Звучен сигнал ќе предупредува при бирање друга мрежа

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Ако деновиве додека вртевте на вашиот мобилен телефон, слушнавте чуден бип сигнал еве што било причината:

Со звучен сигнал домашните корисници на мобилни телефони ќе бидат предупредени ако повикуваат број, префрлен на некоја од другите мрежи во земјава. Корисниците ќе бидат известени ако бираат телефонски број во кој е задржан префиксот на еден оператор, иако тој, со можноста за преносливост на броеви, веќе се води како корисник на друг оператор.

Од Агеницјата за електронски комуникации соопштија дека предупредувачкиот сигнал сега е пуштен само пробно кај дел од операторите на мобилните мрежи во земјава. Целосно тоа ќе биде ставено во функција до крајот на септември.

„Секој може да се увери во функционалноста на мерката, доколку бира број кој портирал во друга мрежа, а притоа го задржал стариот префикс. Во блиска иднина ќе ги активираме и останатите мерки како што се мерење на квалитетот на услугите, грижа за правата на корисниците, универзална услуга и слично“, стои во соопштението од Роберт Орданоски, директор на Агенцијата.
Звучниот сигнал има за цел да го информира претплатникот дека бираниот број е пренесен и дека со тоа можеби остварува и поскап разговор.

Извор
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.515
Фала богу, незнам зошто вака не беше од самиот почеток...
 
T

Tetro

Гостин
(y)
Еден голем плус, ако не е само за тест па после да се врати по старо.
Потрошувачот е секогаш во право. Или не?
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
ААааа суперсито :)
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Фала богу, незнам зошто вака не беше од самиот почеток...
....знаеш..знаеш...
како ќе остваруваа несразмерни профити минативе години, ако те информираа?
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.311
Поени од реакции
3.697
Ок ќе титни... но да се разбереме, немаат сите по еден или повеќе телефони од секоја мрежа па да го вадат соодветниот кога вртат на број кој е префрлен... народот иако известен пак ќе се јави и ќе даде некој динар плус... е*аниот пак ќе е е*ан :(
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
А, уште почудно е што...прво го воведува (да се чудиш што е работата), па после пуштаат соопштение до јавноста :)

Јас неколку дена се чудев што е работата, мислев дека некој ме прислушкува :))
 
G

galaxy

Гостин
Ова го прашувам тука оти е поврзано со АЕК и оти темава е активна.

Со која цел е таа новата долга реклама за АЕК? Завршува со реченицата 'некој треба да ги контролира електронските комуникации'.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Ова го прашувам тука оти е поврзано со АЕК и оти темава е активна.

Со која цел е таа новата долга реклама за АЕК? Завршува со реченицата 'некој треба да ги контролира електронските комуникации'.
Toa ќе ги прашаш во АЕК :)
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.886
Поени од реакции
4.360
kolku sto procitav ..ova za mobilnata telefonija ..ke bide i trebase od samiot pocetok na ovaa usluga da bide * a za fiksnata ke ima/nema ?
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
А таков звук дава и кај мене од фиксен(CableTEL),кога вртам исто на фиксен на истиот оператор. Е а сеа де!?
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
А се чудев што ми свирка цело време хахаха.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom