Човек може да се заљуби релативно лесно, доволна е искра на привлечност од двете страни, и ете ти заљубеност. Љубовта пак, е како оган кој постојано треба да се ложи со внимание, разбирање, компатибилност на физички и духовен план, поддршка и толеранција....Ако не се ложи, згаснува, и , по одреден период на емоционално разочарување, човекот е подготвен повторно да се заљуби и да љуби, да чувствува љубов. Новата љубов сигурно ќе биде различна, оти партнерот ќе е различен, а и самиот ти сигурно си се променил, си еволуирал, така што и новата љубов ќе биде уникатна и неповторлива...