WTI Macedonia, четврт мобилен оператор

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Па од шо сака нека се дел кога едноставно се без имиња? кој сака може да го користе зборот оне или вип за свое именување кој ке забрани на некој да неможе да си ја именува фирмата оне? кога самиот збор е број или пак вип?
А тебе поим за бренд ти е збор кој го нема во јазикот?
"Најбоље" обожавам вакви експерти за брендирање. :back:
 

login.php

404 Error on index.php
Член од
5 јуни 2009
Мислења
696
Поени од реакции
28
А тебе поим за бренд ти е збор кој го нема во јазикот?
"Најбоље" обожавам вакви експерти за брендирање. :back:
па не ми е тоа муабетот
него шо еве ја си отворам некој продавница или фирма и ја наречам оне како би ми забраниле?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
па не ми е тоа муабетот
него шо еве ја си отворам некој продавница или фирма и ја наречам оне како би ми забраниле?
Прво, нема да може да ја регистрираш во Централен регистар со истото име.
Второ, постојат закони со кои се заштитува брендот и не смееш да го користиш истото име/лого. И да е најсекојдневен збор, таа фирма го земала, прво на нив им текнало да го користат како име, го резервирале, регистрирале и заштитиле и не можеш да го користиш и ти како назив за фирма во истата форма. Може да го преформулираш (побарај на пример ВИП на www.zk.com.mk и ќе видиш дека има повеќе фирми кои содржат ВИП во името, но ниедна освен мобилниот оператор нема само ВИП како име).
Информирај се малку околу тоа. :smir:
 

login.php

404 Error on index.php
Член од
5 јуни 2009
Мислења
696
Поени од реакции
28
Прво, нема да може да ја регистрираш во Централен регистар со истото име.
Второ, постојат закони со кои се заштитува брендот и не смееш да го користиш истото име/лого. И да е најсекојдневен збор, таа фирма го земала, прво на нив им текнало да го користат како име, го резервирале, регистрирале и заштитиле и не можеш да го користиш и ти како назив за фирма во истата форма. Може да го преформулираш (побарај на пример ВИП на www.zk.com.mk и ќе видиш дека има повеќе фирми кои содржат ВИП во името, но ниедна освен мобилниот оператор нема само ВИП како име).
Информирај се малку околу тоа. :smir:
http://www.vip.com/
ами шо прајме еве сајтот вип се вика како смее? мислам дека не е нивни сајтот или пак ова http://www.one.com/en/
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.981
Поени од реакции
4.491
WTI стартува во фиксната телефонија

среда, 23 февруари 2011, 17:26

Четвртиот играч на телекомуникацискиот пазар во Македонија WTI кој се промовираше пред три месеци наскоро и официјално ќе почне да функционира. На стартот, според првичните најави, ќе се фокусира на фиксната телефонија и на интернетот. Услугите во мобилната телефонија ќе почекаат. Виртуелниот мобилен оператор WTI се уште нема потпишано договор со еден од трите постојни оператори Т-мобајл, Оне и Вип за користење на нивната мрежа. Одлуката според информации на Алфа ќе падне на ВИП, засега најламиот мобилен оператор кој не негира дека преговарал со холанѓаните од WTI.

Подготвеноста за борба со конкуренцијата ВИП ја најавува откако објави раст на бројот на корисниците на над 440 илјади со што мобилниот оператор сега покривал 20 проценти од пазарот.
Иако трите мобилни оператори првично беа резеврвирани за влезот на WTI, стравот спласна откако холанѓаните најавија дека ќе стартуваат со понуди речиси идентични како на постојните оператори што би значело дека ќе нема пониски цени за корисниците. Фокус на WTI ќе им бидат главно големи бизнис корисници за разговори во странствo.












 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.188
Поени од реакции
18.264
Овие се изгледа некој СТРАШЕН 'БРЕНД',какви шо само во Македонија идат.Ни асална веб-страна,ни информации основни.
Најверојатно и банкарската сметка им е на Кајманските острови или на островот Ман.:nesvest:
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.111
Поени од реакции
1.396
па не ми е тоа муабетот
него шо еве ја си отворам некој продавница или фирма и ја наречам оне како би ми забраниле?
Неможеш затоа што во централниот регистар на РМ веќе постои фирма регистрирано на тоа име и неможеш да го користиш истото.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.981
Поени од реакции
4.491
ni traga ni glas ..od virtuelniov ooperator ...*****
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
658
Поени од реакции
544
кај и да се ќе почнат, ете некоја новост:

ФИНИШИРААТ ПОДГОТОВКИТЕ НА ХОЛАНДСКИОТ ВИРТУЕЛЕН ОПЕРАТОР

За еден месец WTI Macedonia почнува со фиксна и интернет

Од компанијата информираат дека во финална фаза е тестирањето на техничките системи и решенија, како и потпишувањето на договори за меѓусебно поврзување со домашните оператори. Со мобилна телефонија WTI Macedonia ќе почне веќе од септември откако ќе потпише договор со национален роаминг партнер

Виртуелниот оператор Ворлд Телеконект Интернешнел Македонија (WTI Macedonia) најавува дека кон средината на идниот месец ќе започне со нудење услуги во фиксната телефонија и интернет. Од компанијата информираат дека во финална фаза е тестирањето на техничките системи и решенија, како и потпишувањето на договори за меѓусебно поврзување (интерконекција) со домашните оператори. Со мобилна телефонија WTI Macedonia ќе почне веќе од септември оваа година, откако ќе потпише договор со национален роаминг партнер.
-Нашата стратегија е да обезбедиме иновативни и квалитетни услуги во секое време и секое место за нашите клиенти - вели за ВЕЧЕР, Гер Ротинк, новиот извршен директор на (WTI Macedonia) кој се очекува официјално да ја преземе функцијата во текот на следните 10 дена.
Како една од првите негови одлуки беше преиспитување на среднорочната стратегија со поголем фокус на воведување на водечките услуги во индустријата на услугите со додадена вредност на пазарот во Македонија, многу порано од планираното. Ротинк вели дека веднаш ќе побара итни средби со извршните директори на сите оператори во Македонија, за да се испита потенцијалот од можната соработка и воедно да ги финализира преговорите со избраниот национален роаминг партнер.
WTI Групацијата од Холандија на македонската јавност и се претстави кон крајот на ноември минатата година откако претходно доби нотификација за работа како виртуелен оператор во земјава. Од компанијата, која е глобален провајдер за конвенционални телефонски услуги и услуги базирани на Воип протокол, односно услуги кои овозможуваат поевтини интернационални разговори, тогаш најавија дека по неколку месеци ќе стартуваат со работа. Ротинг признава дека официјалното отпочнување на услугите на WTI Macedonia е малку одложено поради проширувањето на инвестиционата стратегија на ниво на целата групација.
- WTI и Boekhorn групациите се целосно посветени на македонскиот пазар и остануваме благодарни на извонредната поддршка и трпение на Владата на премиерот Никола Груевски, како и поддршката од тимот на Агенцијата за електронски комуникации и нејзиниот нов директор. Дијалогот со надлежните министерства и другите институции во Македонија, како што е УСАИД, дополнително придонесоа кон забрзување на нашата инвестициона стратегија и во текот на следните недели ќе ви откриеме уште најмалку два нови проекта во кои ќе инвестираме, а се комплементарни веќе постоечките активности во полето на телекомуникациите - вели Ротинк.
Во согласност со изјавите дадени за медиумите на крајот од минатата година од страна на Марсел Боекхорн, самоизградениот холандски милијардер кој е и главниот инвеститор во WTI Групацијата, други компании од групацијата на Боекхорн се очекува да влезат на македонскиот пазар во текот на следните неколку месеци со цел да се формира посилна поддршка кон тековните активности на WTI Macedonia.
-Драматичното зголемување на планираните инвестиции од страна на Боекхорн Групацијата ќе и овозможи на својата ќерка-компанија WTI Македонија, до крајот на годината покрај основните услуги за фиксната и мобилна телефонија, да преземе и главна улога во воведување на иновативни решенија во сегментот на услуги со додадена вредност.
Услугите на WTI Македонија и СИМ-картичките ќе функционираат исто како оние на постоечките оператори.
-Потрошувачите ќе добијат не само подобри цени, туку и услуги кои им се нив
порелевантни. Имаме намера да бидеме иновативен оператор и силно веруваме дека
нашето доаѓање на македонскиот пазар директно ќе влијае врз сите претплатници, а
не само врз оние кои ќе ги користат нашите услуги - велат од WTI.
Целна група на WTI ќе бидат фамилијарните корисници, како и оние кои многу често телефонираат во странство, посебно оние што се јавуваат кај свои роднини во дијаспората.

извор: http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=04468573FA973F428488A004F70B091E

а и веб страницата малце ја дотераја, ама само на англиски му е уште
 

Towelie

теХАЦЕ
Член од
26 јуни 2011
Мислења
307
Поени од реакции
254
Се за еден месец почнуват од времето на Исус, и уште не се почнале.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Изгледа и официјално почнаа со работа .. КОНЕЧНО
 

Kajgana Shop

На врв Bottom