Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
го знам правилното крстење ама што значи...Вики рулззз...
него ова објаснување малку се разликува од објаснувањето од Мики

Нема битна разлика, оти лесно може да се направи равенство, ради повеќеслојното толкување и значење на духовните категории.

Така:
- челото е симбол на раумност и духовност, затоа што духовноста е неовосветовна,туку небесна категорија (како описот од линкот).
- стомакот е симбол на раѓањето на Синот Божји во тело, т.е. отелотоворен/материјализиран Бог (како описот од линкот).
- рамењата се симбол на слегувањето на Духот Свет врз Апостолите и излевање на Неговата благодатна енергија врз нив, т.е.израз на моќта Божја (како описот од линкот).
 
го знам правилното крстење ама што значи...Вики рулззз...
него ова објаснување малку се разликува од објаснувањето од Мики

Како и обично, Мики си толкува онака како во моментот ќе му се сони согласно неговата уникатна духовна логика. Пред некое време објаснуваше како и зошто Јуда се навалил на градите Исусови, демек за прв да чуе од Исус кој е ученикот што ќе го предаде.. и некој што не го познава MIKI1 да го чита ќе си рече малеее воа ептен духовно толкување.. се разбира се додека не прочита во Библијата дека не бил Јуда тој што се навалил на Исусовите гради, туку апостолот Јован :)
Така што да не ве чуди што толкувањата на MIKI1 не се совпаѓаат со другите православци, затоа што MIKI1 е член на светски и локално непризнаена православна црква, а и колку попа толку толкувања, секој поп си е паша на својата нива и секој поп со различни приказни ги залажува селаните, зависно од последниот сон што го сонил, или од последното винце што го пивнал.
 
Пред некое време објаснуваше како и зошто Јуда се навалил на градите Исусови, демек за прв да чуе од Исус кој е ученикот што ќе го предаде..

Никако да ти се намали задоволството од една грешка на Мики, напишана пред 4-5 месеци? И до ден денес сеуште се ќезиш? Еми ако чорбаџи, твое право. Само терај така и понатака. Изгледа Евангелијата ги читаш само за да пробуваш да ги браниш твоите протестантски теологии, а не и за да го практикуваш таму напишаното.

колку попа толку толкувања, секој поп си е паша на својата нива и секој поп со различни приказни ги залажува селаните, зависно од последниот сон што го сонил, или од последното винце што го пивнал.

Еве честитки од мене. Ова ни DBack неможе да го напише. И него го надмина. Чорбаџи, чорбаџи..... очнуваш да ги надминуваш и атеистите.
 
Никако да ти се намали задоволството од една грешка на Мики, напишана пред 4-5 месеци?

Не се работи за грешка. Грешка ќе беше ако само наместо Јован напишеше Јуда. Тоа ќе беше привид, лапсуз, помешување на имињата. Но да згрешиш и потоа од ракав да тресеш прикаски зошто Јуда се навалил на градите Исусови чунки прв да начуел кој ќе го предаде е тоа не е грешка. Тоа е злонамерно измислување прикаски со цел човек да се направи дека нешто знае и тогаш кога не знае и се тоа во името на Библијата - страшно!
 
Како и обично, Мики си толкува онака како во моментот ќе му се сони согласно неговата уникатна духовна логика.
па и има некоја логика. Земјата "раѓа", симбол за плодност, во стомакот е плодот...Небото и духовното исто може да се толкува како соодветна сиболика. Мене ова равенство ми звучи логично.
 
па и има некоја логика. Земјата "раѓа", симбол за плодност, во стомакот е плодот...Небото и духовното исто може да се толкува како соодветна сиболика. Мене ова равенство ми звучи логично.

Кажи барем со колку непознати е равенствово???
 
Zosto u crkva site vlagaat so desna noga?
Zosto od crkva izleguvaat nanazad krstejki se?
 
Кажи барем со колку непознати е равенствово???
гледаш негде равенство? Ок, макар да за да се нарече равенка ...Може ...ако ја објасниш равенката (Христос+апостоли...) у твојот потпис, пеки.
 
Зошто некои верници се крстат додека автобусот чека на семафори на Партизанска?
Ги има во се` поголем број.
 
Zosto u crkva site vlagaat so desna noga?
Zosto od crkva izleguvaat nanazad krstejki se?

Суеверие и формализам. Мислат дека ако излезат наназад дека нема да му завртат грб на Господ (кој небаре седи во црквата).
Грб на Господ му вртиме кога ги игнорираме неговите заповеди, учења или кога постапуваме спротивно на нив, а не кога излегуваме нормално од некаква градба со закачен крст на неа.

А тоа со десната нога е популарно суеверие, популарен тик. Има луѓе што станувајќи од кревет мораат со десна нога прво да стапнат, оти ако стапнат со лева цел ден лев ќе им биде :) Sad but true.
--- надополнето: Aug 30, 2011 11:32 PM ---
Зошто некои верници се крстат додека автобусот чека на семафори на Партизанска?
Ги има во се` поголем број.

За да се поздрават со Господ :)
Суеверие, и јас ко мал го практикував тоа... се додека Христос не ме ослободи од таквите навики. Поповите порано ги учња луѓето (не знам дали уште ги учат така) дека црквата (храмот) е свет објект и тоа е веројатно накакво почитување на храмот, да не речам храмопоклонение.
 
па и има некоја логика. Земјата "раѓа", симбол за плодност, во стомакот е плодот...Небото и духовното исто може да се толкува како соодветна сиболика. Мене ова равенство ми звучи логично.

Кон болтуваното-токму така..

Земјата е материјална, човекот е од земја створен, Христос Е овоплотен/„материјализиран„ Бог-Бог во човечко тело и тн. Врската и повеќеслојноста се очигледни, не?

Затоа, кога со трите склоплени прсти се допираме до стомакот (од каде и Е роден Христос...) го изговараме изразот „...и Синот....„.
 
Зошто некои верници се крстат додека автобусот чека на семафори на Партизанска?
Ги има во се` поголем број.
можи ко ќе видат во каква состојба се автобусите....
 
Никако да ти се намали задоволството од една грешка на Мики, напишана пред 4-5 месеци? И до ден денес сеуште се ќезиш? Еми ако чорбаџи, твое право. Само терај така и понатака. Изгледа Евангелијата ги читаш само за да пробуваш да ги браниш твоите протестантски теологии, а не и за да го практикуваш таму напишаното.
.

Genesis,

тоа е проверена протестантска финта-се фаѓаат за еден збор или за едене стих и на тој збор или стих, „длабат„ тешка и некознистента теологија. Така е во случајот со мојата грешка, за која веќе реков дека е моја и дека ја прифаќам, но се чини дека за самонаречените „христијани„ не е доволно нечие признание на грешката па истите тие самонаречени, продолжуваат да се „фаќаат„ за грешката, кака за непризнаена категорија и да ја користат грешката за (пре)повторување на нападите кон Црквата. Да беа навистина христијани, ќе ја прифатеа мојата грешка и тоа ќе беше све...А може и ќе ми ја простеа, кој знае....:confused:

Нит е тоа прв, нит последен пат, туку тоа е нивна проверена тактика.
--- надополнето: Aug 31, 2011 8:07 AM ---
Zosto u crkva site vlagaat so desna noga?

Не е правило.
--- надополнето: Aug 31, 2011 8:08 AM ---
Zosto od crkva izleguvaat nanazad krstejki se?

За да не му вртиме грб на иконостасот, зад кој се наоѓа олтарот и честичка/честички од Светата причест.
--- надополнето: Aug 31, 2011 8:12 AM ---
Зошто некои верници се крстат додека автобусот чека на семафори на Партизанска?
Ги има во се` поголем број.

Веројатноо мислиш на осенување со крсниот знак додека автобусот стои на семафорот кај Соборниот храм, така?

На секое минување покрај храмот, пожелно е осенување со крсниот знак, оти по правило, во секоја црква (храм) треба да остане барем една честичка од причеста, т.е. телото и крвта Христови, како дел од Светата Тајна причест. Осенувањето со крсниот знак во тој случај е знак за исповедање на Христа за свој Бог и Спасител, Кој Е таинствено пристутен во храмот.
--- надополнето: Aug 31, 2011 8:20 AM ---
Еве честитки од мене. Ова ни DBack неможе да го напише. И него го надмина. Чорбаџи, чорбаџи..... очнуваш да ги надминуваш и атеистите.

Напрај една континуирана споредба помеѓу ставовите од протестантите и од атеистите на форумив, и самиот ќе можеш да си направиш споредбена табела и да заклучиш дека нивните ставови немаат битна разлика...:icon_lol:

Бесконечното чукање во гради, во стилот „...јас сум христијанин, само затоа што не мислам како другите...„, станува само смешна флоскула.
 
За да не му вртиме грб на иконостасот, зад кој се наоѓа олтарот и честичка/честички од Светата причест.
.

Што му фали на грбот? и тој е дело на Бог. Ваљда Бог не се гнаси од своето дело (грбот).... или грбот накнадно нечастивиот му го накалеми на човекот?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom