Спектакуларна прослава по повод 20 години од независноста

Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Денес видов хеликоптери во некаква формација, изгледа и тие вежбаа... :)

Ја видовте ли фонтаната вчера? Свиреше класична музика, а синхронизирано „џвркаше“ вода од неа. Интересно, морам да признаам.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
ВО ЧЕСТ НА 20-ГОДИШНИНАТА ОД НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА ПРАТЕНИКОТ МИЛОШОСКИ ЗА ПРВПАТ СКОКНА СО ПАДОБРАН



Ајде Антонио, л'сно е овој за тебе!

По тринеделна обука, Милошоски за првпат скокна со падобран

http://www.vest.com.mk/?ItemID=8CDDA3E8604510428A90478C56159984
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.257
Поени од реакции
18.206
да им ебам матер на тие што најдоа сеа да праат главна проба и да го блокираат градот..сум идел пешки 4 километра.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
да им ебам матер на тие што најдоа сеа да праат главна проба и да го блокираат градот..сум идел пешки 4 километра.
Е де, еден ден е. И јас стигнав 15 минути подоцна од работа.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
да им ебам матер на тие што најдоа сеа да праат главна проба и да го блокираат градот..сум идел пешки 4 километра.
епа пишуваше дека од 16-30 ке бидат затворени некои улици, ти не си видел
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.257
Поени од реакции
18.206
Е де, еден ден е. И јас стигнав 15 минути подоцна од работа.
камо 15 минути да беа,завршува школо и таков спремен да идам дома и да си легнам..Иначе и да пишувало и да не,не ми мења нешто многу..Бар нека средат порано да завршуваме тогаш и утре слушнав ке имало:icon_lol:
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Не сум ни позиција ни опозиција, сите ми се одвратни безрбетници, освен малкубројни ликови. Не велам дека тотално се што направија не чини, но конкретно „направеното“ на плоштад и низ Скопје е нешто толку непотребно и некорисно што нема зборови да доопишам. Еден споменик ќе беше ПРЕдоволен. Попромашена милионска сума немам видено, зошто не им направија домови на раселените лица и уште не им признаваат никакви права, зошто не обезбедија со закон доживотни солидни пензии за децата на убиените херои туку им ги амнестираа убијците, зошто не финансираат програма за успешна еманципација на децата без родители, зошто не отворат и финансираат центри за заштита и помош на жртвите на семејно насилство (конкретно жени и деца) каде безбедноста и понатамошната помош ќе бидат загарантирани, зошто не вложат во старските домови за да не бидат како кочина каде возрасните се носат за умирање и во соодветен кадар, зошто не нудат поволности за семејства да посвојуваат деца туку само ајде раѓајте 3то 4то а услови никаде туку само казни и даноци....зошто зошто зошто, премногу се, а прославата само уште едно трошење државни пари
Те читам цела тема и морам да ти кажам дека ептен си ги измешала работите, колку што си во право толку си и во криво за се досега што си напишала. Седни и прочитај се ќе видиш од која во која крајност одиш со поимиве. Сфати дека животов на никој не му е толку розев како што мислиш дека треба (не само кај нас во Македонија). А, ако сакаш да помогниш можиш и самата да покрениш иницијатива, така цел свет функционират.

За пример, Америка имаш над 44 милиони сиромашни па државата пак секоја година слави независност. И после ти се најде да речиш дека Македонија била за нигде и дека прославава е залудно трошење на пари? Епа мацо какво е такво е кај нас ти си должна како и секој од нас да си ја почитуваме државава и немаш никакво право да плукаш по неа (нас), а ако нешто не ти се допаѓа имаш многу невладини организации кои успеале или пак зачлени се во некоја партија и измени нешто мило ќе ни е :)

И те чекаме на 8ми на плоштад во Скопје.;)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.772
Поени од реакции
12.235
Вчера мислев со гужвите ќе се нервирам ама цук... јако беше...ко ги видов луѓе како идат ко роботи навиени до кола, такси, станица, думаат кај да чекаат автобус, забрзани, некои паничари тип ауу шо прајме од трговски мораме пешки до нова железничка (драгоцени калории, гзот и трасата до дома да не ги изместат), мравјалник...ко најава за нуклеарен напад :) Баш ми разби монотонија, башка добра можност (пошто не знаев каде стои бус па малку се раздвижив од центар до битпазар) малку пешки да го разгледам Скопјето.
Сакам денес пак
 

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
53
Треба да наместат еден видео бим на плоштад да се гледа кошарката. Малце да навиваат луѓево! Одиме четврт финале
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.772
Поени од реакции
12.235
Дали утре ќе важи истиот режим за улици како вчера? Да си знаеме за автобуси, коли...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Дали утре ќе важи истиот режим за улици како вчера? Да си знаеме за автобуси, коли...
Да, највено беше дека и на 8. ќе важи истиот режим, само половина час порано - од 16:00 :)
Али не е критично тогаш, и онака ќе биде неработен ден.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Треба да наместат еден видео бим на плоштад да се гледа кошарката. Малце да навиваат луѓево! Одиме четврт финале
Има. Претходно со Финска мечот го даваа на тој на City Gallery што е...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom