Имендени, наш типичен културолошки белег

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
денес именден имаат : Александар, Ана и Герасим
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Имам повеќе едниот 21 септември ми е на роденденот па да се каже дека славам се во едно.:pipi:А другите во август и незз имало некоја огнена Марија не ги славам немам навика барем до сега
Огнена Марија е опасен празник. Внимавај што ќе правиш на тој ден. Ако пазариш во тој ден не смееш во торбата да носиш повеќе од 3кг. Ако си испазарила 5кг, подели ги во две кесиња и носи ги со две раце, во спротивно огнената Марија ќе ти пушти оган од небото (гром) и ојде јабана :)

Ни јас не славам имендени, ниту имиња. Единствено го славам Господ и само Него го сметам за достоен за слава.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ни јас не славам имендени, ниту имиња..
Еве ја пак позната финта: „...ние не правиме ова, ние не правиме она...„ Е добро де, шо праите!? :confused:
--- надополнето: Aug 31, 2011 8:37 AM ---
. Единствено го славам Господ и само Него го сметам за достоен за слава.
Да де, а ние во Црквата, не Го славиме Бога Творецот, туку го славиме Петре Клукајдрвчето...:confused:

А како Го славиш/славите Бога? Со бесконечно вадење цитати од Писмото или на некој друг начин?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Да де, а ние во Црквата, не Го славиме Бога Творецот, туку го славиме Петре Клукајдрвчето...:confused:
Знаев дека апостолот Петар го славите и се клањате пред неговата икона, но не знаев дека и Петре Клукајдрвчето го славите. Патем види што рекол апостол Петар кога еден човек (Корнелиј) се обидел да му се поклони:

„А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!” “ (Дела на апостолите 10:26, Библијата)

Потсетувај се на оваа изјава на апостол Петар секој пат кога ќе се поклонуваш пред неговата икона :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Аххх, сеа ми олесна.

Ама сеуште не го читам начинот на кој Вие, во Твојата/Вашата заедница се спасувате, а наместо одговорот, пласираш лесно предвидлива финта, која се состои во упатување критика за тоа што сме правеле ние, кои сме во Црквата а не што Вие правите на планот на спасението....

Да, така е полесно, нели?

А тоа што Св. Ап. Петар го кажал, тоа е пракса и кај нашите свештеници, на што сум лично очевидец, кои напоменуваат дека ради нивната огревовеност, сметаат дека не се достојни да им се чини чест со појасен поклон, а таа чест верните (вклучувајќи ме и мене....) ја чинат при секое земање благослов од своето свештенство.

Така, наспроти Твоето испразно академизирање и механичко вадење цитати од контекст, а без минимално образложение „како и зашто„, туку „..така е, оти така пишува...„, јас посочувам зашто тоа го сторил и Апостолот, но и свештениците, кои лично ги знам.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ама сеуште не го читам начинот на кој Вие, во Твојата/Вашата заедница се спасувате,
Па нормално дека не го читаш, погледни која е темата? Се залутал море на погрешна тема. Ги читаш ли насловите на темите пред да поставиш прашање?

А тоа што Св. Ап. Петар го кажал, тоа е пракса и кај нашите свештеници, на што сум лично очевидец, кои напоменуваат дека ради нивната огревовеност, сметаат дека не се достојни да им се чини чест со појасен поклон, а таа чест верните (вклучувајќи ме и мене....) ја чинат при секое земање благослов од своето свештенство.
Но зошто и се поклонувате на иконата на св. Петар, кога лично св. Петар го укорил Корнелиј затоа што овој му се поклонил? Па добро бе мајќе му стара, зар треба св. Петар секој лично од вас да го опоменува за да сфатите толку проста работа дека и тој е човек и дека не треба да му се поклонувате?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Но зошто и се поклонувате на иконата на св. Петар, кога лично св. Петар го укорил Корнелиј затоа што овој му се поклонил? Па добро бе мајќе му стара, зар треба св. Петар секој лично од вас да го опоменува за да сфатите толку проста работа дека и тој е човек и дека не треба да му се поклонувате?
Веќе одговорив, нели прочита? А Св. Ап. Петар и Светиите воопшто, имаат други начини за укорување.
Зашто им се поклонуваме на ликовите на иконите а не на иконите како материјални предмети, и за тоа е објаснувано, ама некој требит да ги надминит својте предрасуди за наводното идолопоконство ради појасниот поклон пред иконите и све ќе му станит јасно...
--- надополнето: Sep 1, 2011 7:59 AM ---
Па нормално дека не го читаш, погледни која е темата? Се залутал море на погрешна тема. Ги читаш ли насловите на темите пред да поставиш прашање?
Темата е насловена така како што е насловена, а некоментирањето нечиј едностран пост кој директно удира по Црквата, за мене би значело согласување со наведената неоснована критика. Но не е нит прв а нит последен пат, ако дискутантите избегаат од насловот на темата...

Но нема проблем, можам да отворам и посебна тема, на која Вие протестантите, ќе можете да го објасните начинот на кој ги спасувате свпојте души.

Сега-за сега, познати се чак две работи:
- Вие „...не правите тоа што го прават православните...„ и
- Вие го проучувате Светото Писмо,

кое пустото, ќе останеше непроучено ако Вие не се впуштевте во негово проучување.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Па нормално дека не го читаш, погледни која е темата? Се залутал море на погрешна тема. Ги читаш ли насловите на темите пред да поставиш прашање?
Демек ти овде на овој форум стриктно само по насловот на темата пишуваш. Мене не ми стои дека проблемот е во погрешната тема, него нешто до поставеното прашање ќе да е. А?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.793
Имам именден (два и тоа, две имиња имам ;) ) ама никогаш не сум го славела и немам намера да славам. Исто како што немам куќна слава и нема ни да имам.
Секако, против тоа сум, како и против секој можен квази верски обред.
А кај македонците, уште долго ќе има глупави традиции, не се сомневам во тоа.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во ред де, еве чак и Ти, не знам што си певоиспивед, велиш дека „...не правиш ова или она...„; попут протестантиве на форумов, но ајде кажи, ако не правиш „...ова или она...„, затоа што биле „...глупави традиции...„, тогаш што „неглупаво„ правиш, на шо си го арчиш времето?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
На MIKI1 му треба именден за да прави „нешто“ во животот. Небаре другите што не слават имендени кутрите немаат што да прават во животот. MIKI1, на нормалните луѓе не им треба именден за да се соберат и пожуркаат и развеселат.
По што се разликува еден именден од обична прослава? По тоа што на именденот гостите го поздравуваат „славеникот“ со поздравот „за многу години името“ и по тоа што потоа следи пиење до несвест.
Луѓето што не слават имендени работат, учат, спортуваат, си имаат некое хоби, си пијат кафе со пријателите, си искачаат, се журкаат, прават семејство, одгледуваат деца и сл. Тие што се христијани покрај овие работи си ја негуваат својата вера и служат во некоја Христова црква.
Значи како што гледаш има многу паметни работи што можат да се прават за времето да не биде изарчено попусто.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
На MIKI1 му треба именден за да прави „нешто“ во животот. .
Ваков став, немам искажано на форумот, така да не ми подметнувај „топки„...
--- надополнето: Sep 1, 2011 2:18 PM ---
Луѓето што не слават имендени работат, учат, спортуваат, си имаат некое хоби, си пијат кафе со пријателите, си искачаат, се журкаат, прават семејство, одгледуваат деца и сл.
Тоа го чинат сите атеисти, не кажуваш ништо ново...
--- надополнето: Sep 1, 2011 2:20 PM ---
Тие што се христијани покрај овие работи си ја негуваат својата вера и служат во некоја Христова црква.
.
Е добро де, дај конечно, прејди од вака воопштени фрази, попут „...ја негуваат верата...„ и „...служат...„, на нешто конкретно: што, како, каде, кога и сл.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.793
Во ред де, еве чак и Ти, не знам што си певоиспивед, велиш дека „...не правиш ова или она...„; попут протестантиве на форумов, но ајде кажи, ако не правиш „...ова или она...„, затоа што биле „...глупави традиции...„, тогаш што „неглупаво„ правиш, на шо си го арчиш времето?
Мики, не се вознемирувај, сврти и другиот образ кога те боли едниот.
Од сите христијански правци правчиња и смерчиња, протестантите се најприфатливи според мене.
Јас немам вероисповед.
А на што си го арчам времето, во друга тема, нема смисла да се повторувам секаде, те едно исто.
Ама биди сигурен дека не си го трошам овој живот, за да живеам некој задгробен.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, не се вознемирувај, сврти и другиот образ кога те боли едниот.
.
Кога ми треба совет, се обраќам до соодветна личност и место.
--- надополнето: Sep 2, 2011 8:59 AM ---
Од сите христијански правци правчиња и смерчиња, протестантите се најприфатливи според мене.
.
Оние кои веќе се одлучиле за протестантизмот како за своја вероисповест, тоа го сториле есапџиски: што ќе дадам а што ќе добијам....Во протестантизмот, се добива многу на материјален план, а се губи се на духовен план.
--- надополнето: Sep 2, 2011 9:01 AM ---
Јас немам вероисповед.
„,,,Секоја човекова душа е христијанка...„, вели Тертулијан, но Ти терај по свое, никој не Ти брани. Може знаеш нешто повеќе и од Тертулијан.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Е добро де, дај конечно, прејди од вака воопштени фрази, попут „...ја негуваат верата...„ и „...служат...„, на нешто конкретно: што, како, каде, кога и сл.
Овие протестантиве се некоја чудна сорта. Чиниш некое мистериозно, таинствено друштво се, та на сакаат да откријат што и како прават. А она што го откриваат на светот е единствено напаѓањето на Православието и тврдења од типот ние не правиме тоа што го прават Православните. Ама се ми се чини дека зад напаѓањето не стои ништо друго. Ова нивното е еден протест кон Црквата, и само тоа. И нормално во самата срж им е вадењето цитати и теологизирање само околу тој цитат, без разлика дека постојат цитати на други места низ Писмото кои го појаснуваат претходниот и им контрираат на нивното разбирање/толкување на тој цитат.

Нам не обвинуваат за идолопоклоници, а тие ги издигнаа нивните основоположници од Лутер па се до создавачите на сите деноминации, над Исус, придавајки им важност на создавачи на “цркви“. Демек не чинеше од Христа создадената Црква, та тие одлучија да си направат своја и да следат Лутерци и незнам какви не.

А најинтересна пак е онаа дупката од илјада и кусур години каде Христијанството нацело отстранило од вистината. Демек Исус одма после 100-200 години од создавањето на Својата Црква дозволил таа да тргне по погрешен пат, демек Исус неможел да си ја одржи Црквата во вистината та требало Лутер да дојде да ја спасува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom