Видов у АМЦ соравиа една добра плазма LG...Слика стварно стакло и одѕивот е дива лига...Беше пуштен Discovery HD со емисијата Extreme Survival (или Man vs. Wild на новшии јазик) на сите телевизори од таа страна и кај сите некако сликата беше замаглена (знаете она коа е одѕивот малце послаб па има ghosting...е сите тие таму телевизори беа со 2-1 ms... Ниеден не успеа да ја достави оштрината и убавата боја како на LG-то
Овој имаше нешо одзив 0.001ms...
http://www.amc.com.mk/ShopDetal.asp?ArticleID=29710&id=56&l=3&q=&SupplierArticleID=&Action=
Е не беше таков, малце поскап (го немаат стаено на веб страната) туку сличен на овој..Плазма е и не е Full HD (не ми ни треба, зотоа што во скоро време ќе ставаме Dreambox 500HD а повеќето канали емитуваат во 720p HD резолуција и не ми треба подобро, поготово што ВООПШТО не гледам blu-ray филмови, едноставно ми треба замена за мојава
цевка од катода која шо ме служеше нешто повеќе од 10 години) и овој е стварно добра замена..
Продавачот ми рече дека не праи голема разлика на 42 инчен LCD fullHD, туку на тие малце поголемите...Одлучивме за нашата соба дека е таман 42 инчен пошо 32 е премногу мал (собата е скоро 5 метри должина, т.е. оддалеченоста од ѕидот кај што планираме да го стаиме телевизорот до креветите е ~4 метри...)
Го постаив прашањево едино да ми кажете што мислите за ДЕНЕШНИТЕ плазма телевизори (не оние што биле пред 3-5 години) пошо читајќи review-ови од некои што ги имаат овие телевизори веќе година дена навистина се задоволни и немаат никакви проблеми со нив...