Многу ги имаш помешано работите. Што мислиш ти, фудбалерите не вежбаат во теретана? Спринтерите склекови да не прават? За да напредува телото физички, треба да го присилиш да се адаптира. Склековите се во ред за почетници или како помошна вежба, ама не можеш да се ослониш на нив доколку сакаш да имаш континуиран напредок без да стагнираш. Баш ме интересира како планираш да правиш склекови 3-4 години.
Немам ништо против склековите, напротив, порано правев 60-70 во минута. Работата е што склекот нема доволен интензитет за да го присилиш телото да се развива, без разлика дали тој развој е хипертропија, издржливост, чиста сила или експлозивност.
Не знам што ти подразбираш под „атлетско тело“, ама не се сите луѓе што ке ги видиш во теретана боди билдери. Само да ти докажам на колку начини може да се развива телото, ке ти дадам да го прочиташ ова, за да излезеш од фазонот „идам у теретана значи билдер сум“
http://www.t-nation.com/free_online_article/most_recent/the_four_types_of_movements