Ја оправдувате ли пиратеријата?

Ја оправдувате пиратеријата?

  • Да

    Гласови: 238 70,4%
  • Не

    Гласови: 24 7,1%
  • Не, но користам пиратски производи

    Гласови: 76 22,5%

  • Вкупно гласачи
    338

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.922
Поени од реакции
831
Ја оправдувам пиратериата бидејќи е поекономична...нема македонскиот нараод стандард за да може да си дозволи оргинални игри програми итн.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Пиратеријата не ја оправдувам бидејќи кога ќе дојде време некој од нас да произведе и да започне да работи со делови кои можат да се кракуваат и слично нормално лошо ќе изреагираме. Исто така сметам дека стандардот во нашата земја си го прави своето но сепак мораме да менуваме некои работи.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.696
Поени од реакции
4.871
Да живее ПИРАТЕРИЈАТА ...најдоброто нешто што се случило во виртуелниот свет .. посебно за нас македонците ..да не е пиратеријата ..катастрофа би биле ..нема човек што не користи пиратерија ..сите се по тоа ..и оние шо викаат дека се против ја користат ..случајно да не купуваат програми по 20-30$....додека има пиратерија се е ок,

Long live PIRACY & WAREZ :salut:
 
П

Паган-др

Гостин
Не ја оправдувам, но сепак нашиот стандард е низок за да си дозволиме некои програми (ко што кажаа погоре).
Сите сакале - нејќеле користиме пиратерија.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Пиратеријата не ја оправдувам бидејќи кога ќе дојде време некој од нас да произведе и да започне да работи со делови кои можат да се кракуваат и слично нормално лошо ќе изреагираме. Исто така сметам дека стандардот во нашата земја си го прави своето но сепак мораме да менуваме некои работи.
Во врска со пиратеријата ништо нема да смениме во државава барем во наредните 7 па и повеќе години, ја имало ќе ја има и тоа многу повеќе од што е сега. Кога мене платата ќе ми биде со 3 нули на крајот е тогаш ќе си дозволам да купам игра, некое програмче и сл.
И гледате во Шведска мислам што беше партијата која ја подржува пиратеријата колку повеќе гласачи имаше за разлика од предходната година .. младината иде на ред кога треба да гласа нека ја мислат владиве што прават :)
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Пиратеријата е како бизнис во сенка (да се изразам со политички жаргон) и многу придонесува за развојот на општеството, особено во нашето бидејќи ако не беше пиратеријата јас можам слободно да се кладам дека ИТ технологијата немаше сеуште да биде на почетно ниво, а камо ли на ниво кое што е сега. Кога ќе можевме да си дозволиме покрај компјутерот за кој плаќаме по околу 500 евра во просек да платиме исто толку и за лиценциран софтвер за да можеме легално да користиме компјутер? Кога ќе можевме слободно да си дозволиме да си купиме ДВД со некој филм кој го гледа целиот свет, ако пиратеријата не ни го дозволеше тоа. Факт е дека пиратеријата не е легален бизнис, но во целата своја негативност направи позитивно образование на новите генерации со ИТ технологија и софтвер, па така ние сега слободно можеме да се носиме со времето и технологијата што моментално е најупотребувана во светот. И на крај, сакам да се контролира пиратеријата, ама со прифатливи цени на оригиналите. А и на крај на краиштата мислам дека пиратеријата беше намерно стимулирана од компаниите што продаваат оригинали со цел еднаш да невлеземе во проблемот (или еднаш да ни ја „турат чивијата“ и да не привлечат) за потоа ние кога ќе навлеземе длабоко во сето ова да бидеме приморани ако сакаме понатаму да напредуваме да мораме да си купуваме оригинали. Тоа постепено се случува со отварање на познатите брендови и компании на свои претставништва и дистрибутивни центри на своите производи во Македонија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
Точно, дури и Шведска. Цел свет врти пиратерија, дури и богатите земји. Нит е измислена кај нас, нит најмногу ја има кај нас.
Да не беше тоа...којзнае дали воопшто ќе имавме повеќето компјутери :) и дали ќе постоеја толку фирми за пц хардвер.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ќе го спомнам Трендо за нешто што поодамна го кажа во однос на пиратеријата, и мислам дека со тоа се кажа: Ако немаше пиратерија, ден денес на грамофони ќе ја слушавме Васка Илиева.
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Со задоволство би купувала оригинали во случај да се со нормални цени, сразмерно си платите и целокупниот стандард на државата. Најмногу за игри се нервирам пошо на пиратските обавезно нешто им фали, а оригиналите се премногу скапи кај нас и некако човек се чувствува ко да се наоѓа во ќорсокак.
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Не ја оправдувам...
Знаеш кој срам и понижување беше за Тоше а и за цела Македонија кога тој потпишување автограми на својот нов албум Игри без Граници и кога беше промоцијата тие “пиратите“ се тепаа за цд за утредента на битпазар и плоштадот да биде полн со пиратски цдња, а и така беше видов неколку исти фацки како продавааат такви цдња, за 50-100 денари... затоа не ја оправдувам,... а инаку си користам некогаш некое ново филмче, ама и тоа не е добро .. се надевам дека у иднина ќе се поправеме :smir:
 
Член од
3 ноември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
90
Ја оправдувам. Еве и зошто...Да не би имало пиратерија, повеќето од нас немаше да дизајнираат, програмираат. Замислете колку чини еден Фотошоп да се купи оригинал. Истото е и со игрите. За една обична игра да се даваат стотици евра. Хеј, па ние не земаме по 10000 евра плата. Јас во мојов компјутер, 90 % од програмите, игрите и мултимедијата што ја имам е пиратска. И не е каам поради тоа, напротив горд сум што немам платено ниту денар за нив. Има многу поважни работи на кои би ги трошел парите.
 
B

Blacks

Гостин
Да биде просечната плата во Македонија околку 800 евра би дал за некоја игра 50 евра но додека луѓето земаат по 8000 денари плата мислам дека нема логика да ја дадат пола плата кога можат да си ја симнат од некој торент тракер.
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
најмногу ја подржувам гејмерската пиратерија само за да им дојде памет на компаниите што ги прават игрите...


еве ќе земам пример доколку една игра чини 30евра, да се купи на пиратски начин би била некаде 5 евра... е сега од сите тие што ќе ја земат играта само 20% некаде ќе ја земат оргинал додека другите преку пиратерија, т.е. заработката од пиратеријата и оргиналот ќе се израмнат, а главната поента ми е... компаниите да ги продаваат игрите за 5 евра, па така ќе нема да има пиратерија(ќе нема да се исплаќа), а компаниите во најмала рака ќе ја имаат истата заработка од претходно, а ако не и повеќе
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
тоа е резултат од масовната култура која е наменета за широка публика, и таа со себе го носи ризикот од владеење на тоталитарни режими, каде масата се задоволува со ефтин кич(лоши копии од оригинали)
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
ou yeah.Bez piraterija niso od biznisot skoro nikoj od nas ne bi igral novi igri ili pak programi...itn itn
sekogas ke ja opravduam piraterijata.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom