создадено за 6 дена зошто нема пронајдени човекови коски при наоѓање на остатоци од диносауруси?
Пастирот: Бог ги стави коските од диносауруси во земјата за да ја тестира вашата вера!
Штооооо?????

И уште едно прашање Ако сме потомци од Адам и Ева,и од нивните деца сме создадени ние, тогаш децата на Адам и Ева правеле инцест? Како се родиле сите тие луѓе ако во некој момент немало мешање на крвта? И ми имаат кажано дека Адам и Ева живееле мноооогу долгу дури 900 години (сигурно за да ја населат земјата), ама зошто? Кога се одлучило дека човечкиот век ќе биде 40 години, па потоа 50 и т.н па некако стигнавме до 90 години.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
- Доволно е да кажам дека Бог не Е творецот на злото...
- Така, ако Исаија вели дека Бог е творец и на мирот и на злото, под „зло„ се подразбира ѓаволот. оти и ѓаволот е створен од Бога.

Незнам дали само мене ми се чини дека се вртиш во круг или и тебе не ти е јасно. Сега творец е или не е. Злото е манифестирано како ѓавол или како правење на нешто лошо од страна на човекот(па нели ако направиш нешто лошо според Библијата, Ѓаолот те тера....) И ако е така зошто не напишал Јас го создадов the Devil, "збунити непријатела"?
Иако веќе одговорив, ајде уште малце одговор: Бог Е „...творец на се‘ видливо и невидливо...„, согласно симболот од верата. Бог се‘ створи (многу) добро, значи, во својот почеток, сите нешта се створени како добри нешта. Но, ако нештата ги гледаш како процес а не само како просто и механичко повикување на нечиј стих од Светото Писмо, ќе видиш дека Бог во Битието се‘ создал добор, а злото, како категорија, како можност, се појавува откако ѓаволот посака да го завземе престолот Божји па затоа ѓаволот е носителот на злото, т.е ѓаволот, сега веќе зол, сепак е Божјо творение. Така, Исаија вели дека Бог Е творецот на злото, затоа што тоа е стих кој е напишам далеку-далеку после Битието, во кое Мојсеј никаде не наведува дека Бог Е творец на злото, туку само на доброто. т.е. Исаија зборува за Бога како творец на злото, но како творец на ѓаволот, и тоа подоцна (а не во Битието), откако ѓаволот стана извор и манипулатор на секое зло.
--- надополнето: Sep 7, 2011 10:19 AM ---
Мики вика: Злото не е создадено!
Јахве вика: Јас, Господ, го создавам (траен глагол) злото - Јас го правам сето тоа!
.
Веќе одговорив, а од Тебе чекам „толкување„ за „понашањето„ од то мајмуно-што е тоа што мајмунот го чини-добро е или зло е и по чии мерила е добро или зло?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
А ти си ја прочитал целата книга на Исаија, или само пребаруваш низ антихристијански сајтови и од таму копаш цитати? И патем темава е прашања до Христијаните. Ти праша за значењето на цитатот од Исаија, го доби одговорот (како и 3-4 пати претходно, оти вие на секои 2 недели ги поставувате истите прашања одново и одново) и што сакаш повеќе. Доби одговор од Христијанин, а тоа ти дали ќе се сложиш или не, не е наш проблем. А ти пак, згора на се, и се дрзнуваш да речеш дека одговорот од Христијаните не е точен, него оној на атеистите. Епа прашувај си ги атеистите тогаш и не гњави/тролај овде. Ете имаш тема прашања до атеистите, моиш таму да си поставуваш прашања, таму сите убаво ќе си се сложите на вашите/своите одговори.

Now be a good boy, and stop trolling.
Арно ама, не оди тоа така. Секоја случајна низа на зборови, не се квалификува за одговор на дадено прашање. Ако јас те прашам која е бојата на небото, а ти ми одговориш лисјата паѓаат, дали е тоа одговор?

Се плашам дека одговорите на Мики се во тој ранг...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Само еден пасус од една миса на Пастир
Пастирот: Бог го создаде светот ги создаде животните, растенијата, човекот ....
Слушателот: Ако бог создаде се, тогаш кој ги создаде диносаурусите? Ако се е создадено за 6 дена зошто нема пронајдени човекови коски при наоѓање на остатоци од диносауруси?
Пастирот: Бог ги стави коските од диносауруси во земјата за да ја тестира вашата вера!
Штооооо?????

И уште едно прашање Ако сме потомци од Адам и Ева,и од нивните деца сме создадени ние, тогаш децата на Адам и Ева правеле инцест? Како се родиле сите тие луѓе ако во некој момент немало мешање на крвта? И ми имаат кажано дека Адам и Ева живееле мноооогу долгу дури 900 години (сигурно за да ја населат земјата), ама зошто? Кога се одлучило дека човечкиот век ќе биде 40 години, па потоа 50 и т.н па некако стигнавме до 90 години.
Погледни овде:

http://www.pravoslavna-srbija.com/Pravoslavlje/Bog i nauka/Dinosaurusi/Dinosaurusi.htm

и овде:

http://www.pravoslavna-srbija.com/Pravoslavlje/Bog i nauka/Poreklo rasa/Poreklo rasa.htm
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
А ти си ја прочитал целата книга на Исаија, или само пребаруваш низ антихристијански сајтови и од таму копаш цитати? И патем темава е прашања до Христијаните. Ти праша за значењето на цитатот од Исаија, го доби одговорот (како и 3-4 пати претходно, оти вие на секои 2 недели ги поставувате истите прашања одново и одново) и што сакаш повеќе. Доби одговор од Христијанин, а тоа ти дали ќе се сложиш или не, не е наш проблем. А ти пак, згора на се, и се дрзнуваш да речеш дека одговорот од Христијаните не е точен, него оној на атеистите. Епа прашувај си ги атеистите тогаш и не гњави/тролај овде. Ете имаш тема прашања до атеистите, моиш таму да си поставуваш прашања, таму сите убаво ќе си се сложите на вашите/своите одговори.

Now be a good boy, and stop trolling.
1 Thus saith the LORD to his anointed, to Cyrus, whose right hand I have holden, to subdue nations before him; and I will loose the loins of kings, to open before him the two leaved gates; and the gates shall not be shut;
2 I will go before thee, and make the crooked places straight: I will break in pieces the gates of brass, and cut in sunder the bars of iron:
3 And I will give thee the treasures of darkness, and hidden riches of secret places, that thou mayest know that I, the LORD, which call thee by thy name, am the God of Israel.
4 For Jacob my servant's sake, and Israel mine elect, I have even called thee by thy name: I have surnamed thee, though thou hast not known me.
5 I am the LORD, and there is none else, there is no God beside me: I girded thee, though thou hast not known me:
6 That they may know from the rising of the sun, and from the west, that there is none beside me. I am the LORD, and there is none else.
7 I form the light, and create darkness: I make peace, and create evil: I the LORD do all these things.

Па добро, по ѓаволите, кој дел од Исаија не ти е јасен?!?

ШТО Е ТУКА ВОН КОНТЕКСТ?

Што е тука тролување? Дали малоумен одоговор е задоволувачки одговор?

Дали ако ти, како христијанин, се испрдиш на темава како одговор на нечие прашање сметаш дека си завршил работа и дека прашањето е одговорено?!?!

Твојов соверник, дежурен паљачо, пополнува страници со идиотски произволни нон-сенс одговри, па ја треба да му кажам фала и да се прекрстам!?!?

Сите мои прашања се директни, логични и конкретни. Одговорите на твојот пријател се или инфантилни или произволни или едноставно глупави.

Проблемот со злото во христијанството не е проблем. Вашата книга експлицитно го именува авторот на мизеријата во светот: ЈАХВЕ.

Кој дел не ти е јасен? Како би го порекнал ти ова?

Уште еднаш: Ова е форум и тука се дискутира. Ако немаш желба/воља/капацитет за оваа дисциплина - бујрум во црква, па помоли се. Може ќе престанам да пишувам. Од кај знаеш!
--- надополнето: Sep 7, 2011 10:43 AM ---
Само еден пасус од една миса на Пастир
Пастирот: Бог го создаде светот ги создаде животните, растенијата, човекот ....
Слушателот: Ако бог создаде се, тогаш кој ги создаде диносаурусите? Ако се е создадено за 6 дена зошто нема пронајдени човекови коски при наоѓање на остатоци од диносауруси?
Пастирот: Бог ги стави коските од диносауруси во земјата за да ја тестира вашата вера!
Штооооо?????

И уште едно прашање Ако сме потомци од Адам и Ева,и од нивните деца сме создадени ние, тогаш децата на Адам и Ева правеле инцест? Како се родиле сите тие луѓе ако во некој момент немало мешање на крвта? И ми имаат кажано дека Адам и Ева живееле мноооогу долгу дури 900 години (сигурно за да ја населат земјата), ама зошто? Кога се одлучило дека човечкиот век ќе биде 40 години, па потоа 50 и т.н па некако стигнавме до 90 години.
Оооо, па ти не ја знаеш приказната за генетски совршениот Адам кој живеел 900 години... :):):)

Чекај, чекај, дргарице, да чуеш што е добра приказна! Само ако се најде некој да ти ја раскаже...

Јас ја научив првиот месец кога дојдов на форумов. Ного е модерна. Де, да видиме, може Мики1 има живци после окршајов.
--- надополнето: Sep 7, 2011 10:53 AM ---
Иако веќе одговорив, ајде уште малце одговор: Бог Е „...творец на се‘ видливо и невидливо...„, согласно симболот од верата. Бог се‘ створи (многу) добро, значи, во својот почеток, сите нешта се створени како добри нешта. Но, ако нештата ги гледаш како процес а не само како просто и механичко повикување на нечиј стих од Светото Писмо, ќе видиш дека Бог во Битието се‘ создал добор, а злото, како категорија, како можност, се појавува откако ѓаволот посака да го завземе престолот Божји па затоа ѓаволот е носителот на злото, т.е ѓаволот, сега веќе зол, сепак е Божјо творение. Така, Исаија вели дека Бог Е творецот на злото, затоа што тоа е стих кој е напишам далеку-далеку после Битието, во кое Мојсеј никаде не наведува дека Бог Е творец на злото, туку само на доброто. т.е. Исаија зборува за Бога како творец на злото, но како творец на ѓаволот, и тоа подоцна (а не во Битието), откако ѓаволот стана извор и манипулатор на секое зло.
Не е точно. Во Исаија, Јахве вика ЈАС ГО СОЗДАВАМ злото. Не вика „Јас го создадов злото“.

Тоа кажува (Јахве самиот кажува) дека е автор на сите и секо зло во историјата на човештвото. Тоа и е во ред со идејата за семоќен бог. За жал, тоа ја побива тезата за Бог кој е љубов.

Тоа и не бил некој голем проблем за евреите, пошто нивната фурка била освета, крв, пот и солзи за сите што ќе не ч'чнат.

Во христијанството, од друга страна, ова е сериозен проблем, па вие, верниците, сега се обидувате да го апсолвирате Јахве од нешто што самиот тој ЈАСНО И ГЛАСНО го кажува.

Ментални гимнастики и духовна логика + малку поддршка од трибините со дофрлања од типот„ „оди си неверник!“, „Дибек ваков, Дибек онаков!...“
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа кажува (Јахве самиот кажува) дека е автор на сите и секо зло во историјата на човештвото. Тоа и е во ред со идејата за семоќен бог. За жал, тоа ја побива тезата за Бог кој е љубов.
.....
--- надополнето: Sep 7, 2011 10:58 AM ---
Не е точно.“
Мислам дека воа погоре е добра комбинација...

Патем кажано, Бог се изразува така како што се изразува, затоа што за Бога, времето не е влијателна категорија: Он Е надвор од простор-времето, поточно, на Небесата, во вечноста, каде времето не постои како минлива категорија, туку постои само вечно „сега„.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Веќе одговорив, а од Тебе чекам „толкување„ за „понашањето„ од то мајмуно-што е тоа што мајмунот го чини-добро е или зло е и по чии мерила е добро или зло?
Мајмунот, без наредби од страна (или „од горе“), без вроден морал предаден преку некоја света книга, своеволно, одлучи да го спаси пилето од сигурна смрт.

Јас не знам дали во твојата книга ова е добро или лошо. Во мојата, тоа е свесна одлука на избор на однесување. Тоа кажува дека човекот нема ексклузивитет во слободната воља! Кажува и дека животните резонираат и дека користат разум. Нешто што твојата религија го порекнува.

Истата таа религија во минатото порекнуваше пун курац очигледни феномени и истите ги мистифицираше и присвојуваше. Повеќе не.

На христијанството му е останат единствено „монополот“ над задгробниот живот. Рамната земја, сонцето кое се врти околу земјата, инсектите со 4 нозе, змиите кои јадат кал, суштества кои воскреснуваат, магионичари кои лебдат - све тоа е одамна расктринкано.

Последниве години и тврдењето дека само човекот има свест е аут.

Шо ќе праиш - то ти је објективно набљудување и неприсрасност... двете се според христијанството гревови, нели. Има зошто.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom