Thor како ме разочара, тоа е чудо едно... Не знам од каде да почнам. Приказната како таква, со еден збор никаква. Глумата беше океј, со оглед на сценаријото кое го купиле за 1 долар. Донеси ги и најдобрите глумци со сценаријо како ова, ништо магично нема да ти доловат.
Ако некој е the ultimate badass во Marvel универзумот, тоа е Thor, и тоа многу повеќе од Волверин или Ајронмен, јас на филмот видов емотивец, емотивец кој за 2 дена се заљуби у тоа глупо формирана личност/карактер на Џејн Фостер. Колку проста и глупа, воопшто не беше прикажана како што треба, НАтали не е крива, крив е режисерот и сценаристите. Да се вратам на Thor, актерот физички и да сакаа не можеа подобар да избрат за улогата. На почеток беше онака вистински Thor, кога им викаше "how dare you threaten...." на секој кој ке стигнеше, или кога се караа со татко му, е тоа е вистинскиот Тhor, се заљубува - да, ама не во 2 ебани дена бе...
После тоа, костумчината, леле еј, кој фејл. Во Азгард све изгледаше супер во целиот тој куп на CGI, ама кога другариве му дојдоа на помош ’’тука’’, колку само бедно изгледаше тоа, ми идеше да престанам да гледам. Силување на очи/сон.
Најмногу од се ми пречеше е тоа што целава случка се случува во еден град помал и од дворот на Тони Старк во филмот Ајрон Мен и како капак на сево ова, непријателите му беа катастрофа, не дека некој и воопшто може да му парира на Thor (he is a god...) ама... не знам. Ни Thor доловен како што треба, ни ништо. Можеби намерно вака е напраено, затоа што во The Avengers планираат Captain America да им е лидер со Hulk како најсилен од сите (апсурд, ама ајде)...
Разочаран многу. 4 или 5 out of 10.