Не сум ни позиција ни опозиција, сите ми се одвратни безрбетници, освен малкубројни ликови. Не велам дека тотално се што направија не чини, но конкретно „направеното“ на плоштад и низ Скопје е нешто толку непотребно и некорисно што нема зборови да доопишам. Еден споменик ќе беше ПРЕдоволен. Попромашена милионска сума немам видено, зошто не им направија домови на раселените лица и уште не им признаваат никакви права, зошто не обезбедија со закон доживотни солидни пензии за децата на убиените херои туку им ги амнестираа убијците, зошто не финансираат програма за успешна еманципација на децата без родители, зошто не отворат и финансираат центри за заштита и помош на жртвите на семејно насилство (конкретно жени и деца) каде безбедноста и понатамошната помош ќе бидат загарантирани, зошто не вложат во старските домови за да не бидат како кочина каде возрасните се носат за умирање и во соодветен кадар, зошто не нудат поволности за семејства да посвојуваат деца туку само ајде раѓајте 3то 4то а услови никаде туку само казни и даноци....зошто зошто зошто, премногу се, а прославата само уште едно трошење државни пари