Исповед на Хрват-платеник: Има наши низ цела Африка

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Исповед на Хрват-платеник: Има наши низ цела Африка
003A0A98037F7C44873EBA586EBC9E12.jpg

Млади хрватски граѓани на возраст од 19 до 30 години се почесто се појавуваат во француската Легија на странци. Инаку, Легијата прима пријави на лица до 40-годишна возраст. Потписникот на овие редови лично знае едно момче од околината на Загреб (податоците се познати на редакцијата) кој се приклучил во Легијата, а во Хрватска доаѓа повремено.

Некои негови колеги кои ќе ја издржат тешката обука, по истекот на 5 годишниот договор си заминуваат од Легијата, приклучувајќи се на разни меѓународни фирми за безбедност и водат туѓи војни, накусо стануваат платеници, пред се во Африка.

Платата во Легијата на странци, која е составен дел на француската војска, на почетокот е околу 1.000 евра, со време се зголемува, но при одење во платеници легионарите можат да заработат од 10 до 20.000 долари месечно.

- Има наши во цела Африка, биле во Легијтаа, но не знам за колку луѓе се работи. Многу од нив работат на обезбедување. Јас во Легијата запознав десет наши кои сакаа да се бават со платеничка работа. Многу наши од целата земја секоја година одат во легионарскиот центар Аубагне до Марсеј, но по неколку дена се враќаат дома. Од 100 пријавени, 95 од нив ги праќаат дома. Има и многу Срби и момци од БиХ.

Сите тие се чесни момци, но има и такви кои од нешто или од некого побегнале. Но, јас не прашувам многу, дојдов да си ги одработам своите пет години. Мислам дека во Легијата не можат да се пријават криминалци, како порано. Сега се се проверува детално, нема начин да ги измамите. Ако лажете ќе ве фатат, истиот ден или за еден месец. Напорно е, но на крај мило ми е што дојдов, во Хрватска работев работи за 2.000-3.000 куни, а тука до сега успеав да заработам солидна заштеда – ми зборуваше додека го пиевме кафето.

Од Алжир до Чад
Не прашував многу, знаев дека не сака да раскажува за својата нова работа. Ме интересираше само дали бил во „акција“ и дали војниците во Легијата се животно загрозени.

- Бевме во Африка. Таму имаше сешто. Се нагледавме беда. Најмногу се забележуваа деца кои на нозете имаа по еден чевел или носеа чевли од разна големина и боја, вели, наведувајќи дека дел од неговите хрватски колеги брзо се вратиле дома, не го издржале притисокот. Колку странци-легионари има во Легијата на странци, го прашавме. Вели, илјадници. Француските медиуми пишуваат дека Легијата брои околу 8.000 војници од над 100 земји.


Што му било највпечатливо од обуката?

- Кога скокавме од хеликоптер во морето. Тоа никогаш нема да го заборавам, како и повеќедневните маршеви во кои дневно поминувавме и 50 километри. Беше напорно и да се качуваме на јаже, а не смеевме да се помагаме со нозете. Првите денови ни беа најтешки, шок до шок. Првите денови имав голема желба да се вратам дома, вели низ насмевка.

Војниците на Легијата ги праќаат во кризни подрачја во Алжир, Џибути, Француска Гијана, Чад, Брегот на Слоновата Коска. Нашиот соговорник тврди дека, откако дошол таму, дошол командант кој зборувал хрватски. Во Легијата не мора да се знае француски, вели тој, но со време се совладува јазикот. На Хрватите им е тешко да станат команданти во Легијата, повеќето остануваат заменици, како и други кои не се Французи.

Но, неколку Хрвати имаа среќа што станаа команданти, добија француско државјанство и работат за Владата или војската. Иако во Легијата се пријавуваат и Хрвати кои зад себе имаат војничко искуство, сите пријавени ги третираат исто – стануваат сосем обични војници. Ако, на пример, докажете дека сте биле во некоја војска, треба да се достави доказ за војничко отсуство, бидејќи Легијата не прима војници кои истовремено служат и во други војски. Условите за прием во Легијата се исклучително ригорозни, а разговорите и медицинските вештачења можат да траат и цел месец.
Слободна Далмација - Сплит
koga ce recam jas legija ne e zaebancija :)
 
Сето чесни момци таму, криминалци не примаат, секако дека не :icon_lol:.
 
e pa sekoj ne moze da podnese bombi i kursumi kaj frcat prijatele

Па не може секој да биде зомби без свое јас, да слуша наредби дресиран не како куче туку полошо.
--- надополнето: Sep 5, 2011 7:56 PM ---
Да тие што имаат мал кур имаат голем пиштол или пушка :icon_lol:.
--- надополнето: Sep 5, 2011 7:58 PM ---
Подобро во Охрид на плажа отколку во Џибути на плажа :icon_lol:. Го знаеш вицот со Сахара кога отишле нашиве од плажата до морето не можеле да стасаат :icon_lol:.
 
Па не може секој да биде зомби без свое јас, да слуша наредби дресиран не како куче туку полошо.
za da odis vo vojna treba da imas jajca i toa na vol toa e edno. drugo
--- надополнето: Sep 5, 2011 7:56 PM ---
Да тие што имаат мал кур имаат голем пиштол или пушка :icon_lol:.
ne bidi siguren vo toa vo francija legionerite se ceneti mnogu od francuzinkite znaci gi biva za koenje :drk:
 
друже може да ми објасниш што е поточно Легијата на странци?

Воена единица што се бори за државата?
Знам еден дечко проба да отиде таму само кажа дека било премногу строго..Треба да си 200% физички и ментално спремен.. позз
 
друже може да ми објасниш што е поточно Легијата на странци?

Воена единица што се бори за државата?
Знам еден дечко проба да отиде таму само кажа дека било премногу строго..Треба да си 200% физички и ментално спремен.. позз

Легија на странците е специјална воена единица во Франција составена само од не-француски државјани кој се спремни во рок од 24часа да одат на било која мисија било каде во светот.
Платеници, од највисок ранк.
 
Легија на странците е специјална воена единица во Франција составена само од не-француски државјани кој се спремни во рок од 24часа да одат на било која мисија било каде во светот.
Платеници, од највисок ранк.

и кој работат за интересите на Франција
 
друже може да ми објасниш што е поточно Легијата на странци?

Воена единица што се бори за државата?
Знам еден дечко проба да отиде таму само кажа дека било премногу строго..Треба да си 200% физички и ментално спремен.. позз
точно е тоа имам отворено тема баш за тоа еве го линкот http://forum.kajgana.com/threads/Легија-на-Странците.47398/#post-4073833
--- надополнето: Sep 7, 2011 4:03 PM ---
и кој работат за интересите на Франција
нормално кој те плаќа за него ќе работиш штом си се нафатил
 
и кој работат за интересите на Франција
Па не би рекол за интересите на Франција, повеќе за интересите на француските коорпорации, заедно со нивните пријатели од другите држави.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom