Објективи

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
А овие што се AF-S 55mm се стандардните објективи? Зш сакам да купам Nikon D3000 KIT со објектив 55мм. А штом има ова ознака AF-S неможам мануелно да фокусирам така? Она самото си го мести фокусот?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Oбјективите имаат дугме - прекидач за исклучување на аутофокус така да можеш мануелно да фокусираш со нив
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Да да океј е тоа сакав да си едитирам мислењето али прекасно веќе добив одговор јасно ми е :)
И чек сеа (да видам дали сватив), значи за да фокусирам мануелно, прво требам да ја фокусирам леќата со AF на некоја точка. Потоа, држејќи го до пола копчето за штракање префрлувам во MF и потоа само го вртам прстенот што е на леќата така? И така можам да добијам резултат - позадина чиста, преднина - зашмрљана :D (просто речено)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Ne e taka ako sakas vekje da slikas zemi procitaj literatura DOF se dobiva so pomos na blendata
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Да да океј е тоа сакав да си едитирам мислењето али прекасно веќе добив одговор јасно ми е :)
И чек сеа (да видам дали сватив), значи за да фокусирам мануелно, прво требам да ја фокусирам леќата со AF на некоја точка. Потоа, држејќи го до пола копчето за штракање префрлувам во MF и потоа само го вртам прстенот што е на леќата така? И така можам да добијам резултат - позадина чиста, преднина - зашмрљана :D (просто речено)
Не. ако сакаш да фокусираш мануелно си префрлаш дугме на мануелно и си фокусираш со прстенот. Нема малце ауто малце мануел. Тоа што го опишуваш зависи од самиот објектив од далечина од која сликаш и од отворот на блендата (ако сликаш статичен неподвижен објект) Секој објектив има неколку ознаки и бројчиња меѓу кои е и брогот f кој означува отвор на бленда. Значи колку широко ќе се отвори блендата кога сликаш. Помалата бројка значи поголем отвор, поголем број значи помал отвор. Што поголем отвор и ќе имаш “позашмрљана“ позадина или “позашмрљана“ преднина.
Практички вака изгледа. Земај апарат и подеси на AV (приоритет на бленда) намести отвор на бленда AV на најмала можна бројка, намести да фокусира со централна точка а не со сите точки (се мести лесно) со централната точка нанишани на предмет или реон кој сакаш да ти е фокусиран, и чкрапни.
Е сега ако сакаш да е фокусирана позадината а “позамршљана“ преднината кога сликаш подвижен објект (кола мотор, жлуѓе во движење) тогаш одиш на брзина на окинување, местиш на TV мод, бројката на TV 10 или 60 или 125 или 250... во зависност дали сликаш луѓе што врват со 4км /час или мотор кој врви со 150 км на час и од која далечина и колку “зашмрљана“ сакаш да биде сликата и штракаш....
Значи мануелно нема потреба многу да се занимаваш а не е лошо да прочиташ некоја лесна литература за фотографија која ќе ти појасни основните поими и терминологија на фотографијата.... Побарај на гуглето нешто од djulijano belic има 2-3 книги слободни за довнлоад СВЕТЛО, ФОТОГРАФСКА КОМПОЗИЦИЈА, ФОТО АПАРАТ И БЛИЦ каде можеш да почнеш со разбирање на основните фото техники
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
^Благодарам за ова што се помачи и ми кажа. Ја нешто гледав на јутуб туториали и јасно ми беше дека што помал F-stop што поголем DoF добивам. Братучетка ми има Canon EOS 400d со највеќе f/3.5 и бајаги добри работи се добиваат користејќи го тоа отварање на блендата. И тоа го знам како иде да се фокусира во неколку дадени focus points.

Би читал литература онака ама на хартија коа ќе е. Вака, иако имам LCD екран, неможам да седам на PC и да читам - ме замараат очите и се укочувам целиот. Има негде книга да се купи на Македонски (а може и на српски нормално :D) во врска со тоа шо ми го рече за фото техниките?

Исто така, ќе моеш да ми препорачаш некој евтин и почетнички DSLR? Нема врска никон, канон, сони....Дали вреди да купам некој поволен колку за да одпочнам и кој те молам прецизирај модел да не трагам наоколу :) Многуммина ми го препорачуваа Nikon D3000 и Canon EOS 1000d (двава модели некако ми се слични во аспект на цените :D).
Јас незнам баш толку многу за DSLR апаративе. Ова што го знам е тоа шо сум видел, чепнал нешо (ма да глеам повеќето шо ги знам си го местат на скроз ауто), али не шо сум читал.
Благодарам again :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Јас имам еден објектив со максимум ф1,8 и одличен е за портрети каде лицето е оштро и јасно а позадината замаглена, али не е се ни до ф-от туку и до жижно растојание и други технички карактеристики... имав сликано со макро 50мм објектив на 2,8 е тоа да видиш шо е ДОФ. само тие неколку сантими се во фокус се после тоа тоне во магла.... но тоа е веќе макро објектив и ДОФ и сликањето со него се други математики

книгите спушти ги и испечати ги, тие се ПДФ и не се многу големи земи разгледај на екран па реши шо ќе печатиш мене цела литература (купови книги за фотографија, светло, портрети, пејсажи..... ми е во ПДФ и најчесто на амерички јазик и знам како е читање од екран али немаш баш многу избор пошто таква литература, печатена во МК и нема да најдеш, а страста кон фотографијата е голема

Е сега околу апарати...... јас лично (кога би бил во твоја ситуација) би зел нешто подобро од никон 3000 или канон 1000 макар и половно. Од друга страна купување половна опрема е секогаш ризик али ако знаеш работи можеш да земеш добар апарат за цена на подпросечен нов. Јас сум присталица на Канон, мислам дека се подобри за уметничка и слободна фотографија од никон, то е мое мислење. Јас би ти препорачал Канон 450Д кит објективот 18-55 ИС одличен апарат, одлична слика и резолуција и оштар објектив. Ако можеш и Канон 20Д и канон 30Д се добри избори (половни). канон 1000 иако е понов модел ја нема моќта и квалитатите на гореспоменатите. За Никони немам многу искуство имам сликано со неколку модели али не беа моји и немам големо искуство со нив. Најповеќе внимание обрни на објективи, телото ќе го замениш (подадеш некогаш) но одличен објектив е одличен и по 10 години. Како совет последно на апаратот гледај мегапиксели. То е најмалку битно за квалитетна фотографија. Ако нешто уште не ти е јасно слободно прашај овде задоволство ми е да му помогнам на секој ентузијаст.
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
^ Фала за одговорот :) Ќе си ја симнам таа книга и ќе си читам од неа. Да ти кажам право супер е овој 450d. За ~20.000ден имам LiveView екран, стандардни 18-55мм леќи, 14 точки на фокусирање. Топ е стварно, немам замерки.

За леќите мислам дека ги имам видено и користено. Братучетка ми има canon eos 400d со тие леќи и супер е. Доволно е за моите потреби (пошто штракав слики на авто режим и ми се допаднаа). Само кај има да се купи? У пиксплус нема го :D
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
450d има одлицен сензор бои и резолуција. Кит објективот му е многу остар и доста брз за кит објектив. Тој би ти бил доволен да ти покрие секојдневни потреби за сликање. Батеријата му е добра, екртанот голем, е сега на канон 400 не одеа објективи како на 450. Тие беа постар модел 18-55 не само без стабилизација туку и оптички доста послаби од овој на 450.

Прашај во Пиксел дали можат да го порачаат тој модел, или во Генел (преставници на канон за МК) http://www.genel.com.mk/products/group.asp?gr=4&tp=7

И премини од АВТО на друг режим... експериметирај и пробај разни подесувања на иста сцена со AV i TV режими.
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Гледав за објективот шо доаѓа у кит со 450-d. Глеам има прстен за мануелно фокусирање. Али не сум го приметил зш ептен бил стаен таму напред кај леќите. Топ, ја мислев како може да има MF коа нема такво прстенче за фокусирање мануелно. Инаку, дефинитивно одбрав тој апарат да го земам(450d) и ќе се извинам на модераторите за оф-топиците :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Хепа со здравје да го служиш, убавини да фоткаш, и нормално убавини да излегуваат од 450ката. Верувам дека после ќе поставував поиздржани прашања :)
 

Тетреб

Археолог
Член од
30 март 2011
Мислења
24
Поени од реакции
13
Дали некој сретнал вакви објективи Quantaray? Гледам претерано ефтини се...
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
50
Поени од реакции
22
Хелп!Некој мајстор за м42 објективи ? Заебани се прстените за фокус и бленда .. :/
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Хелп!Некој мајстор за м42 објективи ? Заебани се прстените за фокус и бленда .. :/
Malku kasnam so odgovor, ali kako vikaat bolje pokasno otkolku nikogash :D inaku majstor za fotoaparati SLR / DSLR i oprema za istite ima vo Skopje, imeto mu e Vladimir Veljanovski, ako ima nekoj potreba neka pishe privatna poraka ke dadam kontakt telefon :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom