Не можам да пишам ништо, бидејќи ако почнам, мислам дека ќе падне форумов. Мислам дека нема доволно хартија и мастило, ниту доволно меморија за да може да се зачува тоа што имам да го кажам за него. Едноставно го обожавам човекот, имам пријатели кои што ми се смееа во средно кога им го опишував, а сега и тие се опседнати со него.
Балашевиќ едноставно знае да те привлече како магнет со неговите песни и нема да можеш да се одвоиш без разлика колку ти душа сака. Човекот е волшебен, му се восхитувам и не верувам дека има некој друг како него на светов. Тој ти е чист доказ дека не е важно во кој век живееш, не е важно каде живееш, можеш да бидеш слободен и имаш многу работи за кои што не си свесен, а што други ги немаат. Не е некоја си холивудска барбика дотерана од некој си менаџер со песни од различни композитори, туку е вистински уметник. Многу малку ги има вистински уметници како него во светот. Секоја му чест. Нашиве можат вода да му носат. Игор Џамбазов има отпеано некои ремикси од некои песни на Балашевиќ, знам дека има отпеано ремикс на Божа звани Пуб, многу е смешна, мислам дека и на Балашевиќ му се има допаднато.
Омилени песни од Балашевиќ ми се:
Неки нови клинци (песна што никогаш нема да умре);
Божа звани Пуб;
Намчор;
Лепа протина кчи;
Прича од Васи Ладачком;
Одлази циркус;
Не ломите ми багрење;
Рингишпил;
Девојка са чардаш ногама;
Свирајте ми Јесен стиже, Дуњо моја;
Деведесете;
Народњаци;
Рани мраз;
Словенска;
Д-Мол;
Малиганска;
Слабо диваним маџарски;
Утицај роџака на мој животни пут;
Провинцијалка;
Опрости ми Катрин;
Ја нисам лузер;
Хеј хај баш нас брига;
и тие ми се само на ТОП 22 листа, да не зборам за останатите.
Балашевиќ, ти си ШАМПИОН, ЛЕГЕНДА, ти и твоите дела вечно ќе бидете со
нас и со сите идни генерации. Вистинските уметници никогаш не умираат.
Остануваат вечно запамтени.