Владата му овозможила на овој странски инвеститор ослободувања од данок на добивка за период од 10 години и компензација на 50 отсто од бруто-платата на секој работник во период од две години. Дополнително, Владата на „Џонсон контролс“ и доделила грантови во вкупен износ од 4 милиони евра, и тоа 2 милиони евра биле наменети за изградба на објектот, а 2 милиони евра наменети за тренинг на вработените. Со други зборови, овој пример покажува дека можеби е попаметно Владата да ја смени кампањата „Инвестирајте во Македонија“ и да ги повикува потенцијалните инвеститори со зборовите „Ви ја градиме фабриката, ви ги плаќаме вработените, вие само дојдете“
Ako на ова не доѓаат странски инвеститори нешто е дефинитивно не во ред со Македонија.