Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Абе како така дур тепаат добро нека го вратат барем она реноме што го имамве со 49 место.Дебили не паднаа во 5-ти шешир ,тешко од оваа дупка сега да излезиме.
Не е до шеширот. И Ерменија е од ранг на 5-ти шешир па види како си игра. И Црногорците почнаа од 5/6-ти во првите нивни квалификации, не се сеќавам најточно... шеширот ти дава само шанса за послаби противници. Нам тоа ништо не ни менува, кога едвај ја тепаме Андора. И најслабите за нас се јаки. Ние немаме квалитет. Селекцијата на играчи е очајна, а дури и со најдобрата селекција на играчи пак сме слаби. Остајте тоа дека немале срце. Фарски острови и слични на нив не се стално у тиквите зошто не играат со срце, туку затоа што не знаат. Игра со срце да, но предходно треба некаков квалитет. Ние го немаме. Ништо не знаеме. Немаме појма.
 
Па се гледа дека се преценува премногу влага во некој соло продори а на крај не знае да нафрли како што треба,шутира мислиш Роналдо е со десна дури.:tapp:А освен тоа што има кондиција и искуство како резултат на работа во професионален тим и не е нешто посебно.
 
Па други и немаме ние млади фудбалери, а додека се напраи таква генерација како што посакувате вие и да се отргни Хари од фудбалот ќе помине едно 20 години, и тогаш пак некоја манга ќе испадни и пак ќе го „сјеби“ фудбалот кај нас.
Не не бива тоа е реалноста...никогаш фудбалот не бил кај нас спорт број 1, нема ни да биди.
Oвие албанчињата џабе ги форсираат бетер од нашите се, овој Трајковски премногу исфорсиран е или пак не го дава максимумот за репрезентацијата.
Да тоа и мислев,минимум 10 години за да искочи на некој успех..Али мора некад да се почне вака не иде.Иначе фудбалот е спорт број еден,не ми е јасно зашто има толкав интерес и од луѓето,вакви резултати да имавме у ракомет темава 5 страни ке беше..Затоа и толку хиени има собрано
 
Не е до шеширот. И Ерменија е од ранг на 5-ти шешир па види како си игра. И Црногорците почнаа од 5/6-ти во првите нивни квалификации, не се сеќавам најточно... шеширот ти дава само шанса за послаби противници. Нам тоа ништо не ни менува, кога едвај ја тепаме Андора. И најслабите за нас се јаки. Ние немаме квалитет. Селекцијата на играчи е очајна, а дури и со најдобрата селекција на играчи пак сме слаби. Остајте тоа дека немале срце. Фарски острови и слични на нив не се стално у тиквите зошто не играат со срце, туку затоа што не знаат. Игра со срце да, но предходно треба некаков квалитет. Ние го немаме. Ништо не знаеме. Немаме појма.
Одличен пост, посебно последните 3 реченици.
Интересно е што до пред скоро време, јас за овие последните 3 реченици имав мислење дека не треба ни да ги употребуваме, оти за мене тоа беше само изговор. Затоа што ништо не се работело, тоа ни е изговор, така делумно се амнестираме од одговорност.
Но сега сфаќам дека не е така. Дека тоа е реалноста, дека стварно немаме квалитет, дека стварно не не бива. И тоа ептен не не бива.
 
Одличен пост, посебно последните 3 реченици.
Интересно е што до пред скоро време, јас за овие последните 3 реченици имав мислење дека не треба ни да ги употребуваме, оти за мене тоа беше само изговор. Затоа што ништо не се работело, тоа ни е изговор, така делумно се амнестираме од одговорност.
Но сега сфаќам дека не е така. Дека тоа е реалноста, дека стварно немаме квалитет, дека стварно не не бива. И тоа ептен не не бива.
Јас после многу враќања од градски со наведната глава, сватив дека реалноста е сосема поинаква од она што го гледаме. Ние немавме критичка јавност да укаже на проблемите. Долги години си го теравме нашето „немавме среќа“ и „судиите не оштетија“ додека во суштина не игравме ништо. Кога Дарко Панчев јавно кажа дека играме никаков фудбал, го направивме предавник и го плукавме кај ќе стигнеме по интернет. Така ние ги третираме оние кои умеат нешто да кажат, и затоа истите мудро си молчат. На терен, луѓе со никаков фудбалски капацитет се во сите пори на фудбалот. Немаме ни саглам новинари да напишат саглам колумна со саглам анализа на одигран натпревар, да укажат каде ни се грешките, да искритикуваат, да пофалат. Немаме ни коментатор со муда да каже I'm mad as hell and i'm not gonna take it anymore! (филмаџиите знаат).

Ние сме многу назадна фудбалска нација, од 80-тите наваму другите отидоа напред ние се враќаме назад. Реалноста е дека во неделата бев на утакмица од трета лига и дечките играа нешто што личи на фудбал, за разлика од избраниците што играа вечерва на терен. Реалноста е дека составот ни е одбран на зелена маса. Дека секој погрешен избор си носи уназадување и последици, а оној на Јонуз беше елементарна непогода која ја однесе репрезентацијата уште 2-3 чекори назад, не дека пред тоа беше којзнае каде. И дека корумпирани профитери не го разбираат зборот одговорност па да се повлечат после таков трагичен потег. Реалност е дека дозволивме да ни пропаднат сите лиги, да изумрат фудбалски центри кои правеа добри играчи, дека немаме стадиони и помошни терени, нормални услови за развој од најмали категории, дека немаме закон кој ќе овозможи да влезат средства во спортот, дека и после овие успеси на ракометарите и кошаркарите немаме капацитет како држава да сватиме колку е важно да имаме спортски успеси...

Ние сме фудбалски толку на дното што не сме подготвени да ја признаеме суровата реалност. Затоа во секоја прилика се обидуваме да ја колнеме среќата, да ги пцуеме судиите и да ги потенцираме тие 2-3ца фудбалери што нешто одиграле вечерта.

И не знам зошто се чудиме како сме стигнале до ова дереџе. Многу лесно стигнавме. Со неправење ништо.
 
Две изненадувања од нашиве репрезентации во овие дена:
1.Македонија ја победи Гелјада во кошарка
2.Македонија ја победи Андора во фудбал

Мислам дека е доволно кажано .... (n)
 
играме фудбал како тој во 30тите фати ја топката избија напред еден води топка другиве го гледаат ко мулиња и не им текнува да се отворат да побараат топка нее тоа не што ако згрешат? мада и во 30тите боље се играло.Додека беше Катанец мислам дека имавме и ние нешто од фудбал не беше се фати топка изби напред и жалам за тоа што имаме доста талентирани млади играчи кој никогаш нема да заиграат за репрезентација само заради некој луге...се додека е така не само во спортот нема ни милиметар да се помрднеме како држава
 
Во репрезентацијата фали тимски дух, играчите се истепаа еднаш, Пандев мрчеше сакаше да оди од репрезентација после рече новинарите не го сватиле добри, тренери само мењаме. Значи имаме губитничка атмосфера и не даваат сите се од себе како што даваат кошаркарите и ракометарите.

Сеа Џон ТАшак Че напраиТ атмосфера!!!! :confused:

.... си глеам кошарка неможам овие да ги гледам ко селска екипа играат на среќа денеска ја изуграа некако вгол топката од прекин не можат една акција да направат а ко шутираат од далеку топките одат во Вардар.

*Да ги соберам другарите од маало ќе ги тепавме овие келнериве, правници, полицајци, фризериве....
 
Голем проблем е што во наредниот циклус ќе ја нема Андора да биде позади нас и затоа ќе бидеме шести .
Една Ерменија колку е пред нас еј , газат момците
Ова денес , па од ова денес ја немам видено помизерна Македонија
Новевски и Пандев може намерно направија картони за да не се брукаат денес
--- надополнето: Sep 6, 2011 10:49 PM ---
Абе како така дур тепаат добро нека го вратат барем она реноме што го имамве со 49 место.Дебили не паднаа во 5-ти шешир ,тешко од оваа дупка сега да излезиме.
Ќе излеземе не се секирај , ќе отидеме у шести
--- надополнето: Sep 6, 2011 10:52 PM ---
1-0 го сметам како пораз џабе отидов на градски мислев да погледам некој гол али тоа е..:(само за тричковски и попов имам пофални зборови другиве катастрофа дека седев на јужна блиску до теренот и попов води топка од наша половина и еден му се дере врати ја на голман дека подолго време неможеа да излезат од наша половина и овој наместо да гледа на играта овој застанува и се врти накај публика и нешто прозборе и почна да иде напред...а иам слушнато дека овој попов бил прост и чаламџија некој и ете си покажа дека ств бил таков прост

Леле човекот седеше под мене одма , се прснав од смеење . Беше за центаршут овој ја акна преку гол и човеков му вика дигни глава бе коњу еден и овој Попов викна нешто од доле и после цела трибина го отера у пичку матер :)
 
[optimism] Теренот не чинеше, не можеа топката да ја контролираат, затоа изостана одличната игра што ја прикажаа во Русија [/optimism]
 
Само едно прашање, ме мачи оваа вечер: 'Кои беа аматерите? Со црвените или со сините дресови?'
Што прават македонските фудбалери за разонода во слободно време?
играат фудбал за репрезентацијата на Македонија
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom