Легија на Странците

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Shellshock nam67, 16 февруари 2011.

  1. Shellshock nam67

    Shellshock nam67 Гостин

    За неа многу се зборува а малку се знае
    која е таа легија на странците ?
    Логирајте се и станете легионер

    Прочуената Легија на странците сега преку Интернет ги регрутира новите членови, што е несекојдневна револуција
    ОБАЊ, ФРАНЦИЈА - Ебари Сиго не може да го изговори мотото на француската Легија на странци - „Марширај или умри“, па затоа си креираше сопствено кога го напушти Токио и замина за Париз за да се регрутира како легионер. Неговиот долг марш почна со Интернет-регрутирањето во Јапонија, неговата татковина, иако технички на познатата Легија на странците и' е забрането да регрутира кандидати надвор од границите на Франција.

    Новите регрути кои се собираат во нејзиниот штаб во Обањ, источно од Марсеј, во јужниот дел на Франција, се и-мејл генерација легионери кои најпрво се запознале со силите преку Интернет од својот дом во Венецуела и Бразил, Јапонија и Кина. Откако осумилјадната Легија во 2001 година го отвори својот веб-сајт, составувањето на силите се промени. Латиноамериканците сега претставуваат 25 отсто од силите, зголемување од 15 отсто, додека присуството на Азијците е зголемено од 6 на 8 отсто. На пример, Кина е новиот извор на кандидати, кои се привлечени од ветувањето на Легијата за доделување француски пасош за следните пет години, како и сместување, храна и стабилен приход, почнувајќи со 1.030 евра месечно. „Интернетот навистина е мини револуција за Легијата на странците“, изјави потполковникот Кристијан Расје, портпарол на силите. Годинава околу 600.000 лица ги посетиле веб-страниците на Легијата, www.lеgion-entrangere.com и www.legion-recrute.com, на кои има ветувања за нов живот, без разлика на националноста, религијата или образованието.

    Веб-советниците апелираат на воздржаност: „Регрутирањето е сериозен чекор. Дојдете во штабот на Легијата во Обањ“. Сиго (23), го направи тоа патување од Јапонија, откако ги посети сајтовите на Легијата и купи авионски билет за Париз. До неговото пристигнување во Обањ, кон крајот на септември, тој знаеше англиски и француски колку за да го изрази вечниот мотив за регрутирање.

    Меѓу новорегрутираните беше и Чи Лио Хаи (20) од Шангај. Тој веќе четири години илегално живее во Париз, без никаква надеж дека ќе добие документи за легален престој во Франција. Еден пријател му сугерирал да се пријави во Легијата, чиј воен оркестар ја предводи парадата за Денот на Бастилја во јули на Елисејските Полиња, со кинески легионари кои маршираат во средината. Лио Хаи ја посетил веб-страницата каде што бил инспириран да се упати кон Обањ. „Ми се допаднаа фотографиите и идејата за нова авантура, како и изгледите за добивање пасош“, вели тој.

    „Ние константно еволуираме“, вели полковникот Винсен Лекур Гранмезон, начелник на Генералштабот на Легијата. „Интернетот навистина ни го отвори патот да се пробиеме низ целиот свет“. Он-лајн стратегијата е драматична промена од попасивниот традиционален приод со лепење постери на железничките станици додека се чекаат социјалните, економските и политичките немири да извршат притисок врз луѓето да се одлучат за регрутирање.

    До неодамна Легијата служеше како претстража за Словените од Централна и Источна Европа, како и за Романците, кои ја сочинуваат најголемата група легионери веднаш зад Французите. Со Интернет- регрутирањето бројот на Словените бележи пад од 40 отсто во 2001 година на 33 отсто минатата година. Најмалуброен и понатаму останува контигентот војници кои зборуваат англиски јазик, само два отсто се од Велика Британија и од САД. Според официјалните лица на Легијата, ова не се должи на културниот антагонизам, туку на тоа дека апликантите од САД и Велика Британија имаат проблеми да ги поминат тестовите за издржливост, што нагласуваат дека се со слаба телесна сила и кондиција. Всушност, од секои осум кандидати кои се земаат предвид од страна на Легијата, седум се отфрлаат по тринеделните физички тестирања и разговорите за „безбедност и мотивација“ во Обањ од внатрешните иследници познати по прекарот „Гестапо“. „Зошто да го користиме Интернетот кога имаме толку многу кандидати?“, вели Расје. „Едноставно: тоа е начин за подобрување на процесот на регрутиирање со обраќање до поголеми групи луѓе. Колку повеќе кандидати ќе ни затропаат на вратите, толку подобар избор ќе имаме“.

    Легендата за Легијата, распространета низ светот со помош на различните филмски верзии на „Убав гест“ и мемоарите на поранешните легионери од кои се зголемува тестостеронот, е силата која ги заштитуваа кандидатите кои веќе го отфрлиле минатото. Меѓутоа, реалноста е поинаква. Легијата е внимателна со дарувањето нов идентитет, и најпрво бара да им се достават пасошите и да се изврши проверка на регрутите кај криминалистичките служби како Интерпол, за елиминирање на оние кои биле осудени за насилен напад или сексуални злоупотреби. Па, дури и расипаните заби може да бидат причина за дисквалификација на кандидатот, бидејќи Легијата не е подготвена да троши за заболекарски прегледи пред кандидатот да биде регрутиран. Таира Коџи (36), поранешен работник во фабрика за лагери во Токио, го откри ова кога во јуни се пријави во Легијата. Тој следните три месеци ги помина во Париз, каде што му беа поправени забите, додава тој. Но, до крајот на септември, тој отиде во Обањ за првата фаза од тестирањата. „Сонував да станам легионер“, вели Коџи, кој многу малку зборува француски, но доволно за да копнее да ја носи крутата бела капа „кепи“ на легионерите.

    Во долгата крвава историја на Легијата на странците 35.000 лица ги загубиле своите животи во борби, а последните жртви беа на Хаити во 2004 година. Во поглед на историјата, најчесто поставуваното прашање од офицерите кои ги спроведуваат регрутирањата е: „Сигурни ли сте дека сакате да станете легионер?“
    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6FFFCAF879995340938A6C492700C6AC
    извор
    кои се вашите размислувања за оваа платеничка војкса и би дали би биле дел од неа
     
  2. Kadaif

    Kadaif M.D.

    Член од:
    21 јануари 2008
    Мислења:
    3.359
    Допаѓања:
    2.261
    Мала е платата, не вреди!
     
  3. Drettica

    Drettica Антички кумановец

    Член од:
    24 ноември 2008
    Мислења:
    11.643
    Допаѓања:
    12.170
    Мразам платеници. Не би сакал да бидам дел од оваа багра составена од криминалци и олоши. Имам слушнато дека на Балканот имаат свои скаути каде ги наоѓаат најдобрите припадници на единицава.
     
  4. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Модератор

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.676
    Допаѓања:
    944
    Мала е платата, но постојано ти се зголемува, 8 месеци си на терен 4 во касарната.
    Се што е на терен освен храната го плаќаш самиот и ти бираш каква позиција ќе работиш таму, дали ќе бидеш поизложен на оган или не.
    После 5 години служба ( ако преживиш ) моеш да работаш било каде како платеник или да се вратиш дома и да бараш дел во својата Армија како инструктор.

    Доколку се одлучи бившиот Легионер да продолжи како платеник без знаме на рамото тој може да заработува од 10.000 - 60.000 долари месечно, во зависност каде во светот ќе работи и што ќе работи.

    Значи дефиницијата за денешниот Легионер е : Служење во легијата 5 години, после тоа како платеник уште 5 години и стануваш милионер.

    п.с таму нема криминалци и олоши, како што нема кај нас во Волците така нема и таму.
     
  5. Chemical Angel

    Chemical Angel

    Член од:
    28 мај 2008
    Мислења:
    3.590
    Допаѓања:
    3.345
    Како демек ќе преживееш, па ќе работиш таму. Прво треба да го поминеш првиот месец, па да се надеваш за нешто. Имаше пред некое време документарци на телевизија за легионерите и нивните тренинзи. Имаат три кампови и тоа еден е во пустина (поточно некоја бивша колонија на франција во Африка), клима со голема влажност (француска гвајана) и студ (Алпите). Во вакви услови ретко кои може да издржи нормално да живее, а не да тренира и да биде тормозен. И не се работи за плата, после завршувањето ти си дел од елитната војска, кои се познати низ светот по професионалното обавување на нивната работа, дури тогаш можеш да работиш за добра пара.
     
  6. НеоН

    НеоН

    Член од:
    12 август 2010
    Мислења:
    2.892
    Допаѓања:
    901
    кратко интервју со бивш легионер...
     
    На Lady_Paris му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Спенсер

    Спенсер Гостин

    Добро дечки... зашто кога ќе се спомене некоја единица,одма во главата ви се мотаат криминалци,олоши,клошари и слично...

    Очигледно не знаете дека за да добиете статус КАНДИДАТ,прво треба да проверат во полиција дали имате кривично досие...

    п.с. Во Легијата на Странци служел и Милорад Улемек-Легија... и секако,кога се врати во Србија,стана единствениот командант на тогашната најелитна формација во Србија, ЈСО-Црвени Беретки...
     
  8. Kadaif

    Kadaif M.D.

    Член од:
    21 јануари 2008
    Мислења:
    3.359
    Допаѓања:
    2.261
    И тогаш е мала, додека е обуката па да не правиме муабет.
     
  9. НеоН

    НеоН

    Член од:
    12 август 2010
    Мислења:
    2.892
    Допаѓања:
    901
    де просветли не каква е обуката?...сигурно не е по ригорозна од нашава тука...
     
  10. Kadaif

    Kadaif M.D.

    Член од:
    21 јануари 2008
    Мислења:
    3.359
    Допаѓања:
    2.261
    Ете ти го видеото погоре, све ти кажува иако мислам дека лаже малку за обуката, пошто тоа што тој го кажува не е обука а претерано скршување на војникот како во физичка така и во психичка смисла. Се сомневам дека постојат такви старешини кои така ќе се изживуваат со војниците, сепак моралот на војникот е најбитен!
     
  11. Holy Temple

    Holy Temple

    Член од:
    16 април 2010
    Мислења:
    2.489
    Допаѓања:
    1.389
    Легија на Странците не толку богата со финансии ако одиш само за материјална корист. Ако веќе некој сака да биде платеник и да војува за пари би му препорачал да оди во американската приватна војска BLACKWATER

    [​IMG]
     
    На cige му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Спенсер

    Спенсер Гостин

    :) Намерно ги кршат психо-физички... омаловажување,навредување,па дури и еден вид на пцуење... инструкторите мораат да видат како ке реагираат кандидатите...
     
  13. Kadaif

    Kadaif M.D.

    Член од:
    21 јануари 2008
    Мислења:
    3.359
    Допаѓања:
    2.261
    Абе тоа океј, ама види го видеото, чоекот станал инвалид од такви срања демек.
     
  14. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Модератор

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.676
    Допаѓања:
    944

    Види дечко, Црната вода е наменета за бившите американски војници.

    И не се најбогатите, има побогати од нив, овие земаат по 250-270 долара на ден, додека има компании кои даваат по 350 на ден.

    Легионерите секаде ги примаат, бидејќи се најдобрите, слободно кажано “ Отпишани “
     
  15. Shellshock nam67

    Shellshock nam67 Гостин

    првиот договор доколку влезиш во ти трае 5 години платата е 1000 евра по тој договор од 5 години имаш понуда за нов од 5 години по тоа имаш понуда да бидеш инструктор стакнуваш француско државјанство
    во самото интервју бившиот легионер спомнува дека во Легијата има и интелектуалции не е само клуб на багри

    --- надополнето ---

    Legija 4RE:
    ovo ti je kodeks (ok ima ih još ali ovo je ono što se nikada ali nikada ne krši pa ni pod cijenu smrti)

    1. članak : legionaru ti si doborovljac koji služi republici francuskoj sa dostjonastvom i dignitetom

    2. članak: svaki legionar (aktivni i odpušten iz službe zbog starosti ili isteka ugovora) je tvoj brat bez obzira na svoju nacionalnost, vjeru, rasu itd. Prema njemu pokazuješ blisku intimnost i solidarnost koja povezuje članove neke obitelji.

    3. članak: Poštuj svoju tradiciju i nadređene. Disciplina i prijateljstvo su tvoja snaga, hrabrost i iskrenost tvoje vrline.

    4. članak: Ponosan si što si legionar. Uvijek se moraš ponašati pametno i pristojno. Tvoje ponašanje mora biti najbolje od najboljeg. Uvijek si uredan i tvoje odaje su uvijek ćiste i spremljene kao i tvoja odjeća.

    5.članak: ti si elitan vojnik,koji ej rigorozan prema sebi. Tvoje oružje je tvoje najveće bogatstvo. Uvijek moraš voditi računa i biti u najboljoj mogućoj fizičkoj spremi.

    6. članak: Tvoja misija je požrtvovna. Ustraje se do kraja,poštujući zakon, pravila ratovanja i ljudska prava prema konveciji o pravima ratovanja, ako je potrebno i životom.

    7. članak: U borbi sudjeluješ bez strasti ili mržnje. MOraš imati poštovanja prema neprijatelju, kao i prema njegovim mrtvima i zarobljenima. NIKADA NE PREDAJEŠ SVOJE RANJENE, SVOJE MRTVE, SVOJE ORUŽJE PA I POD CIJENU SMRTI.

    кодескот на честа на Легијата на странци
    naj elitnata formacija na Legijata smestena na Korzika dostapna 24 casa nasekade po Svetot normalno za interesite na Francuska

    --- надополнето ---

     

Сподели преку: