Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Благодарам на советот.
Советот е необврзувачка сугестија. За таквите ко тебе треба Закон да се донесе. Само така функционирате. Под закана од казна.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кај ти оди душата коа ќе те опнат со цеваница по глава? Што е со душата кога си онесвестен? Што е со душата кога си под тотална анастезија?
.
Душата, во наведените случаи, не „оди„ никаде: сеуште е во телото. Само смртта е конечно раздвојување на душата од телото.
--- надополнето: Sep 6, 2011 2:18 PM ---
Да не ти спие, тибам ограничениот!?
.
Во што ја гледаш својата/Твојата неограниченост?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Еве, се вратив.

Две млади личности штотуку добија јасни насоки за изборот на својата идна кариера. Во нивните очи се чита искрена благодарност за тие 60-тина минути посветени токму ним, безникакви условувања или финансиски оптоварувања. Така, ако имам среќа, кога ќе умрам, можеби овие 20 и нешто години помлади луѓе ќе ме спомнат и ќе се присетат на мојата помош. Мене ми е мерак, пошто своето попладневно точено јас си го заработив пред самиот себе.

Ајде сега ти.

Ама да ни пишеш после, важи?
А зошто се врати. Пак да си арчиш животот на форумов?

Јас тука напорно работам на својата бесмртност.
А?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Душа е измислица на религиите со која се смирува душичката на верникот од паниката на надоаѓачката неизбежна смрт.

Постојат толку различни дефиниции за душа колку што постојат религии во историјата на човештвото. Ти, кутриот, се надеваш дека токму твојата религија ја објаснила душата најточно. Загреота.
Да, барем имам на што а се надевам. Ти, на што се надеваш? На „дигитализација„ на „душата„?

Патем кажано, сите историски познати народи, манифестираа колективна и лична религија, се до појавата на атеизмот, во Марксово и Дарвиново време, од кога луѓето почнаа масовно и често да Го подзабораавт Бога. А се чини дека Ти си јаааааак претставник на атеизмот на форумов, па се однесуваш како целата историја пред Тебе, да била збирка од лаги и заблуди.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
А зошто се врати. Пак да си арчиш животот на форумов?

А?
Животот, колега верен, е сплет од најразлични искуства и доживувања. Јас се трудам мојот да е што е можно поразновиден. Опсегот се движи од работа, зезање, поучување, денгубење, препирки, чисто уживање, до пљукање крв од напорна работа и трпење на нештата кои мора да се истрпат.

Ако на мојот ретко интимен пост од погоре не си обрнал должно внимание, тоа тебе те прави лош соговорник. „Арчење живот по форуми“ беше уредно објаснето погоре. Во детали.

Од друга страна, ти, како *** под кошула, седиш од страна и не дискутираш туку само мрчиш. Наместо како добар форумски колега, на поставеното прашање да одговориш, па и самиот да дадеш некаков личен прилог во дискусијата, ти поставуваш прашања кои ти се одговорени само три реда погоре, а оние упатени кон тебе ги избегнуваш.

Оти така, колега голем верник? Зошто не покажеш должен реципроцитет?!? Зошто на арното не вратиш со арно?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ќе умре телото, оти е смртно. Ќе остане душата, оти е бесмртна.
Што за тебе претставува овој поим - "душа"? Дали тоа се твоите сеќавања? Твојот карактер.......?
И ако под душа го подразбираш токму тоа, тогаш дали лицата со подвоена личност имаат две души во едно тело? И дали оние кој добиле трајна амнезија сега имаат нова душа и каде им отишла старата?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
И така натаму...

Се додека самиот си мерило за своите ставови, ќе бидеш апсолутно во право...
--- надополнето: Sep 6, 2011 7:31 AM ---

Кои се тие „сите цркви„? Симболот од верата јасно укажува на „..една. света, соборна и Апостолска Црква...„
--- надополнето: Sep 6, 2011 7:34 AM ---

Погрешно: само Цркватаа, која зад себе има колективно сеќавање од 2 000 г., може да каже дека е формирана на Педесетница! Но, ако сакаш да „тапиме„ до бесвест, тогаш само ерусалимската Црква, онаа Апостолската, е реално создадена на Педестница, а сите други се формирани со Апостолски благослов.
--- надополнето: Sep 6, 2011 7:37 AM ---

Ова е провререн протестантски трик: поставуваш прашање на кое однапред знаеш дека нема одговор! Веќе реков: ОА е возобновњена во ликот од МПЦ. Никаде не напишав дека МПЦ постоела пред 20от век.

Така, оди мајтапи некој друг...

А денешните помесни православни Цркви, не се со национален предзнак во целата нивна историја, туку од поново време, од времето на формирањето нации-држави.

Еве и од мене едено трик-прашање: каде беше Твојата/Вашата дебар-маалска заедница во 13-от век? :)
--- надополнето: Sep 6, 2011 7:40 AM ---

Ние тврдиме дека протестантизмот се појави во 16-от век, а трврдиме и тоа дека најголемиот дел од новокомопнирани и самонаречени „цркви„ нема зад себе повеќе од 150 г, и дека се формирани на американско тло, а не во Германија или Велика Британија (како англиканците).
--- надополнето: Sep 6, 2011 7:44 AM ---

Тоа што некој се „реформирал„, тоа не значи автоматски дека се вратил на изворното христијанство! Начелно, секоја новотарија и секоја промена во Црквата и нејзниното учење, не е враќање на изворот, туку отстапување од изворот! Римската Црква почна да воведува новотарии и се случи шизмата! Од кај таа сигурност дека Реформацијата се вратил на изворот? Само затоа што го напуштила римо-католицизмот и-оп! Еве сме на изворот!
--- надополнето: Sep 6, 2011 7:45 AM ---

Нема потреба да се реформираме, оти претходно напишав: секое воведување новотарии, само по себе е отстапување од изворот.
--- надополнето: Sep 6, 2011 7:48 AM ---

Уште една проверена проетстанска финта: нападот е најдобра одбрана, не?

А Библијата веќе е дел од Црквата, така да нема(ме) страв од „библиска неписменост„. Библијата е ВО Црквата а не Црквата ВО Библијата!
--- надополнето: Sep 6, 2011 7:51 AM ---

Возобновената МПЦ доби благослов и преемство од СПЦ, за да се запази редот и континуитетот. А СПЦ, како наследник на Пеќкаа патријаршија, јасно е од кого е создадена. не?

А за возврат: од кого доби апостолско „премество„ Твојата/Вашата маалска заедница? :)
--- надополнето: Sep 6, 2011 7:52 AM ---

Веќе одговорив.
--- надополнето: Sep 6, 2011 7:52 AM ---

Само политички проблем е, тоа и на лаиците им е совршено јасно.
--- надополнето: Sep 6, 2011 7:54 AM ---

Самонаречените „цркви„ се нерелевантни за Црквата па можат да прааш шо ќе им се кеифне.
--- надополнето: Sep 6, 2011 7:56 AM ---

Проблемот меѓу СПЦ и МПЦ е дефинитивно политички, имајќи на ум во какви историски и политички околности живееме, а посебно имајќи ја на ум блискоста меѓу српската и грчката Црква и српската и грчката држава. Затоа, сите други помесни православни Цркви ни велат дека се спремни да ја признаат МПЦ, но доколку се средат односите со СПЦ.
И вие и протестантите како шизматици и расколници а со тоа секако големи грешници треба да се покаете и да се вратите под закрилата на единствената права и апостолска црква.
Или како што кажа папата Инокентие III пред многу векови...“постои само една универзална црква на спасените по вера,надвор од неа се е од рогатиот“...:vozbud:
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Животот, колега верен, е сплет од најразлични искуства и доживувања. Јас се трудам мојот да е што е можно поразновиден. Опсегот се движи од работа, зезање, поучување, денгубење, препирки, чисто уживање, до пљукање крв од напорна работа и трпење на нештата кои мора да се истрпат.

Ако на мојот ретко интимен пост од погоре не си обрнал должно внимание, тоа тебе те прави лош соговорник. „Арчење живот по форуми“ беше уредно објаснето погоре. Во детали.

Од друга страна, ти, како *** под кошула, седиш од страна и не дискутираш туку само мрчиш. Наместо како добар форумски колега, на поставеното прашање да одговориш, па и самиот да дадеш некаков личен прилог во дискусијата, ти поставуваш прашања кои ти се одговорени само три реда погоре, а оние упатени кон тебе ги избегнуваш.

Оти така, колега голем верник? Зошто не покажеш должен реципроцитет?!? Зошто на арното не вратиш со арно?
Дибек, не туку ми се прави интересен, и не ми глуми. Ти овде се расфрли со некои совети, кои не ти ги прифативме, та затоа ти велам барем самиот ти си ги применувај, и толку од дискусијата, што си запнал постојано да тролаш и да одиш оф топик. Не ми зборувај за дискусии, те знаеме убаво и тебе и твоите мислења (преповторени во секој твој пост). Кога веќе немаш сериозни прашања во врска со темава, тогаш ќути си и не тролај. Или - If you don't have nothing nice to say, don't say nothing at all.
--- надополнето: Sep 6, 2011 2:37 PM ---
Што за тебе претставува овој поим - "душа"? Дали тоа се твоите сеќавања? Твојот карактер.......?
И ако под душа го подразбираш токму тоа, тогаш дали лицата со подвоена личност имаат две души во едно тело? И дали оние кој добиле трајна амнезија сега имаат нова душа?
Слаб обид. Налик на прашањево - Дали трите дена пред Воскресението Христово не постоеле Света Троица.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Да, барем имам на што а се надевам. Ти, на што се надеваш? На „дигитализација„ на „душата„?

Патем кажано, сите историски познати народи, манифестираа колективна и лична религија, се до појавата на атеизмот, во Марксово и Дарвиново време, од кога луѓето почнаа масовно и често да Го подзабораавт Бога. А се чини дека Ти си јаааааак претставник на атеизмот на форумов, па се однесуваш како целата историја пред Тебе, да била збирка од лаги и заблуди.
Патем кажано, сите историски народи манифестирале народни приказни, бабини деветини и митолошки дебилштини кои им ја пополнувале празнината која денес ја пополнува рационалната мисла. Не те гледам да се повикуваш на световните авантури на Зевс или на лотосовиот цвет и танцот на креацијата на Брама. Чуму таква селективност?

Атеизмот постои најмалку колку ведите (то му доџе, друже, бар 4000 години)

Тоа што на западната цивилизација осакатена од владеењето на христијанската црква и' текнало (се дрзнала) да го популаризира тек во 16 век (значи пак си тотално утка) кажува единствено колку фашизоидна и сурова ти била црквата твоја благородна.

Еден од најпознатите и најцитираните атеисти во човековата историја, Епикур, добри 300 години пред „наводниот“ Исус, раскрстил со идиотското тврдење за семоќен, сезнаен, сеприсутен Бог и го поставил Проблемот на злото во светот. Секој обид да се зборува за Бог после овој 2000 и кусур години стар цитат е ин-фан-тил-но. ...ок, или игнорантно.

Све си пишува, друже верен, само кој да чита кога му се тресат гаќите... Стравот не е мала заебанција.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Слаб обид. Налик на прашањево - Дали трите дена пред Воскресението Христово не постоеле Света Троица.
Абе што мешаш воскресенија? Ако знаеш кажи, ако не молчи си, како што и ти на останатите им порачуваш.
Значи што подразбирате вие под "душа"? Дали овој поим ги дефинира карактерот и меморијата на човекот?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.967
Поени од реакции
83.300
Еве ја сведочам дека мене постовите на Spaceman Spiff ми помогнаa да го надминaм наметнатиот страв и да се ослободам од прангите на религијата.
Алелуја!
Господ нека го благослови Spaceman Spiff!

Дадов иницијатива да бидат неговиот лик и дело вклучени у Скопје 2014, па ќе видиме шо ќе биде. Барем една биста на мостон...
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Атеизмот постои најмалку колку ведите (то му доџе, друже, бар 4000 години)
Аман бре, само 4000 години? Еми нели луѓето постојат веќе 100000 и повеќе години? Тоа атеизмот значи ептен е некоја новотарија. Што се случувало претходните 100000 години пред да се појави атеизмот? Се што тие верувале/знаеле било грешка?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Дибек, не туку ми се прави интересен, и не ми глуми. Ти овде се расфрли со некои совети, кои не ти ги прифативме, та затоа ти велам барем самиот ти си ги применувај, и толку од дискусијата, што си запнал постојано да тролаш и да одиш оф топик. Не ми зборувај за дискусии, те знаеме убаво и тебе и твоите мислења (преповторени во секој твој пост). Кога веќе немаш сериозни прашања во врска со темава, тогаш ќути си и не тролај. Или - If you don't have nothing nice to say, don't say nothing at all.
Интересно ти е, викаш. Хе-хеее... внимавај, друже, да не те земе нечестивиот.:P

Јас сум убеден дека оваа дискусија и тоа како е on-topic. За она „не ти ги прифативме“ не разбирам кој сте тоа вие. И како тоа сметаш дека не ми биле прифатени? Сезнаен да не си?!? Пази се, друже, тенот е тој лед!

И повторно истото... ја ти пишувам, ти објаснувам и те тебе прашувам за истите работи, за, како добри муабетџии, да започнеме една навистина издржана дебата, ама ти си тераш по старо - „Дибек ова, Дибек она...“

Де, ако имаш храброст, отвори тоа душичката, гризни метак, па одговри, да му ебем матер. Од што се плашиш?

Што бараш ти на овој форум?
 
Член од
4 септември 2011
Мислења
94
Поени од реакции
23
Аман бре, само 4000 години? Еми нели луѓето постојат веќе 100000 и повеќе години? Тоа атеизмот значи ептен е некоја новотарија. Што се случувало претходните 100000 години пред да се појави атеизмот? Се што тие верувале/знаеле било грешка?
Drvoto na zivotot bilo vistinito pa i uste veruvaat vo toa. Zatoa nekoi vitkaat bilki pa gi pusat. Ne sum slusnal nekoj krst da ispusi mada vikaat toa kandilata deluvale vo tesni prostorii.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Еве ја сведочам дека мене постовите на Spaceman Spiff ми помогнаa да го надминaм наметнатиот страв и да се ослободам од прангите на религијата.
Алелуја!
Господ нека го благослови Spaceman Spiff!

Дадов иницијатива да бидат неговиот лик и дело вклучени у Скопје 2014, па ќе видиме шо ќе биде. Барем една биста на мостон...
Сукај брк ти, друже и ич не му се секирај. Тебе Јахве посебно ќе те награди...

...ко што вика Ипсисимус, ти мора да имаш пола туце души у тоа глаата... една ваљда ќе стигне кај што планираш, шо!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom